Туна Сејдиу

  • Креатор на темата Acid
  • Време на започнување

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.208
Поени од реакции
34.448
Алтуна Сејдиу. Ја паметиме како учесник во еден од изборите на М2 (каде остави голем впечаток кај публиката), потоа по уште 1-2 синглови, па учеството на изборот за песна на Евровизија пред месец-два, како најтазе појавување во јавноста. Претпоставувам дека претежно функционира на косовскиот/албанскиот музички пазар, па затоа не ја гледаме и слушаме толку често.

Изобилува со позитивна енергија (барем според настапите), пријатна ми е за гледање и пред се за слушање. Држи модерен ритам и стил. Мој фаворит за изборот за песна на евровизија ми беше токму „Прашувам без глас“ од Туна. Ама веќе однапред беше познато дека оваа година ќе испратиме „мултиетнички“ тим во Белград. Двајца Македонци + еден Албанец :)

Он д топик, воопшто не би ми пречело Албанка да пее под името Македонија, кога едноставно - ја бива.
Настрана од сите досадни етнички муабети... Што мислите за девојкава? :)


Туна - Прашувам без глас

Туна - 12 месеци

Во моменти кога се е „тиња“ на музички план во Македонија, би било добро освежување учеството на пејачи како Туна, Ерзана, Куку Леле (под услов Панки да не заглави долго на робија :)) и тн... Ми недостигаат доцните 90-ти, кога имаше хиперпродукција на македонска музика па секој ден имаше нова песна. Што чекате? Не бидете само фестивалски пејачи. Ајде, творете! :)
 

Perfecto

Rugged'n'Raw
Член од
15 февруари 2007
Мислења
1.408
Поени од реакции
152
Хммм да добар избор Ацид, девојката не ни се пика многу по медиуми, кул е, а и според мене најдобро се облекува.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Не сум најголемиот нејзин фан,но ми се допаѓа.
Паметам уште кога победија заедно со Елена на М2,јас ја обожавав (а и се уште ја обожавам) нејзинатата песна “Најди ноќ,најди ден,најди време“.Мх!Целата песна ми беше погодена тогаш,текст,музика...
Имаше после уште една или две песни и после памтам замина од м2 што и беше паметен потег,според мене.
Баш е интересна,оригинална,се издвојува од другите.Не е лоша.
“Прашувам без глас“ инаку ми беше интересна песната,но не бев за да оди на Евровизија.Нешто ми фалеше,иако не би имала ништо против да отиде,но само ако има добра песна.
 

Акаша

Hydra
Член од
28 мај 2006
Мислења
1.684
Поени од реакции
128
Сите песни и се певливи и оставаат впечаток, секогаш има интересен стајлинг, што е плус. Не сум некој којзнае каков фан на оваа музика ама ми се допаѓа. Паметно што ги напушти м2 и така таму се концентрирани само на Елена, добро сега и на Ламбе. Покрај Нокаут со Самовила, и мене ми беше еден од фаворитите за Евросонг.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Во моменти кога се е „тиња“ на музички план во Македонија, би било добро освежување учеството на пејачи како Туна, Ерзана, Куку Леле (под услов Панки да не заглави долго на робија :)) и тн... Ми недостигаат доцните 90-ти, кога имаше хиперпродукција на македонска музика па секој ден имаше нова песна. Што чекате? Не бидете само фестивалски пејачи. Ајде, творете! :)
Ова мора да ти е некоја иронична заебанција. :mist:

Македонската музичка продукција се движи во нагорна линија барем за мене како слушател и гледач а тоа секако е поважно од статистичките податоци на ФМКС или некоја друга организација која ќе каже дека бројот на пејачи кои имаат квалитетен алт... и висок шифт + дилит.

Дури и пари почнаа да се фрлаат за спотови, а македонските квалитетни автори се промовираат и во странство, што порано му успеваше само на Леб и Сол.
Ама сепак си ироничен, сеа сум сигурен... на место се изнасмеав... Туна, Ерзана и Панки... ќе бидат освежување ко да го вклучиш ќумбето на Тамарче во топла скопска ноќ...

