Дефинирајте го Господ!

  • Креатор на темата Креатор на темата AceCaleb
  • Време на започнување Време на започнување
Исто така и со вербата во бог: без разлика на кој јазик да го кажеш, пак е бог (или богови) и значи исто; така е зашто бог бил „измислен“ претходно. ;)
Се сложувам со целиот текст, а ќе се задржам на ова.

Во ред, но вербата во Бог/ови... е лажна и погрешна, и единствена дефиниција за зборот Господ може да биде “потреба од нешто“, додека верниците и теолозите се обидуваат да го потврдат “физичкото“ присуство на Бог. Што е смешно според мене.

Плус, клучен збор е “измислен“...
 
Можда е сепак само една голема причина што ги држи луѓето во заедници, и една голема совест во потсвеста на човекот.
Во сето ова ме нервира страшно шо меша прсти во политиката.
 
Се сложувам со целиот текст, а ќе се задржам на ова.

Во ред, но вербата во Бог/ови... е лажна и погрешна, и единствена дефиниција за зборот Господ може да биде “потреба од нешто“, додека верниците и теолозите се обидуваат да го потврдат “физичкото“ присуство на Бог. Што е смешно според мене.

Плус, клучен збор е “измислен“...

Па... пак ќе повторам: јас тоа го гледам како физиолошка потреба. Нешто како јадење, одење во WC, итн...
Значи, секој верува во нешто: Господ, Алах, Светата Лејка, самиот/самата себе, во фактот дека не верува во ништо...

Можда е сепак само една голема причина што ги држи луѓето во заедници, и една голема совест во потсвеста на човекот.
Во сето ова ме нервира страшно шо меша прсти во политиката.

Веројатно тоа е и една од причините зошто сите сме луѓе.
И секогаш ќе има некои кои ќе велат „јас и ти сме подобри од овие други неверници... Ај ќе ги истепаме и ќе им ги земеме работите што тие ги имаат“. Ете ти политика.
 
Мики-ца and friends , ме интересираше нешто .. Зашо христијанството настана пред 2000 години , кога Бог го создал светот пред 6000 ?? Тие 4000 години се богохулие , нели ? Мислам , полиетизам , анимализам , тотенизам инт... Зашо бог штом го создав човекот не му рекол христијанството е твојата религија .. 4000 години е ( за некои од вас ) прилично многу долго време ...

Немој сега да ми кажеш , Бог рече , ама немаше кој да слуша .. слодобна воља , јбг ...

Христијанството настана пред 2000 г, затоа што до пред 2000 г ниедна жена не ја поседувала чистотата од мајката Божја, преку која се роди Синот Божји. Само Богородица, водена и подготвувана од промислата Божја, се испоставила за достојна да го роди Бога. А тие 4000 г пред Христа, не се „празен од„. Кај првите генерации луќе по смртта од Адам и Ева, постоеја патријарсите, (Ное, Авраам, Исак, Јаков...) а од Јаков, потекнуваат јудеите/евреите. Кај евреите пак, 1500 г пред Христа, важеше старозаветниот Закон и пророците, кои Бог им ги даде на јудеите преу Мојсеј. Христос го воведе Новиот Завет, според кој треба денес да живееме. Од наведеното, очигчедно е дека тие 4000 г (поточно, 6000 г) не се живеело без вера.
Друга е приказната за тогашните пагански и незнабожечки народи, кои го заборавиле вистинскиот Бог. За нив, не важи Стариот Завет. Тие народи, самите си ги измислија своите богови и станаа идолопоклоници.


Aj сега фати му го крајот...очистил и за минатите и за идните...а од друга страна сто пати си напишал гревовите се наследни до 101 колено и дека по тој основ и се казнува...па сега кое е точното..или е чисто или не е... усклади се еднаш...ако тој тогаш направил генералка еднаш засекогаш значи дека повеќе нема потреба од чистење...или пак ѓубрето го сокрил под тепих.....фалш ја направил работата..забушант бил...

Да, Христос ги очисти луѓето до Него, во Негово време и сите кои ќе бидта родени после Него. Затоа, во Црквата велиме дека преку Христа, целиот човечки род е објективно очистен и спасен. Христос го заврши својот дел од работата за спасение на човечкиот род (иако Христос не ни должи ни таква жртва) а сега на луѓето останува да ја прифатат Неговата жртва за свое спасение за да бидат субјективно спасени па така ќе имаме комплтетна ситуација: Бог се жртвува а луѓето Го прифаќаат Христа за свој Бог. Ако луѓето не го прифатата Христа и неговата жртва, тогаш приказната и целта од Неговото жртвување и воскресение заради сите, останува некомплетирана. Па сега, кој сака , нека повели...
И понатаму останува да важи принципот на генерациско пренесување на гревот. Првородениот грев, кој сите го наследуваме од Адам и Ева, се чисти кај луѓето преку крштевањето. Сите наредни гревови, се лична одговорност. Тоа што Христос ги зеде сите гревови на свој грб, незначи и дека секој од нас како поеднинец, преку Светата тајна исповед, своите гревови Му ги предава на Христа. Токму затоа постои исповеста: исповедникот ги искажува сите свои гревови, а Христос ги превзема на свој грб. Така, воспоставена е двонасочната релација меѓу Христа и поединецот. Ако поединецот не се исповеда, тогаш, кој грев Христос ќе го прими?
 
кога ќе биде следното чистење?
ова горенаведеното сум го утнала :uvo:
 
Следното чистење ќе биде на Страшниот Христов суд, каде ќе нема време за покајание и за се ќе биде доцна...
 
Токму затоа постои исповеста: исповедникот ги искажува сите свои гревови, а Христос ги превзема на свој грб. Така, воспоставена е двонасочната релација меѓу Христа и поединецот. Ако поединецот не се исповеда, тогаш, кој грев Христос ќе го прими?

Замислете си која работа ја има Исус. Се родил како Син на Господ, го спасил човечкиот род, бил единствениот вознесен во Рајот и што му е наградатата... цела вечност да слуша како Перо пак ја опнал комшиката, Мира имала блудни мисли за шоферот, Михајло ја излажал девојката дека свршил надвор, а Гоца несакајќи ја фрлила Библијата во ѓубре.

Јас повеќе би сакал да сум Сизиф. Барем ќе си го туркам каменот на раат.
 
Gospod e eden Golem Shmeker i jas veruvam vo Nego! :)...
 
светов е доста сложен, доста интелигентен, е сеа, по законот на хемијата, од ништо нешто и од нешто ништо не можи... па мора да постои нешто поинтелигентно, нешто апсолутно за да создај ваков свет...
 
Прочитав во многу постови дека господ не пости. Од каде потекнува човештото тогаш ? :tapp:
 
Прочитав во многу постови дека господ не пости. Од каде потекнува човештото тогаш ? :tapp:
Хах, дискутабилно како и тоа од каде потекнува Господ, макар што за потеклото на човештвото има повеќе веројатни теории..

и не е темата за ова...
 
Творецот е беспочетен, а се друго што е видливо и невидливо (вклучувајќи ги и Синиот и Светиот Дух) имаат свое исходиште во Него.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom