Дефинирајте го Господ!

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.900
Поени од реакции
11.234
simeon напиша:
E taka ne mozi vo Crkvata si ima kanoni koi ispovedat za Boga, toa e taka i nikakao poinaku, se znaat pravilata, Crkvata ne e samo od zanimacija nemame rabota pa sega ke si igrame crkva. Bog postoi, samo zaprasajate se kako si nastanal, ili majkata priroda te sozadala:pos2:. Luge svstete se i proslavate go Boga, koj voskresna od mrtvite!
Ti beshe tamu i vide koga voskresna?
 

Bada Bing!

шшшшшш
Член од
14 јули 2006
Мислења
2.671
Поени од реакции
114
поткрепа пред се...надеж во лошите денови...светлина на крајот на тунелот....некој* што ми ги слуша мислите и молитвите...енергија,сила која ме држи во целост...некој* на кој можам да му се заблагодарам за среќата која ми дошла во пресрет...
Фино. Секој слабак ќе може да верува во невидлив човек кој ќе му ги реши проблемите. Се разбира тие нема да се решат но слабакот нема да умре, туку ќе поседи (мизерно) доволно на земјава дур не има деца. Генетско инфериорни крстени деца.
Luge svstete se i proslavate go Boga, koj voskresna od mrtvite!
Кога го објасни вака убаво ’фактот’, што можам да направам освен да бидам верник!?
Само не ми е јасно, за чив бог збориш.
 

BliND

Raptus regaliter...
Член од
16 јануари 2006
Мислења
3.963
Поени од реакции
361
Алах, Господ , Буда ...
Сите тие само претставуваат Бог- Виша сила на која се поткрепуваме ..
Господ е христијанската претстава за вишата сила која се наоѓа откако ќе умреме , силата која не создава а и силата која ќе не уништи. Господ е едноставно - Сила :)
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Да, верниците така го гледаат Бог, како сила која води, како подадена рака, вечен создадетел и проценувач на гревовите. Јас лично не верувам во било каков Бог (мислам е премногу апстрактно и апсурдно), ама религијата била и е корисна, како начин кој ги тера верниците да ги почитуваат оние основни морални и етички правила, всушност ете зашто постојат 10те божји заповеди, верувањето за постоењето на пеколот(па уште и кругови во истиот), но освен тоа религијата им дава и надеж на верниците за подобро утре. Атеистите пак, си знаат дека се`, помалку или повеќе, зависи од самата индивидуа.
 
Член од
14 јули 2005
Мислења
1.428
Поени од реакции
43
Фино. Секој слабак ќе може да верува во невидлив човек кој ќе му ги реши проблемите. Се разбира тие нема да се решат но слабакот нема да умре, туку ќе поседи (мизерно) доволно на земјава дур не има деца. Генетско инфериорни крстени деца.
Mислиш како на пример овие:



Алберт Ајнштајн,



Михаел Шумахер,



... или Леонардо да Винчи.
 
A

Anck-Su-Namun

Гостин
simeon напиша:
E taka ne mozi vo Crkvata si ima kanoni koi ispovedat za Boga, toa e taka i nikakao poinaku, se znaat pravilata, Crkvata ne e samo od zanimacija nemame rabota pa sega ke si igrame crkva. Bog postoi, samo zaprasajate se kako si nastanal, ili majkata priroda te sozadala:pos2:. Luge svstete se i proslavate go Boga, koj voskresna od mrtvite!
кхм, за болдираното: не беше синот божји тој што воскресна? :tapp:

А инаку на темава.......................................................................................................
немам што да кажам :toe:
 
F

Foxy`BuTTerFLY

Гостин
Господ е нешто измислено поткрепено со некоја книга, кој а е интересна за читање, мене ми е ко научна фантастика од 80тите.
Инаку е измислен поради тоа што коа доживуваш оргазам или коа ти е мака или коа се чудиш нешто место да викаш се по различен ќе викаш по него.Малите деца се молат навечер за да добијат поклони исто како што ги ставаат своите паднати заби на маса за да ги земе самовилата и да им поклони нови.
Убаво смислена приказна, во која многу веруваат.
 

Kvendolin

чупе од бурдите
Член од
24 март 2007
Мислења
1.003
Поени од реакции
75
TheBestTipster напиша:
А долга брада и седа коса ?
Тоа е више аут. Бидете покреативни во приказите за Бог.

SolunAssassin напиша:
Па фала БОГУ дека не постои !! хехе, не бе шала на страна.. не постои господ..жал ми е за сите кои се лажат со таа приказна!
Од тебе повеќе очекував.:)

Да, верниците така го гледаат Бог, како сила која води, како подадена рака, вечен создадетел и проценувач на . Атеистите пак, си знаат дека се`, помалку или повеќе, зависи од самата индивидуа.
До кога ќе не идеализирте. И теистите знаат дека `се помалку или повеќе зависи од самата индивидуа. Не се неразумни побогу. Слободна волја ви текнува?

Инаку еве една иритирачка верник констатација: Дефинирањето на Бог не е богоугодно и поприлично погрешно.
И сега ви текнува дека ќе прерасне во уште една дискусија која ќе нема смисла.
 

Nikolic

Џентлмен
Член од
8 април 2008
Мислења
1.576
Поени од реакции
68
Господ не е некој старец кој те гледа од горе и ти ги запишува гревовите...јас верувам дека Господ е синоним на зборот совест.
Господ е всушност нашата совест која не кочи при правењето неморални дејности
 

Zeng

Thinking inside the box
Член од
9 април 2008
Мислења
1.103
Поени од реакции
31
Целата поента за дефинирањето на Господ нема апсолутно никаква цел.
Или има за ти кои сакаат само да ги исмејуваат верниците.
Нема проблем самите си го присвоивте подфорумов за исмејување и проверка колку верниците се интелигентни, нема никаква врска со религијата.
На мене ми стана тотално бесцелно да се објаснувам.
Само ова ќе го кажам..........Бог постои а за тие што не веруваат наскоро ќе дознаат нека не се секираат.:helou:
 
С

Сатори

Гостин
И така сите нешто дефинираат и чекаат Бог да дојде и да ги просветли.
Никој изгледа нема слушнато за вуду, ц ц ц ... неверници.
:devojce 1:
 
Член од
19 април 2007
Мислења
9
Поени од реакции
2
Можда поважно е да се има верба или вера во нешто,а во кого и што е прашање на избор.Прочитав нешто неодамна,што прилично ми се допадна...
Еден шпански мисионер проповедал и го ширел христијанството,кога сретнал тројца ацтешки монаси.Ги прашал како тие му се молат на Бога,на што му одговориле-„Господе,ти си Тројство,а ние сме тројца,па затоа припази на нас.“
Мисионерот свештеник им рекол дека не е тоа начин на обраќање кон Бог и ги научил на неколку молитви.Поминало време а мисионерот пловејќи пак се нашол во близина на истото место.Монасите го виделе,сакајќи да го поздрават, тргнале одејќи по површината на водата кон него и му рекле да им ги повтори молитвите оти ги заборавиле.Тој пак кога ги видел дека чекорат по вода,им рекол да продолжат да му се обраќаат на Бога како досега.

Што е битно кој во што верува и како тоа ќе го нарече -битно е да верува во нешто,некого...
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Mислиш како на пример овие:

Алберт Ајнштајн,
Михаел Шумахер,
... или Леонардо да Винчи.
:pos: Каква комбинација... и сега тука, ги имаш како пандан Љубе Лигавиот, Свиркачот како главен чкембар и Амди Бајрам. :je:

Бељата е што 90% од популацијата се “Генетско инфериорни крстени деца“. И им треба нешто имагинарно ко Бог за да преживеат доволно (мизерно) долго за да имаат нови “Генетско инфериорни крстени деца“.

Ете тоа е Господ... имагинарен производ на сите деца кој им помага да преживеат во секој нов ден за да имаат нови деца. Господ ти е како свеќа во подрум за широките народни маси...
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Целата поента за дефинирањето на Господ нема апсолутно никаква цел.
Или има за ти кои сакаат само да ги исмејуваат верниците.
Нема проблем самите си го присвоивте подфорумов за исмејување и проверка колку верниците се интелигентни, нема никаква врска со религијата.
На мене ми стана тотално бесцелно да се објаснувам.
Само ова ќе го кажам..........Бог постои а за тие што не веруваат наскоро ќе дознаат нека не се секираат.:helou:

Не не оставај во исчекување. Дај барем кажи нешто.
Како ќе дознаеме? И кој ти кажа дека ќе дознаеме?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom