Што е со вашите спомени од минатото ... се сеќавате на нив и колку често?
Дали свесно и самите се терате на тоа или несакајќи постојано ве пратат?
Ах тие спомени...
Имам значи меморија на слон и памтам се', ама баш се', до најмали детали. Памтам работи и за другарки, кои и тие ги имаат заборавено и самите тие се чудат.
Него, постојано, секојдневно се враќам со мислите во минатото и си ги враќам спомените и ситуациите, луѓето кои биле во тие ситуации и се е како чиста слика пред мене. Значи работи од пред 7 години, ситуации ги памтам кристално јасно и постојано се навраќам на нив.
Некогаш свесно, некогаш самото од себе. Некогаш намерно сакам да си го пуштам мозоот да оди натаму, да си направи флешбекови, но некогаш онака седејќи одеднаш ми светнува некоја ситуација.
Има доста работи, доста ситуации кои не сум ги надминала и кои едноставно сум решила да ги поттиснам и кога тогаш излегуваат на површина и во тие ситуации целиот тој период ми е хаос.
Што најчесто знае да ви се врати ... радосните или тажните спомени?
Зависи. Некогаш си лежам пред да заспијам и мислам како ми беа да речеме безгрижни летата ко помала, па ми текнува што и како се случило, па се смеам, но се случува ете и лошите, грдите спомени, повеќе би рекла старите рани да се вратат и тогаш е лошо.
Не знам кои спомени ги враќам повеќе. Обично кога сакам ги мислам убавите, а кога најмалку сакам неубавите спомени. Обично има некој баланс.
Како тие влијаат на вас? Во моментот кога ви се вртат во глава, дали се чувствувате како што сте се чувствувале некогаш или обратно?
Пример, се сеќавате на некоја голема тага или несреќа од минатото ... ве прави ли тоа среќни бидејќи поминало и е зад вас или повторно ве фрла во длабока тага која со ист или послаб интензитет ја преживувате?
Или ако се сетите на некоја голема среќа и успех ... повторно ја доживувате истата возбуда и радост или сте тажни затоа што тој момент е далеку зад вас и неможете пак да го преживеете?
Хм, кога се навраќам во делот на убавите спомени, имам блага насмевка и некој вид носталгија по тие убави времиња и се смеам на сопствениот памет, на детското размислување и сакам одново да го преживеам тоа чувство, но не, не е истото чувство дефинитивно. И жал ми е што толку брзо минале тие моменти. Барем за убавите работи кои се случиле.
А што се однесува до лошите... Е тука имам страшен проблем. Бидејќи како тип, тие работи ги закопувам длабоко, ама најдлабоко во себе и ретко кој за нив воопшто знае, бидејќи тие работи сакам да ги поттиснам, секогаш кога избиваат на површина тоа страшно боли. Дури мислам дека и пострашно ми е и полошо ми е од моментот кога се случило тоа нешто. Се осеќам како да се распаѓам, да не сум способна за ништо. Иако за лошите работи кои се случуваат во одреден момент сум (изгледам) многу јака и одам понатаму, сепак тоа е нешто како да се исечеш од стакло. Ќе тече крв, ќе те боли, ќе си речеш - ќе заздрави. Да, ќе заздрави, ама ќе остане рана. И кога ќе ја видиш раната, ти текнува на болката.
Не ме прави среќна што е зад мене. Всушност, на некој чуден начин некогаш знам да си речам добро е што тогаш ми се случи, сега сум посилна, барем знам лекција повеќе од животот која кад тад ќе морам да ја научам, но сепак кога ќе ми текне едноставно емоциите избиваат, сакам да сум сама дома и плачам, затоа што не можам да ги задржам солзите. Да, ќе рече некој дека тоа се само спомени, но сепак мене ме болат дури и повеќе од што претходно ме болеле.
А грдите спомени, сепак ретко дозволувам да избијат на површина и да мислам на нив. Но, си го наоѓаат својот пат. Во ФЕВРУАРИ. Ете зашто го мразам февруари и февруари ме мрази мене.