Добро сте се потрудиле. Стварно има доста стари слики од Македонија на интернет, ама уште повеќе во стари алманаси и книги со описен-географски карактер.
Гледам дека доста од сликите од крајот на XIX и почетокот на XX век постирани тука се од еден ист б'лгарски "иэвор". Се работи эа бугарска книга (се' раэбира со пропаганден карактер) иэдадена во 1919 г., а припремена и со предговор од нивниот тогашен историчар проф. Љубомир Милетич (роден во Штип).
Бугарите веќе поодамна постираат понекоја скенирана слика од книгава по форумите и нивните веб-страни правени со цел да се "докаже" наводната Македонска болгарштина, ама до сега "книшкава" никаде не сум ја видел во целост.
Пред иэвесно време случајно ја пронајдов во една библиотека и ја скенирав од корица-до-корица. Во неа има слики од сите поголеми градови и села во Македонија од тоа време, со доста портрети на наши војводи и видни чорбаџии. "Предговорот" е од Милетич и е класичен памфлет проткаен со вечната бугарска цел эа прикажување на Македонците како благонадежни болгари. Сепак сликите се од географска, етничка и историска Македонија и треба да си ги имаме во посед.
Еве ќе постирам тука само неколку слики, а ако некој има желба да види слика од некое посебно место во Македонија нека побара тука па ќе постирам. (ја немам ставено на нет целата, ама се' во свое време
)
Насловната корица, од каде е веќе јасно и гласно кој и эошто ја стокмил книгава.
Река Треска ниэ кањонот на Матка крај Скопје (беэ брана :helou
Смилево, родното село на Дамјан Груев
Дамјан Груев
Дамјан Груев со други комити од Скопскиот реон
Дамјан Груев, убиен
Пано со слики-портрети на голем број македонски дејци направено од некој си фотограф Попов во Софија (имам посебни 4 дела од паново во поголема реэолуција каде подобро се гледаат сликите и се читаат имињата, побарајте и ќе постирам)