Инциденти на изборите

  • Креатор на темата Креатор на темата Тикви4ка
  • Време на започнување Време на започнување

Тикви4ка

Нарцис со сина крв
Член од
1 март 2007
Мислења
3.134
Поени од реакции
273
Денес баш Арачиново ко по дифолт не беше најмирно

01.06.2008 16:43
Заврши блокадата на селото Арачиново, каде што утрово се водеше вистинска војна. Спротивставени информации за тоа што точно се случи утрово во Арачиново.
Роднините, соселаните и сопартијците на лицата кои настрадаа во денешните инциденти го напуштија влезот на селото, по што ситуацијата во Арачиново барем до некаде е нормализирана.
Врз одлуката да се деблокира селото влијаеле високи претставници и пратеници на албанските политички партии кои денеска дојдоа во селото, но и меѓународни претставници кои разговараа со претставници на Советот на општината.
Според Министерството за внатрешни работи, инцидентите во Арачиново започнале откако шест вооружени лица со автоматски пушки го попречувале гласањето во селото Грушино.
Мобилен тим на „Алфите“, кој се упатил кон Грушино, бил пресретнат на излез од Арачиново, при што откако четири возила им го попречиле патот, отвориле оган кон полицијата.
„Додека полицијата вршеше претрага на теренот во близина каде што се случи инцидентот, кон полицајците повторно е пукано од тешко вооружување, од митралези и од автоматски пушки“, изјави Иво Котевски, портпарол на МВР.
„Во полициската акција којашто уследи потоа беа приведени девет лица, дел од нив поради сомнение дека учествувале во нападот на полициските патроли“, додаде Котевски.
За дел од жителите на Арачиново вистината е сосема поинаква. Според нив, инцидентите започнале откако без причина претставници на една политичка партија биле избркани од гласачкото место во селото Грушино и нападнати од лица со полициски ознаки.
„Тројца ранети има, затвориле луѓе, малтретирале, кутиите ги земале, ги однесле во Скопје. Над селото се 100 специјалци горе, 100 коли, во Сингелиќ чекаат специјалци да го чистат со сила теренот, да ни ги земат гласовите со сила“, рече жител на Арачиново.
Жртва на инцидентите во Арачиново е 40-годишниот жител на ова село Насер Ајвази.
Најжестоката пукотница се случила пред куќа што се наоѓа на излезот од селото Арачиново кон Грушино во која, според МВР, се скриле дел од напаѓачите на полициската патрола.
„Како им доаѓа, така прават. Јас не знам што е оваа работа. Ќерамидите се кршени тука. Полиција „Алфа“, не знам кои се, полиција, власт пука“, изјави жител на Арачиново.
„Некој тука се скрил, некој таму, сум направил засолниште од власта, ова не е куќа. Јас не знам што е ова и готово, за мене не е легитимна оваа власт, ништо друго. Овие зборови ќе ги кажам и во Основен суд и готово“, вели жител на Арачиново.
Арачиново денеска не потсети на 2001-та.

ИЗВОР
 
A шо демек топла вода нешто е измислено со ова? Само чудно за прв пат кажуваат вакви работи на телевизија. Смешни ми се кога ќе речат дека во Арачиново имало проблеми пукотници загинати. Имаше многу полициски возила ама пукање многу малце....чудни ми се
 
Кај им текнало свадба да праат баш денес? А да недела е.
 
Земчовците во право светло се покажаа денес со цел народен фoлклор и обичаи,сеа не каља секој жив медиум не прикажуваат како Ирак или Бангладеш да сме куров :):):)
 
не, нашите ги нападнале во арачиново. тие кутрите си седеле со автоматите, си ги чистеле, средувале, а нашиве наеднаш почнале да пукаат. стока брееее...
 
ама се тоа одеднаш... тие мирни .. бубачиња
 
ДУИ бара прегласување во 6ката, ДПА ги обвинува ДУИ за инцидентите

Дуи не ги признава изборните резултати и бара прегласување во: Тетово, Боговиње, Желино, Брвеница, Јегуновце, Теарце, Сарај. Овва денес го изјави Изет Меџити на пресот во изборниот штаб.
Тој истакна дека во текот на изборниот процес бандите на ДПА предводени од паралелните структури на полицијата вршеле терор, се заканувале на изборните комисии, на набљудувачите на ДИУ и ги полнеле кутиите
во текот на денот како последица на насилството убиен е активист на ДУИ, Насер Ајвази а е повреден и петседателот на нивниот огранок во Чаир- Беќир Асани. Меџити обвинил и дека во насилството учествувале и алфите





Јасно е дека активисти на ДУИ со охнено оружје пукале кон полицијата и ова е најголемиот инцидент. Мислам дека и ако има некој инцидент Владата и МВР ги убедија граѓаните дека имаат капацитет да го зачуваат мирот- Изјава на Тачи
 
Дај ваквите вести во една тема да се стават, бидејќи сите срања денес се поврзани со албанците.
 
па да ги нема нив ќе имавме нормални избори и сеа ќе чекавме резултати и немаше да се нервираме кој што ќе рече заш овие праеле свадби..
ние не сме толку способни да напрајме вакви срања

инаку добра идеја..
ваљда некој од админите ќе ги спои
 
па да ги нема нив ќе имавме нормални избори и сеа ќе чекавме резултати и немаше да се нервираме кој што ќе рече заш овие праеле свадби..
ние не сме толку способни да напрајме вакви срања

инаку добра идеја..
ваљда некој од админите ќе ги спои
Ах, тие се криви за се`...
 
нека се отвори тема "Албанците и нивните инциденти" и свршена работа. :pos:

него, онтопик- пошто за инцидентиве најчесто си префрлаат едни на други, да им се бапне дисквалификација најубаво. сами си ги прават и не им одговара. ако им стават по 30-40 специјалци пред изборни места, ќе биде "тие не заплашуваат" и "спречени бевме од полицијата". абе крај им нема. за секоја ситуација имаат изговор =)) смешни се...
 
Сите теми за инцидентите се споени. Немора за секоја новост нова тема да се отвара.
 
Ах, тие се криви за се`...
Иако си од таа националност денес имаш безброј докази кои го потврдуваат тоа. Вие албанците, најголемите поборници за Нато и ЕУ, баш вие (дел од вас) го оспоруваат тоа. Баш вие сте причината што сите Македонци ги ословуваат како граѓани од Дивиот Запад од страна на самиот запад.
 
Back
На врв Bottom