Чакри

Член од
31 јули 2006
Мислења
2.537
Поени од реакции
702
:helou: и самата кажа дека и ти си ги платила тие семинари, ако не се лажам??колку беше по 150$, 200$ по ниво.?(не е битно).. е сеа работава е што тука во скопје нивоата се поделени на повеќе семинари а ако се соберат се на се испаѓа многу поевтино.
(па и они треба од нешто да живеат- сепак добро е што ќе не научат на тоа..):wink:

Мене лично- повеќе ми одговара што се поделени семинарите. премногу информации ми дојдоа само од основното ниво кое трае 3 дена а не можам ни да си замислам што ќе биде ако е споено со уште некое. од друга страна сеа за сега ми одговара да сум на основното, можеби и не сум подготвена за некое понапредно ниво.(најверојатно поради многуте правила...и големата обврска..)

Во случај да ми треба нешто, не ми е јасно, и други работи ..има одредено термин за средба еднаш во неделата кои се бесплатни, а ако е нешто итно најчесто- пренесување на енергија(третман) на лице во далечина (дека го имам завршено само основниот семинар во кој се трансферира енергија само со допир и не можам да третирам на далечина) се јавувам на мојот учител и барам тој да трансферира енергија до тоа лице.

Познавам повеќе луѓе во Скопје кои се практиканти на универзалната енергија и кои ги завршиле семинарите на различни места.Методите кои ги користиме се различни, но најважно од се со сите тие се постигнуваат добри резултати, и сите се еднакво ефикасни.
Среќна сум кога ќе помогнам на некој, коа ќе ми каже дека "исчезнала " болката, луѓе што имаат доверба во мене, (баш пред пола саат и правев третман и на мајка ми) додека ги жалам тие што уште не ни слушнале за ова, и кога ќё им ја понудам мојата помош(ќе им објаснам за што станува збор) буквално ме гледаат ко од марс да сум падната:nesum:.... ама за тоа и нејќам да коментирам ..:helou:

Еј, колешке, ја платив, ама има места кај што тоа го прават за без пари. Мене ми е криво што некои од тие семинари се само учења за чакри и медитација, што не би требало по себе да влече цена за иницијација со енергијата.

Ах, знам како се осеќаш за оние што те гледаат како будала....мене некои ми се смејат во лице...ама кога ќе легнат за да им дадам третман и најголемиот скептик и сеирџија сменува мислење.

А знаеш дека со јака желба и намера можеш и без наредното ниво да праќаш енергија на далечина? Ја тоа го дознав отпосле. Пробај со некој што го знаеш, договорете се за време и ден и почни си ја концентреацијата и праќањето додека особата на која и праќаш ти е у мисли - затвори очи као да одиш у медитативна состојба и визуелизирај ја таа особа пред тебе како и даваш третман. Пробај, ништо нема да биде на одмет.

Начините на коишто сите ние од различни „школи“ ја канализираме енергијата може се различни, но битно е дека е тоа една те иста енергија и таа е само за добро.:helou:
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.363
Поени од реакции
84.592
Јас сепак мислам дека нивоата на иницијација кај одредени техники овозможуваат одредени активности и треба да се држи до тоа. На приер за трансмисија на далечина, доколку употребувате една техника се знае кое ниво го овозможува тоа. Во друга техника можеби некое помало/поголемо ниво на иницијација овозможува слично.
Поентата ми е дека треба да се почитува хиерархијската поставеност на секој систем. Добрите резултати доаѓаат кога го усовршуваме она за што сме обучени. Во духовната сфера "трчањето пред руда" никогаш не дава финални позитивни резултати.
Така на пример (во Реики) ти можеш да почнеш да подучуваш други, но ти не си учител, се додека не бидеш трето ниво на инцијација. Или пак со прво ниво, можеби ќе лечиш други, но резултатите при употреба на симболи во работата, нема да ти бидат исти како некој кој е второ ниво на иницијација (каде што се учи таа работа).
 
Член од
31 јули 2006
Мислења
2.537
Поени од реакции
702
Јас сепак мислам дека нивоата на иницијација кај одредени техники овозможуваат одредени активности и треба да се држи до тоа. На приер за трансмисија на далечина, доколку употребувате една техника се знае кое ниво го овозможува тоа. Во друга техника можеби некое помало/поголемо ниво на иницијација овозможува слично.
Поентата ми е дека треба да се почитува хиерархијската поставеност на секој систем. Добрите резултати доаѓаат кога го усовршуваме она за што сме обучени. Во духовната сфера "трчањето пред руда" никогаш не дава финални позитивни резултати.
Така на пример (во Реики) ти можеш да почнеш да подучуваш други, но ти не си учител, се додека не бидеш трето ниво на инцијација. Или пак со прво ниво, можеби ќе лечиш други, но резултатите при употреба на симболи во работата, нема да ти бидат исти како некој кој е второ ниво на иницијација (каде што се учи таа работа).

У право си, тотално.

Ја имам само прочитано од луѓе дека, исто како со магиите у wicca, кајшто со намера се испраќа таа енергија кајшто сакаш, така може и со Реики без разлика на кое ниво си. Ова е малку контроверзна тема дури и меѓу практиционерите на Реики :toe:

Се препорачува да си се следи хиерархијата. Некои луѓе мислат дека ако земат второ ниво одма, дека токот на енергијата ќе биде посилен, што не е баш точно. Токот се засилува со редовна употреба. Второ ниво само ти даваат симболи за поширока употреба на енергијата, толку. Благодарна сум за второто ниво, затоа што ми овозможи поголема самодоверба да ја праќам енергијата на луѓе што им треба, а не се тука до мене.

И да, додека ја не земам трет степен, не можам никого да иницирам, затоа што не знам како да направам attunement. Можам само да ја раширам аххх....awareness за оваа енергија.
 
S

Saargolith

Гостин
Браво за темава, јас вежбам доста време со ова, и навистина помага!
Арно шо му текнало на некој да отвори и тема да прочитаат луѓево, пошто многу се напнати у последно време, богами им треба малце медитација, и релаксирање, а и повеќето коа ке слушнат се онака као " WTF?? "
И нешто многу битно, не забегувајте премногу, почнете постепено со медитација, прчитајте и некои ствари, зашто неам намера да плашам некого али се дешаваат и некои зезнати работи, затоа полека. :bip:
 
Член од
12 мај 2008
Мислења
1.495
Поени од реакции
38
Saargoloth ke mozes da objasnis kakvo e custvoto na meditacijata? I jas sum zainteresiran za toa ama nikogas ne sum imal nekoe cudno custvo koga meditiram, ama mozno e i samo taka da si mislam deka meditiram a nema vrska so meditacija. Pozdrav.
 
Член од
12 мај 2008
Мислења
1.495
Поени од реакции
38
Па не се објаснува баш, пошто треба да го почуствуваш. А и имам читано дека секој различно го доживува. Се разбира се е до околностите, и до тоа колку се држиш по тие некои "правила" да ги наречам. Можеби и не си стигнал до некој степен, кој е всушност целта на медитацијата. Потребна е голема концентрација и мир. :)
Али ако си запнал, ке научиш и ке видиш, и баш поради тоа што е чуство, не можеш да го објасниш туку да го почуствуваш. А јас имам и искуство со некои позезнати работи во врска со медитацијата, али ете не би сакала сеа да коментирам за тоа. Затоа реков, полека само, не забегувајте многу. :)
Sam meditirav i cuvstvoto e mnogu mokno. Navistina ne se opisuva.
 

Бушавка

Differentiated by Style
Член од
4 јули 2008
Мислења
746
Поени од реакции
61
Може многу да се збори за сите овие техники, нивната природа и законитостите кои владеат во таа сфера, кои нема да нефункционираат само заради тоа што вие не сте знаеле за нив или не верувате во тоа.
Пак ќе го повторам мојот став, што и да правите на овој план внимавајте и верувајте највеќе на себе си.
Има право човеков иако не го знам....ВНИМАВАЈТЕ и трудете се сами да пронајдете што е правилно а што не. А околу оние коментари за плаќање и слично....луѓе се ќе си платите...вика или така, иако нема да знаете за тоа
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
3
Поени од реакции
0
Значи све исчитав, до негде ми станаа некои работи појасни, до негде имав некои предзнаења, ама никако не можам да медитирам. Односно не ми е јасно шо треба да се случува, да почувствувам, се обидувам да се сконцентрирам, ги затварам очите и само дишењето го слушам, тоа е се. И како воопшто може да се отворат чакрите, постои посебна техника?

:nesvest::nesvest::nesvest:
 

Бушавка

Differentiated by Style
Член од
4 јули 2008
Мислења
746
Поени од реакции
61
Значи све исчитав, до негде ми станаа некои работи појасни, до негде имав некои предзнаења, ама никако не можам да медитирам. Односно не ми е јасно шо треба да се случува, да почувствувам, се обидувам да се сконцентрирам, ги затварам очите и само дишењето го слушам, тоа е се. И како воопшто може да се отворат чакрите, постои посебна техника?

:nesvest::nesvest::nesvest:
Пробај да не се обидуваш да се сконцентрираш...ништо не се обидувај ништо не се труди да направиш...легни/седни, ако има мисли не се труди да ги спречиш, не се труди ни да ги следиш...понашај се незаинтересирано...незнам дали ке успееш ама сепак пробај
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
3
Поени од реакции
0
Фала, многу. Денеска пробав и мислам дека успеав....... интересно ми беше. Ме интересира само дали постои некој посебен начин за да се отворат чакрите, тоа би сакала да го постигнам, уште еднаш фала у секој случај, многу ми помогна.
 
Член од
15 април 2009
Мислења
130
Поени од реакции
37
Енергетски центри-Чакри

. Muladhara - Root Chakra - Имаш право да бидеш токму овде
Кога е недоволно активна поттикнува чувство на страв

2.
Swadhisthana - Sacral Chakra - Имаш право слободно да чувствуваш
Кога е недоволно активна поттикнува чувство на вина

3. Manipura - Solar Plexus Chakra - Имаш право да дејствуваш
Кога е недоволно активна поттикнува чувство на срам

4. Anahata - Heart Chakra - Имаш право да љубиш и да бидеш љубен
Кога е недоволно активна поттикнува чувство на сожалување

5. Vishudha - Тhroat Chakra - Имаш право да се зборува и да се слуша вистината
Кога е недоволно активна ги поттикнува лагите

6. Ajna - Third Eye Chakra (популарното трето око) - Имаш право да видиш
Кога е недоволно активна ги поттикнува илузиите

7. Sahasrara - Crown Chakra - Имаш право да знаеш
Кога е недоволно развиена поттикнува преголемо приврзување за неважните работи.

Првиот енергетски центар


Сместен е во пределот на крсно-тртичниот плексус, во пределот на perineum кај мажите и cerviks кај жените, меѓу половиот орган и аналниот отвор, во внатрешноста.
Врзан е за материјализација на нашиот тн. Пат, инстинкти и има потполна контрола над сите телесни функции. Ја контролира стабилноста, сигурноста и приземноста. (некои мајстори по источна медицина сметаат дека ја претставува сексуалната енергија кај мажите).
Поврзан е за елементот земја и има јасна и чиста црвена боја.
Овој центар се однесува на нашето физичко преживување и задоволување нашите неопходни физички потре*и – храна, пиење, облекување, лекови, живеалиште и др. Го уредува и нашиот однос кон материјата, материјалното остварување, телото и храната која ја јадеме, а исто така е поврзан и со семејството, домот, племе односно народ, традицијата.
Кога е затворен овој енергетски центар, личноста пати од недостаток на виталност, тешко ги материјализира својте идеи, има финансиски проблеми, чувствува страв од промени и сопствени искуства, премногу се потпира на родителите, партнерот или некој авторитет, и недостасува иницијатива и
општо, склона е светот да го посматра како опасно и непријателско место.

Кога овој центар е премногу отворен, личноста е постојано гладна и незадоволна на материјален план, се поистоветува со својот материјален имот, склона е кон работохолично однесување, претерана физичка активност, па можно е да живее во непрекинат страв од губиток на сила, пари, здравје. Поради тоа опсесивно се посветува на нега на сопственото тело, како и претерана грижа околу храната што ја јаде, а можна е и хипохондрија.
Многу тн. “духовњаци“ го имаат овој центар неурамнотежен бидејќи го сметаат за нижи план на свесноста кој треба да се надмине , а што е потполно погрешно бидејќи овој прв енергетски центар на матреијален план ги манифестира сите идеи и духовни дострели на останатите енергетски центри.
 
Член од
15 април 2009
Мислења
130
Поени од реакции
37
Втор енергетски центар


Сместен е на местото на карличниот плексус, на кичмата, во висина на опавчето. Тука се наоѓа средиштето на нашата сексуална енергија . Чувството за овој енергетски центар обично го нарекуваме “пеперутки во стомакот“ особено изразено кај женит. За него се врзува доминацијата и емотивноста. Поврзан е со елементот вода и има јасна портокалова боја.
Овој центар го уредува нашиот однос кон сексуалноста, но и нашето нагонското, несвесно битие, каде се потхрануваат нашите најдлабоки желби, тежнеења и способноста за доживување на животните уживања. Тука се одржува и нашето право да чувствуваме и да сакаме, без страв и цензура кои обично во детството ни се наметнуваат. Имено, некои негативни чувства како бес, тага или страв се потискуваат со што се оштетува детското самопочитување, што покасно го наведува да има потиснати чувства, па врз физичкото тело предизвикува различни енергетски блокади, заболувања и психича нерамнотежа.
Кога овој енергетски центар е затворен, личноста сама се*е не се доживува доволно вредна и привлечна, се плаши од својте нагонски реакции и емоции, па склона е кон претерано рационализирање. Не знае да ужива во сопственото тело, па можно е да има проблеми со фригидност или импотенција.
Кога е премногу отвотерен овој центар, личноста е склона кон исцрпување на туѓата енергија за задоволување на сопствените потре*и, ги конзумира својте сексуални партнери на чисто телесно ниво без заинтересираност за нивните емоции, но со тоа всушност самата се*е се повредува користејќи ја својата промискуитетност и непочитувањето на сопственото тело.
Урамнотежен со првиот центар и доволно проточен, овој енергетски центар му дава способност на човекот да ужива во плодовите на својата работа како и спонтано и природно да ги изразува својте емоции и желби.
Tрет енергетски центар
Третиот центар се врзува за соларниот плексус. Ова е резервоарот на нашата животна енергија, каде што се врши нејзината акумулација, за да ја можеме употре*име за сите неопходни телесни и психо-ментални процеси. Се наоѓа во пределот на стомакот, и на кичмата, поточно на половина растојание меѓу пупакот и градната коска. Ова е највисокото ниво на нашето физичко тело; врзан е за рационалното и умот.
Со овој енергетски центар владее огнот. Има топла жолта боја, со примеси на златна.
Тука се уредува нашоит однос кон моќта, амбициите, авторитетите. Одговорен е за нашето чувство за самопочитување и личен интегритет, како и за нашето право за делување и интелектуална нзависност. Општеството и оваа чакра ја подредува на репресија со вообичаени воспитни шаблони: девојчињата треба да бидат послушни и незахтевни, при што таа се потискува, а кај момчињата се пренагласува со тоа што тие мораат да бидат со натпреварувачки, победнички дух, најдобри и први. Многу луѓе под вакви влијанија во детството, покасно се повлекуваат во се*е, плашливи и несигурни, но и аутодеструктивни. Според врвите мајстори на источните духовно-боречки вештини, токму неурамнотеженоста на овој енергетски центар е причина за сериозни психосоматски пореметувања како и тешки болести као рак и оштетувања на имунитетот.
Кога овој енергетски центар е премногу затворен, личноста е пасивно – агресивна, не знае да се избори за своето место под сонцето, ја нервираат туѓи успеси, внатрешно фрустрирана па и бесна и чувствува љубомора. Надворешно е претерано скромна и попустлива. Исто така се присутни и сите видови на стравови, посебно страв да не биде исмеван, изневерен, искористен итн.
Кога овој енергетски центар е премногу отворен, личноста не бира средства да ги оствари својте професионални цели, склона е кон тиранско однесување, ја наметнува својата воља, како и вербална и физичка агресија со која се обидува да го прикрие своето чувство на внатрешна немоќ.Урамнотежена со првите два енергетски центри и доволно проточна, овој центар на позитивен начин го урамнотежува и засилува егото кое се изразува асертивно наместо агресивно однесување, дава моќ на храброста и одлучноста, но така да не ги повредува туѓите лични граници.
Четврти енергетски центар
е во кардиалниот плексус, на кичмата, во висина на средната градна коска. Се врзува за срцето. Тоа е центар на безусловна љубов, на креативната, универзална енергија. Со потполно отварање на овој центар, личноста е во состојба да ја контролира и усмерува својата животна енергија, да се ослободи од поврзаноста со материјата и од својте сетила. Негов елемент е воздухот и поврзан е со астралното ниво. Има смарагдно зелена боја, а понекогаш розе.
Овој енергетски центар го уредува нашиот однос кон љубовта, но не само на онаа кон нашиот партнер, туку во прашање е виши облик на внатрешна освестеност, кога личноста е способна да се сака прво се*е, другите луѓе, и светот во целина, па во се*е развила и универзално сочувство кон сите живи суштества.
Тука е содржано нашето право да љубиме и да бидеме љубени, сакани. Општеството и оваа чакра ја блокира, особено на колективно ниво кое се оцртува низ некои осудувачки ставови кое ги има кон слободната еротска љубов меѓу жената и мажот, љубов меѓу различни нации, раси, вери, како и кон љубовта меѓу хомосексуалците. Патријахатот дозволува само еден облик на човеково здружување, тоа е традиционалниот брак меѓу маж и жена, првенствено наменет за создавање потомство.
Кога овој енергетски центар е затворен, личноста е непрекинато сомничава кон туѓите мотиви, тешко ја изразува својата наклоност, а одвнатре се чувствува недоволно сакана или невредна за љубов, без оглед колку луѓето околу неа се трудат да и угодат.
Кога е премногу отворен овој центар, личноста претерано се жртвува за другите сентинентална е, попустлива, склона кон претерана идеализација, сладуњава романтика, самосожалување и некритички нудење љубов на личности кои не се за Урамнотежен и проточен, овој енергетски центар дава способност за емотивна интелегенција. Личноста е способна да ги препознае и разбере првенствено својте , но и туѓите емотивни потре*и, односно способна е и знае како да ги урамнотежи спротивностите во самата се*е, а природното чувство на љубов кое го изразува кон светот е одраз на нејзиното внатрешно самоприфаќање.
Петти енергетски центар
Овој центар се наоѓа во faringel i laringel plaksus, на кичмениот столб во висина на гркланот. Центар е на вољата, вербата и самодовербата. Го претставува потполното знаење за минатото, сегашноста и иднината, способноста за егзистирање без храна, бесмртноста. Ги соединува Љубовта и Спознанието, сите наши потенцијали на патот кон бесконечниот развиток. Овој центар има светла сина боја.
Ги уредува нашите способноста за комуникација, кога човекот преку говорот го изразува она што го мисли и чувствува. Ова е енергетски центар заслужен за слободниот избор, одговорноста и креативноста. Во него е содржано нашето право да ја зборуваме и слушаме вистината, со зборови да го искажеме она што го носиме во срцето, како и она што го гледаме со својот внатрешен поглед во длабочините на нашето битие. Како центар на вољата (со чија помош) нашиот внатрешен дух се организира самиот се*е, за да може да се изрази во материјалните светови на нашето постоење, на различни креативни планови.
Кога е затворен овој енергетски центар, личноста има страв од јавно изразување на сопствените ставови. Може да е склон на плагирање на туѓи идеи и мисли, на претерано интелектуализирање, разионализација и кон сувопарни академски знаења кои немаат практична цел. Може да е неорганизиран, деконцентриран, но и недруштвен.
Кога е премногу отворен, постои склоност кон ментално надмудрување и некорисни расправи. Личноста е премногу усмерена на тоа што и каков дојам нејзините мисли/зборови предизвикуваат во околината, вербално нетактична, па и окрутна. Вољата е пренагласена, можна е зависност од информирање, и подложна е на нервно растројство како последица на ментална преоптеретеност.
Урамнотежен со нижите центри, особено со срцевиот, дава способност за мудро и убаво изразување кое ги допира срцата. Комуникацијата не се доживува како наметнување и побивање на ставовите на соговорникот, туку како мост кој ја проширува взаемната перцепција. Вољата се урамнотежува со емоциите, а одговорноста кон се*е и другите се доживува природно, без оптеретува
Шести енергетски центар

