Дефинирајте го Господ!

  • Креатор на темата Креатор на темата AceCaleb
  • Време на започнување Време на започнување
А мора ли да потекнува? А што ако не потекнува?
 
Творецот е беспочетен, а се друго што е видливо и невидливо (вклучувајќи ги и Синиот и Светиот Дух) имаат свое исходиште во Него.
Ако некој може да биде беспочетен, тогаш зошто човекот не може да биде беспочетен? Зошто овој универзум неможе да биде беспочетен?

А мора ли да потекнува? А што ако не потекнува?
Ако не потекнува, тогаш и човекот може да не потекнува...
 
Потекнува бе Мики, потекнува.Од човекот и неговата фантазија.Исто како и пред илјадници години добрите и лошите духови што ги измислувале и после се востановило дека не постојат, така и сегашните богови во религиите не постојат.
 
Ако некој може да биде беспочетен, тогаш зошто човекот не може да биде беспочетен? Зошто овој универзум неможе да биде беспочетен?

Ако не потекнува, тогаш и човекот може да не потекнува...

Човекот неможе да биде беспочетен, оти е создаден. Она кое е создадено, има свој почеток во времето и битисување во просторот. Оној кој е надвор од времето и просторот, е беспочетен и Он не подлежи на физикалните принципи, оти Он самиот ги има создадено принципите.
Универзумот има свој почеток. Ако ја тргнеш на страна христијанската вера, тогаш ти останува да вруваш дека теоријата на големата експлозија е точна, но и таа теорија вели дека Унивезумот е создаден во моментот кога времето било „0“. Очигледно е дека како и да земеш, Вселената има свој почеток.
Човекот потекнува, оти тоа е очигледно а така вели и здравиот разум, кој не е оптеретен со модерни предрасуди.

Потекнува бе Мики, потекнува.Од човекот и неговата фантазија.Исто како и пред илјадници години добрите и лошите духови што ги измислувале и после се востановило дека не постојат, така и сегашните богови во религиите не постојат.

А велиш, имаш 15 г...убо...Веројатно ја знаеш онаа народната:„..кога ќе пораснеш, самото ќе ти се каже...„
 
А ти дека имаш повеќе се мислиш господар спрема помалите.И голем дел од другите кои ги кријат годините се колку мене или 1,2 повеќе на темава.Не проценувај според годините.И додека ти за се што се случува се вадиш со господ така сакал, така требало, така ни било пишано јас барам други докази.Не ми е важно што мислел некој одозгора кој и онака е творба на фантазијата.
И не ги проценувај луѓето според годините.
Ја знам народната и знам дека имам уште многу да учам понатаму, а знаеш ли ти како викаат:
-Дај ми црно на бело доказ за Господ, па да верувам.На слики јас не верувам.
 
Хмммм....не си едниствен на форумов кој постојано бара докази, а тие докази секој ден му се пред очи. Навистина, кој доказ ти е уште потребен? Повеќе пати го имам споменато евангелскиот пример, кога јудеите од Христа очекуваат да им направи чудо, во кое тие би поверувале. Јудеите можеле да Го слушаат и да Го гледаат Христа Бога, но пак не поверувале дека е Он Месијата Кого Го чекаат. По што ти се разликуваш од нив?
 
А ти дека имаш повеќе се мислиш господар спрема помалите.И голем дел од другите кои ги кријат годините се колку мене или 1,2 повеќе на темава.Не проценувај според годините.И додека ти за се што се случува се вадиш со господ така сакал, така требало, така ни било пишано јас барам други докази.Не ми е важно што мислел некој одозгора кој и онака е творба на фантазијата.
И не ги проценувај луѓето според годините.
Ја знам народната и знам дека имам уште многу да учам понатаму, а знаеш ли ти како викаат:
-Дај ми црно на бело доказ за Господ, па да верувам.На слики јас не верувам.
И лилјакот е слеп, па е свесен за светот околу него...Немора да видиш нешто за да сватиш дека постои.
 
По ништо.Ни тие го виделе, ни јас.Само што некои живеат во илузија дека некој таму го видел и верувал во него.
 
И лилјакот е слеп, па е свесен за светот околу него...Немора да видиш нешто за да сватиш дека постои.

Свесен сум за се околу мене.Па, морам да видам.А досега ништо не сум видел.Или цунамите, земјотресите и смртта сето тоа е од Бог создадено.Тоа се доказите?
 
Егзотик,
иако сум релативно нов на форумов, од оние форумџии кои веруваат, имам прочитано мал милион докази за Божјото постоење. А оние форумџии кои не веруваат, не ги прифаќат понудените докази. И сега? Што уште треба да се стори за да ти и на тебе сличните, Ви се докаже дека Бог постои? Што уште е потребно? Каков треба да биде и како треба да изгледа тој доказ?
 
Ништо Мики не треба.Вие верувате, ние не веруваме.Верувањето не не прави во ништо различни освен во религиските сфаќања.И јас и ти сме луѓе, само со разни религиску сфаќања и убедувања.А животот, со или без Господ продолжува.
 
Животот продолжува, но има и свој крај...
 
Ништо Мики не треба.Вие верувате, ние не веруваме.Верувањето не не прави во ништо различни освен во религиските сфаќања.И јас и ти сме луѓе, само со разни религиску сфаќања и убедувања.А животот, со или без Господ продолжува.
Сигурен ли си?
 
100%.Што, ако јас не верувам во Господ ќе умрам за 5 години, а ти дека веруваш ќе живееш 105?
Мислев на нешто после 105-та...Бог е бесконечен..
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom