Дефинирајте го Господ!

  • Креатор на темата Креатор на темата AceCaleb
  • Време на започнување Време на започнување
Мислев на нешто после 105-та...

Па тука е разликата.Во овој живот(којзнае дали има понатаму нешто, никој не се вратил од смртта и не ни кажал досега:))
според тебе после "105-та" ти ќе воскреснеш, јас не според тоа што јас го мислам.А којзнае што има.Може сите ќе гниеме долу, може ќе воскреснеме.Може има и неште што никој не замислил и не знае сега.
 
И лилјакот е слеп, па е свесен за светот околу него...Немора да видиш нешто за да сватиш дека постои.
На лилјакот само сетивото за вид му е закржлавено..затоа пак го има супер развиено ултразвучното сетиво, тој светот-околината ја гледа како како радарска слика (во мозокот ја оформува, всушност и ние сликата таму ја оформуваме само во зависност од информациите добиени со светлината) нешто слично на тоа што докторите гледаат на екранот кога вршат преглед со ултразвук.
Генерално..."сликата" за нештата може да биде иста иако таа е добиена со помош на различни извори на информации.

За МИКИ1 понапред спомна дека бог се жртвувал за нас..:vozbud: ајде бе...како бе нешто што е бесмртно може да се жртвува:pos2:..или уште еден трик од репертоарот на Коперфилд.:tapp::toe:
И како тоа што тој ги забранил жртвувањата, тој го применува истото...:helou:
 
На лилјакот само сетивото за вид му е закржлавено..затоа пак го има супер развиено ултразвучното сетиво, тој светот-околината ја гледа како како радарска слика (во мозокот ја оформува, всушност и ние сликата таму ја оформуваме само во зависност од информациите добиени со светлината) нешто слично на тоа што докторите гледаат на екранот кога вршат преглед со ултразвук.
Генерално..."сликата" за нештата може да биде иста иако таа е добиена со помош на различни извори на информации.

За МИКИ1 понапред спомна дека бог се жртвувал за нас..:vozbud: ајде бе...како бе нешто што е бесмртно може да се жртвува:pos2:..или уште еден трик од репертоарот на Коперфилд.:tapp::toe:
И како тоа што тој ги забранил жртвувањата, тој го применува истото.
..:helou:

Она кое тебе ти изгледна противречно, за познавачите на двојната Христова природа е само по себе јасно. На крстот, беше распнат Христос, човекот, но не и Синот Божји. Во пеколот, на велика Сабота, беше сам Христос Бог, Синот Божји. Во неделата, воскресна Христос, а не Синот Божји, Кој е дух и неможе ниту да умре ниту да воскресне.

Веќе напишав дека Христос е последната крвна жртва за луѓето. До Христа, кај јудеите беа жртвувани животни а не луѓе. Кај идолопоклониците, беа ( и сеупште) се жртвувани луѓе а не животни.
 
На лилјакот само сетивото за вид му е закржлавено..затоа пак го има супер развиено ултразвучното сетиво, тој светот-околината ја гледа како како радарска слика (во мозокот ја оформува, всушност и ние сликата таму ја оформуваме само во зависност од информациите добиени со светлината) нешто слично на тоа што докторите гледаат на екранот кога вршат преглед со ултразвук.
Генерално..."сликата" за нештата може да биде иста иако таа е добиена со помош на различни извори на информации.
Ова со лилјакот требаше да биде повеќе сликовито кажано..Постоењето на нешта не зависат од тоа како ние гледаме на нив..Бог постои и без нашата не/можност да го преципираме..ова му доаѓа како дефиниција..:pipi:
 
двојната Христова природа
Да, станува збор за популарната христијанска хипокризија.

Ова со лилјакот требаше да биде повеќе сликовито кажано..Постоењето на нешта не зависат од тоа како ние гледаме на нив..Бог постои и без нашата не/можност да го преципираме..ова му доаѓа како дефиниција..:pipi:
Мислам дека само ти можеш да ја разбереш оваа дефиниција.
 
Што не ти е јасно..твоето постоење условува постоење на креатор.
Како што е условено и постоењето на овој форум...Ама, ако ти не си го запознал..што знам..Бидиков..тоа не значи дека тој не постои..сепак тој е главниот заради кои сите работи имаа нормален тек на форумот...а ти не се сомнеаш во тоа.
Постоењето на Бог е надвор од твоите сетила..ама затоа имаш разум и вера...го запознаваш Господ според неговите дела...
Значи...Семоќен и сеприсутен,вечен непроменет,Тој не е материјален...и не би бил Бог доколку се дефинира според твојот "дострел"..на поглед на работите...
 
Како го условува?

Споредуваш човек кој е од материјална природа, со бог кој е од нематеријална (според твоето мислење)?
 
Да, станува збор за популарната христијанска хипокризија.

Мислам дека само ти можеш да ја разбереш оваа дефиниција.

Хипокризијата барај ја на неко друго место....на пример, почни од самиот себе.
Овде не се работи за хипокризија, туку за двојната Христова природа, а за оние кои имаат дури и основни познавања на Христовата природа и улога во овој свет, нема никаква хипокризија.
 
Ок, објасни ми каде ја виде мојата хипокризија, па јас ќе ти кажам нешто повеќе за христијанската.
 
За твојата хипокризија, би можел да зборувам доколку би те познавал. Пошто не те познавам ниту знам, нема да се занимавам со неа (со хипокризијата) оти христијанска должност е да се согледуваат своите слабости а не туѓите. Затоа и напишав дека треба да почнеш со согледување на својата хипокризја и тоа ти, сам, самиот, а не некој друг.
Наместо тоа, посочи ја хипокризијата во христијанството па да видиме дали е така или не е-дали ја има или ја нема.
 
Хипокризија на христијанството како религија и ставовите кои таа ги застапува, или за хипокризијата на луѓето кои го “проповедаат“ христијанството?
 
Одбери било што па да видиме...
 
Што не ти е јасно..твоето постоење условува постоење на креатор.
Како што е условено и постоењето на овој форум...Ама, ако ти не си го запознал..што знам..Бидиков..тоа не значи дека тој не постои..сепак тој е главниот заради кои сите работи имаа нормален тек на форумот...а ти не се сомнеаш во тоа.
Постоењето на Бог е надвор од твоите сетила..ама затоа имаш разум и вера...го запознаваш Господ според неговите дела...
Значи...Семоќен и сеприсутен,вечен непроменет,Тој не е материјален...и не би бил Бог доколку се дефинира според твојот "дострел"..на поглед на работите...

офтопик
само да ве поздравам гледам уште со истите муабети секоја наредна страна е иста со преходната само поинаку кажана.бтв марцус и мики секоја чест момци уште се држите (во позитивна смисла да не бидам сватен дека сум ироничен)...

онтопик
Бог е семокен и сеприсутен а е нематеријален .... ова е незамисливо а камоли па реално.
Вечен и непроменет хммм.. јеа рајт секој верник си го има измодификувано онака како што на него му одговара без разлика дали станува збор за бог или религија ако за тебе твојот господ е најсветото нешто за секоја друга религија е она спротивното така да муабетов ...гон вит а винд аген:smir:

... тука сум цело време не сум ве напштил само што не се впуштам во дискусија барем додека нема некаква новост поздрав! ...
 
Бог е семоќен и секаде присутен-да. Не е нематеријален: Господ Исус Христос Е МАТЕРИЈАЛЕН исто толку коклку што си и ти материјален. Затоа Синот Божји зеде човечко обличје, за да биде ВИДЕН и СЛУШНАТ од оние кои Го очекуваа а не да им се јави како Дух...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom