еве ви еден цитат за кој не успеав да добијам одговор на подфорумот „до кога вака?“ за надевам некој тука ке го изкоментира и ке ми докаже некако дека не сум во право за ова: Доколку сите веруваме во науката, и наместо оние ситни пари што ги оставаме на иконите во црквата (за црквата да си купи хотел во Охрид) ги даваме за развој на науката, еве поконкретно на пример за развој на медицината... до сега ке се најдеа многу лекови за сегашниве неизлечиви болести... или барем локално болницата ке купеше најсовремена апаратура со тие пари, и нема да се чека ред за да те излечат, и нема да мораат луѓето што имаат помалку финансиски средства да умираат поради тоа што немале пари да се оперираат во некоја болница во Германија, или сл.[/QUOTE]
Многу те поддржувам за ова мислење, и да не бидам оф топик оти не ја фатив темава од почеток, само да кажам дека има тука и една друга работа. Ако луѓето живеат побожен а не безбожнички живот, ќе нема вакви неизлечиви болести, па со тоа ќе нема и потреба од горе кажаното. Најголем дел од денешниве неизлечиви болести се предизвикани од човековиот промискуитет, нимфоманија и неморал (СИДА на пр.), а другите од неодговорниот однос на човекот кон своето тело - цигари, алкохол, стрес, дрога, неправилна исхрана, па постои рак на се и сешто и куп други болести.