Море,темава беше зошто Милошовски е Бугарофил,зошто Гвујо му ја продаде националната платежна картичка на Бугарите,зошто Силвана Бонева со едната нога е во Бугарија а со другата како втор носител на изборна листа.......а не да ми кажувате какви биле избориве,па има мал милион теми за избори,оваа е за пробугарската струја во врвот на ДПМНЕ,ебаго.
ABC temave e: "Кој ја создаваше „бугарштината“ во ВМРО " ,bidejki Radojcic ne go razbirash eve ti malku od tvojot region:
Време, број 701, 25.04.2006
ТАЈНОТО ДОСИЕ НА ЕДЕН НАКЛЕВЕТЕН ПАТРИОТ (1)
Ванчомихајловистот што ја мразеше Бугарија НОВ ФЕЉТОН ВО „ВРЕМЕ“
Досие за битолчанецот Крсте Вељановски
Делови од полициското досие на битолчанецот Крсте Вељановски, кој одлежал шест години затвор во Идризово и бил цели 55 години прогонуван од југословенската УДБА (подоцна Служба за државна безбедност) поради наводна ванчомихајловистичка дејност, ќе објавува „Време“ од следниот број.
„Време“ располага со комплетното досие на Вељановски.
Како и другите 20 илјади прогонувани Македонци што сметале дека македонското прашање не било решено по Втората светска војна, Вељановски се залагал за обединување на Македонија и за нејзино формирање како независна држава. Од белешките за прислушувањето се гледа дека тој уште во раните седумдесетти сметал дека СФРЈ ќе се распадне од економски причини. Иако бил противник на МПО и сите други бугарофилски сили, кодошите на СДБ упорно испраќале извештаи дека работи за ванчомихајловистите.
Во 2000 година со носењето на Законот за лицата прогонувани за идеите на ВМРО, Вељановски бил првиот што го добил своето досие од МВР. Кога видел за што бил „обработуван“ речиси целиот живот, неговото срце истиот ден препукнало од - мака.
Крсте Вељановски, Цветан Најдовски - Десановски, Левко Џамбазов и Митко Босилков, пред повеќе од пет децении биле млади момчиња што не биле задоволни од решавањето на македонското национално прашање. Нивниот слободен ум и дух преживеал наспроти силната пропаганда на тогашната комунистичка партија. Размислувале критички и патриотски, но и антикомунистички. Многу брзо ќе ги откријат последиците од тоа. Како и останатите дваесетина илјади родољуби кои комунистичката власт ќе ги испрати на „превоспитување“ во скопскиот затвор Идризово.
Вељановски во 1947 година бил осуден 15 години строг затвор поради ванчомихајловистичка дејност. Одлежал само шест, му помогнале пријатели - лекари, кои го прогласиле за шизофреничар и така предвреме излегол од затвор. Најдовски пак лежел 10 години за истата работа, Џамбазов пет, а Босилков осум. Вељановски се сметал за водач на групата.
По издржувањето на казните сите продолжиле, на свој начин да се залагаат за обединување на Македонија и нејзино отцепување од СФРЈ.
На тогашната Служба за државна безбедност (СДБ) и требале цели 28 години да го сфати ова. Линијата на досието, под псевдонимот „Банкари“ е променето од „ванчомихајловистичка дејност“ во „македонски национализам и сепаратизам“ во 1986 година, во самото предвечерие
на остварувањето на ноќниот кошмар на македонските комунисти.
Колку и да се напрега на објективност, внимателниот читател на досието, ќе го понесат емоциите од неверојатниот волунтаризам и контрадикторност на работата на тајната служба. Додека во извештаите на изворите (кодошите) на инспекторот што ја водел акцијата, Вељановски упорно се товари за бугарофилство, во стенограмите од прислушуваните разговори на многу места ќе се прочита неговиот став дека „попрво ќе застанел со скопската комунистичка влада, отколку со пробугарската организација МПО“.
Ова најјасно се гледа од извештајот на инспектор на СДБ во 1986 година, кој во својот извештај објаснува, зошто Вељановски и другите треба да се следат како македонски националисти, а не како ванчомихајловист.
„Како ученици во средно училиште стануваат членови и дејствувале во илегална организација ВМРО. Нивната активност се состоела од учествување на состаноците во организацијата, врбување нови членови, составување и растурање летоци, пишување пароли и др. За таквата непријателска ванчомихајловистичка активност се осудени на затвор. По издржувањето на казната продолжиле да остваруваат контакти со истомисленици.
Но, од регистрираните коментари и искажувања се гледа дека не се бореле за идејата на Ванчо Михајлов за припојување на Македонија кон Бугарија, туку напротив заговарале создавање посебна македонска држава со припојување на егејскиот и пиринскиот дел. За проблемите сврзани со македонското национално прашање вината во прв ред ја фрлаат врз државното раководство, кое уште за време на Втората светска војна ги изневерило националните интереси со тоа што ја попречиле македонската војска да оди кон Солун, а била испратена на Сремски фронт“.
Заклучокот на инспекторот уште повеќе изгледа задоцнет бидејќи во досието постои и посебен извештај за посетата на Вељановски на САД и Канада уште во 1977 година. Тој бил таму по покана од роднини и се сретнал со претставници на МПО. СДБ ги прислушувала тие разговори.
„Во разговорите со МПО, Вељановски бил информиран дека во последно време платформата на МПО е изменета. МПО сега ја признавала Македонија, но не се согласувала да биде во составот на СФРЈ. Од тие разговори Вељановски заклучил дека МПО е продолжена рака на сегашната Бугарија и во потполност ја спроведува бугарската теза по односот на македонското национално прашање“.
(продолжува)