Дали би одбрале вечен живот?

  • Креатор на темата Креатор на темата THE_CHOSEN_ONE
  • Време на започнување Време на започнување

Dali bi odbrale vecen zivot?

  • Da

    Гласови: 169 43,3%
  • Ne

    Гласови: 221 56,7%

  • Вкупно гласачи
    390
Нема теорија. И да е можно, не би. Мене и земскиов живот за едно 3-4 децении од денес ќе ми биде многу :) Еден животен век е долго време. Доволно долго за да проживеам тоа што треба (и сакам?) да проживеам, доволно долго за да оставам поколенија, и најпосле, доволно долго за да ми скурчи еден ден :)
Мада еден ден нема и тоа да не одмине... Во некоја си иднина... Кога се ќе биде секако роботизирано, ќе би морало ептен голема контрола да се изврши, ако хипотетички секој може да е бесмртен... Планета без појава на морталитет ќе се пренасели за помалце од 24 часа :)
Забегав ја у футуристички глупости... Секако не би, во никој случај.
Аз казвам категорично не :icon_lol:
 
Не сум за вечен живот од проста причина шо е тожок животот, не знам како сум издржала 18 години живот, оти просто вријам и се само лоши и негативни работи преобладуваат во животот, и да мразам ко ќе слушнам дека некој умрел, па посебно кога станува збор за млади и секогаш се запрашувам со е животот и зошто е толку апсурден во секоја смисла!!!!!:toe:
 
Вечен живот вечно среќен вечно патење. Не благодарам. Кога би бил животно без чуства и без желба за пари и моќ тогаш да би сакал да бидам бесмртен.
 
Неќете вечен живот, а штом ве заболи глава одма зимате кафетин.
 
Нема шанси...ма каков вечен живот, смртта е освежување барем за мене пошто верувам во реинкарнација...
 
Боговите им завидувале на луѓето за тоа дека се смртни и затоа што можат да чувствуваат, имаат емоции. Смртта дава позитивна насока по која што ни се одвива животот. Сите сакаме што повеќе работи да направиме, да проживееме, да побрзаме со она што ни е запоставено зашто во наредната фаза од животот ќе биде касно. Тоа е она што прави животот да има смисла, да не станеме пасивни и да немаме никаков напредок во животот.

Што ако некој ти даде бесмртност кога сите оние што ги сакаш ќе заминат пред тебе, кога ќе немаш воља да правиш ништо, зашто ако си бесмртен се можеш и утре да направиш нели? Изгледа затоа бесмртниот Бог 2009 години нема ништо направено, пасивност ебате. :icon_lol:
 
Ако нема инкарнација што правиме тогаш?

Па и да нема реинкарнација не би одбрал вечен живот, како што беше споменато не сакам да гледам како околу мене умираат луѓе кои сум ги запознал,сум ги сакал и почитувал.
 
Па и да нема реинкарнација не би одбрал вечен живот, како што беше споменато не сакам да гледам како околу мене умираат луѓе кои сум ги запознал,сум ги сакал и почитувал.

Они и така ќе умрат нема да им помогнеш ако и ти умреш.
 
Они и така ќе умрат нема да им помогнеш ако и ти умреш.

Можеби ќе си помогнам самиот себе....освен ако не се навикнам на тоа да гледам како сите умираат а јас живеам, знаеш жив се човек на све навикне, може и да не биде така лошо....
 
Душата е вечна велат, а јас верувам во тоа. Ако би избрала бесмртност би се лишила од многу искуства од идните реинкарнации. Велат дека Бог не создал да живееме многу многу долго но ние избираме краток живот. Дали е тоа навистина така?
 
Душата е вечна велат, а јас верувам во тоа. Ако би избрала бесмртност би се лишила од многу искуства од идните реинкарнации. Велат дека Бог не создал да живееме многу многу долго но ние избираме краток живот. Дали е тоа навистина така?

Токму така...нови инкарнации носат нови искуства, дали одбираме краток живот не се знае...можеби само тие што се привилегирани(издигнати и кои се ослободиле од стегите на кармата)можат да бираат, но како и да е новите искуства се секогаш добредојдени...:smir:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom