Па од самиот факт кој ги покажува оние што тајно се договарале во резиденцијата на владиката можеш да согледаш кој за кого “ја вртел водата“:
Гошев-Југославија(Србија),ЉуБчо-Бугарија,Андов-Грција ама ни еден за Македонија.Впрочем токму затоа Гошев го донесе Киро од Белград и го промовира на Македонската политичка сцена каде едвај дури на трета мајка го изгласаа за председател,пред се благодарение на согласноста што ја даде “Бугарската змија со скриени нозе тогаш“ ЉуБчо Георгиев/ски.
:bravo: Одличен аналитички пристап ! Супер патриотска поента !
АБЦ имаш право, треба да ги анализираме и актуелните состојби, новиве актери, кој јас првично ги доживувам како демагошки политичко-криминогени структури, во случајот на ДПМНЕ со семејно географско потекло, а во случајот со СДСМ, како ,сонце, кое експлодирало пред еден милениум, а сега ја регистрираме само светлината, а тоа одамна не постои :wink:
За среќа една ваква генерализација не е докрај реален одраз на човечкиот ресурс во Македонија, впрочем што покажаа избориве, дека 50% Македонци не беа ниту за едните ниту за другите, со што е доведен во прашање не само легитимитетот на ,победниците, туку и на опозицијата :wink:
Хендикепот на македонската политика не произлегува само од скромните индивидуални вредносни системи на оние кои ги претставуваат политичките елити, туку во тој контекст крајно време е да покажеме со прст за соучесништвото на македонската интелегенција, која се претвори во профитер на политичката глупост, а врвот на едно такво ,предавство, е МАНУ која е преокупирана сама со себе.
Секој кој ќе го чита ова, верувам ќе реагира: а кај се во оваа приказна новинарите :nenene: не ,не , не ги спомнувајте тие се ноќната мора на нашата стварност!
Само колку за пример, нашите политичари наместо да разговараат со своите грчки колеги, по веќе уходан стереотип постојано се навлекуваат од страна на грчките медиуми, да разговараат со нивните новинари. А нашите пак новинари место да им парираат на грчките, преку една хистерична кампања вршат притисок да го скршат и оној мал патриотски отпор кои го имаат македонските политичари.
Или генерално, македонските новинари едноставно ја играат улогата на лоши политичари за кои никои и не бара одговорност, тие не излегуваат на избори :wink:, и никој не се прашува зашто и каде влегуваат енормни количини пари во државава
![Тоа е :toe: :toe:](/styles/default/xenforo/emot/toe.gif)