Туна Сејдиу

  • Креатор на темата Acid
  • Време на започнување
Член од
21 ноември 2005
Мислења
5.217
Поени од реакции
941
Пејачката ми е супер, ми беше фаворит од годинешнава Евровизија!
 

Kvendolin

чупе од бурдите
Член од
24 март 2007
Мислења
1.003
Поени од реакции
75
Прво да кажам дека за Туна е ок да се отвори тема. Од друга страна пак за Ноне Неделковска не е.:)
Мислев дека ќе биде поктивна и понаметлива на нашата музичка сцена со оглед на на солидните гласовни можности и модерниот имиџ ...Ок ми е сосема. Не сум тип кој е носталгичен по старата македонска забавна музика. Ново време дефакто нов тип на музика или стил.
Јас поголем проблем имам со масовното сакање на определени пејачи и недавањето можност на други да се истакнат, секако под претпоставка дека нешто вредат.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Прво да кажам дека за Туна е ок да се отвори тема. Од друга страна пак за Ноне Неделковска не е.:)
Туна не успеа да се наметне доволно за да профитира колку што сметаше дека би требало. Затоа во Косово и особено во Албанија го немаше тој проблем.

Serpico напиша:
Него, мора да има квантитет за да излезе квалитетот. Трае процесот, со години... Уште ги тренираме ушите и се привикнуваме на нешто друго, поразлично од она што сме го имале. И тоа е добро.
Нормално дека мора, и секако дека трае и фала богу дека е добро, треба да оди уште побрзо тоа, но разбирам зашто не е како што замислувам. Ама муабетот дека е “тиња“ ме потсеќа на онаа скопската маана, све е тиња, или порано се викаше све е тапа, ништо не чини, ноќниот живот е за никаде, музиката ни е срање, спортот ни се дави, комшиката ни е трудна, стариот од трети многу смрди, па дури и Трендо бил негативен. :toe:
Можеби ми е само моментално увртен филм, ама музиката не ни е “тиња“, или чим Тоше умре и грците не нападнаа готово, се распаднавме. Ма се лажам сам, не е од сега тоа, од секогаш сме биле такви, веројатно тоа е една од карактерните особини на просечниот македонец, што би можеле да го искористиме за туристички цели, да доаѓаат холанѓани и да не покажуваат со прст. Ќе делиме брошурички а тие ќе седат од страна на кеј и водич ќе им покажува особени “специмени“ на “тапа“ момци кои најубаво го доловуваат автентичниот момент на македонецот.

Отидов ја со муабетов... :pos:
 
Член од
8 август 2007
Мислења
1.541
Поени од реакции
48
Има многу добар глас! Прва асоцијација за Туна ми се гимнастики со гласот. :)
 
¯

¯\_(ツ)_/¯

Гостин
Он д топик, воопшто не би ми пречело Албанка да пее под името Македонија, кога едноставно - ја бива.
Настрана од сите досадни етнички муабети... Што мислите за девојкава? :)
Во моменти кога се е „тиња“ на музички план во Македонија, би било добро освежување учеството на пејачи како Туна, Ерзана, Куку Леле (под услов Панки да не заглави долго на робија :)) и тн... Ми недостигаат доцните 90-ти, кога имаше хиперпродукција на македонска музика па секој ден имаше нова песна. Што чекате? Не бидете само фестивалски пејачи. Ајде, творете! :)
Ако туна ја бива... Тогаш Гаџа има најдобар вокал на Балканот.:helou:
 

ПрИтИ_гРл

Unforgivable ♥
Член од
6 јуни 2006
Мислења
2.554
Поени од реакции
22
Уффф срцка е бе!!! Многу ми се допаѓа како личност, ми шири позитивна енергија наоколу... Многу е симпатична, имав чест да се запзнаам лично со неа и од тогаш ми е фаворит.

Али како шо кажа некој погоре, треба да се експонира и да се наметнува над медиумите, бидејќи со 5 песни вкупно, не можи слава!
:)
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.208
Поени од реакции
34.448
Ако туна ја бива... Тогаш Гаџа има најдобар вокал на Балканот.:helou:
Шо и фали де, доискажи се.

Гласот и е повеќе од солиден според мои критериуми. Добро изгледа. Сите песни досега ми се допаднале. :toe:

Таман човек ќе пофали Албанка, вие (Албанците) одма го напаѓате. :paranoid:
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.488
Поени од реакции
7.982
Туна зрачи со посебен сексапил.
Доказ 1:
Доказ 2 (воопшто не ми пречи што ја копираше Агилера):
 

Kajgana Shop

На врв Bottom