Сега стана и буквалист?!
Значи, не сфати, па да ти објаснам на што мислеше тој кога кажа: „напишан од човек“...
Ај со пример, може?
Вака: Има повеќе примери, но јас ќе го одберам овој: Имам читано за некој писател што напишал книга, одкако целото тело му се парализирало, освен што можел да трепка со едното око.
Трепкајќи си окото, напишал книга.
Како?
Нашол некој начин да комуницира со некој друг човек преку трепкање со окото, а овој пишувал...
Значи, во местото за име на авторот стои името на човекот на кој што трепкал, а не на тој што пишувал.
Значи, кога кажуваме „напишал“, не мислиме буквално, туку мислиме на авторот од кого што потекнуваат зборовите.
Заклучок: Ако кажеме дека зборовите во куранот потекнуваат од господ, тогаш мислиме на тоа дека куранот е напишан од страна на господ.
И сега постојат луѓе кои го негираат тоа, негираат дека зборовите во куранот потекнуваат од господ, а тоа можат да го кажат со реченицата: Ккуранот е напишан од човек ( не од господ ).“
И сега човекот што ќе негира дека куранот е напишан од човек, не од господ, т.е. ќе мисли дека е напишан од страна на господ, т.е. зборовите потекнуваат од господ..не е нормален?!