Инаку, да бидам сепак он топик... Туна е океј за мои стандарди. Професионалец во секој поглед, и не... не би ми пречело да не претставува пред светот.
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.815
Поени од реакции
49.991
Ја мисљим дека е баш добра си има некоја енергија у неа,песната за Евровизија не и ја ислушав добро дека по дифолт ми смета све што ке искочи од таму :S ама после натенане слушање ми заличи на доста солидна,сеа она имаше едно косиште лошо ко сениште беше некое али ипак за некои од нашиве кози е инсититуција башка е ретко добар примерок од нејзиниот вид :):)

Фората зашо не пее овде е ради тоа што си има многу поголем пазар и публика за да се замара со нашите музички куртони што местат фестивали и не може да ја кривиме за тоа.
 

kpbKENGUR

Devil's Advocate
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.132
Поени од реакции
201
не ја аресам, ништо посебно не ми е. не е материјал за у универзална, па камо ли за евровизија. оцена на скала од 1-10, 3.
 

ФлоуБТ

Потпис: Clever Bastard
Член од
17 февруари 2008
Мислења
1.582
Поени од реакции
66
First of all, Ејсид, браос за сликите. Многу добар избор :smir:

Инаку, и мене Туна ми беше фаворит на изборот за песна на Евровизија и ми е една од омилените пејачки. Супер глас, одлично изгледа, скромна е, не се експонира премногу по медиумите, за разлика од овие другите.

п.с. Шо ја спомна Ерзана погоре, таа сега е во Америка и нема намера да се враќа повеќе назад. Пред некое време читав нешто за неа и така пишеше
 

mRnO

И по mRnO,mRnO
Член од
16 април 2006
Мислења
6.263
Поени од реакции
52
Македонската музичка продукција се движи во нагорна линија барем за мене како слушател и гледач а тоа секако е поважно од статистичките податоци на ФМКС или некоја друга организација која ќе каже дека бројот на пејачи кои имаат квалитетен алт... и висок шифт + дилит.
Друже грешка си,порано многу повеќе се пееше од сега...
 

Скулгрл

Queen of the superficial::..
Член од
17 јануари 2006
Мислења
5.059
Поени од реакции
69
Друже грешка си,порано многу повеќе се пееше од сега...
Бидејќи се и свашта се појавуваше на сцена. Само нека ви текне на извесен Бојан и песната „Ти ќе сватиш“.

Туна ми е ептен по мерак, интересни песни, топ стајлинг, само треба да биде малку понаметлива во медиумите и повеќе да се експонира на македонската музичка сцена.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Изглед..супер,настап ...добар, вокал...гробар!
 

KohlBass

Dechak iz vode
Член од
1 јуни 2006
Мислења
1.485
Поени од реакции
36
Па, попрво би ја гледал отколку што би ја слушал, али во споредба со јован(ов) и елвир, дефинитивно подобра е. Македонскава поп музика последниве неколку години тоне се подлабоко. Освен песните на Тоше што ги форсираат константно, не се појавил ниеден хит позначаен. Во поп музиката не треба да се бара квалитет, треба хиперпродукција.
 

CrashoverRide

Tutto per la Lazio,persempre nell cuore...
Член од
9 јануари 2008
Мислења
1.293
Поени од реакции
114
Пеачка ко пеачка,со ништо не се двои од другите во сивилово наше.Евентуално за изгледот може да и се даде прелазна,а тоа што не плукаше по албании и косовиња дека не сме ја ценеле доволно во Македонија не и личеше...
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Друже грешка си,порано многу повеќе се пееше од сега...
Не го оспорив тоа... :nesum:
Или вие по системот квантитетот мора да произведе квалитет. Као, не е битно да имаме селекција пласирана на светско, битно е да имаме 100 илјади регистрирани фудбалери. Не се сложувам со тоа. Можеби се помалку, но тоа што се прави ми изгледа далеку по професионално, а ќе се сложиш дека музичката индустрија одамна е индустрија а не пеење во нива за полесна сеидба.
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Не го оспорив тоа... :nesum:
Или вие по системот квантитетот мора да произведе квалитет. Као, не е битно да имаме селекција пласирана на светско, битно е да имаме 100 илјади регистрирани фудбалери. Не се сложувам со тоа. Можеби се помалку, но тоа што се прави ми изгледа далеку по професионално, а ќе се сложиш дека музичката индустрија одамна е индустрија а не пеење во нива за полесна сеидба.
Продуктите на пеење по ниви за полесни сеидби и ден денес држат ниво и ми прават ќеиф.

Него, мора да има квантитет за да излезе квалитетот. Трае процесот, со години... Уште ги тренираме ушите и се привикнуваме на нешто друго, поразлично од она што сме го имале. И тоа е добро.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom