Ag0rA
NEBO666
- Член од
- 29 февруари 2008
- Мислења
- 1.667
- Поени од реакции
- 60
Денес имавме часови по практична настава.
Како и секој ден кога температурите на воздухот се повисоки од нормалните, така и денес, за на училиште облеков кратки пантолони.
Стигнувам школо, влегувам во училница...
После некое време, професорот почна да ни кажува дека тој пред еден ден рекол да не доаѓаме на практична настава (инаку таа се одржува во кабинетот по информатика, така да не е потребно носење на посебна опрема за заштита и слично... ) по кратки пантолони и.т.н....
Јас малку реагирав збунето, но после кратко време му кажав дека немам исти мислења како него, мислам дека нема причини да биде забрането носењето кратки пантолони, и плус температурите во училиштето се повисоки од нормалните, така да и во случај да постои ( ама не верувам дека постои ) некаков закон кој го забранува носењето куси пантолони, ние сме приморани да носиме кратки пантолони, во спротивно „ќе зовриеме“...
Професорот сфати дека нема вистинити факти и причини со кои може да ја оправда својата одлука за забрана на носењето на тој вид пантолони, па ми се развика. Потоа, поради галамата во училница, и тоа што професорот ми се развика, јас, со цел моите мислења да бидат слушнати, малку ја зголемив амплитудата на мојот глас.
Потоа, професорот викајќи ми рече да излезам надвор.
Јас тоа и го сторив, затоа што немав друг избор...
И сега ме интересира дали и вас ви се случило такво нешто, дали можете на училиште да ги носите овој вид на пантолони, а најмногу од се` ме интересира што треба да правам сега, и што да правам...