Се наоѓа во kavernen plexus, во цетарот на главата, на врвот на мозочното стебло, каде што е епифизата. Тоа е команден центар и го претставува вишото ментално ниво. Со негово отварање се доаѓа до потполното Знаење, просветлување на сопствеиот Пат. Има виолетова боја.
Овој енергетски центар ја уредува нашата способност за внатрешно согледување, интуиција, трагање по убавината, вистината и мудроста. Тоа е центар на идеалите, визиите, фантазијата и секако, соништата. Во него се содржи нашето право да ја согледам вистината без илузија и разубавување.
Општеството на колективно ниво исто така го блокира овој енергетси центар така што преку разни медиуми сервира лажни слики (пр. приказни за богати и убави луѓе, медиумски ѕвезди и сл. како и родови стереотипи за тоа какви треба да бидат тн. идеални мажи односно тн. идеални жени).
Кога овој енергетски центар е затворен, личноста не е способна за доживувања на подлабока вистина зад привидот на реалноста, премногу е прагматична и стерилна, склона на шаблонизирање, воопштување, како и своевидна слепост кога се во прашање нејзините духовни димензии. Блокирана е оригиналноста, па таа личност не ги гледа или незнае да ги изрази својте внатрешни таленти
Кога овој центар е премногу отворен, личноста е склона кон различни илузии и бегство од реалноста. Стварноста никогаш не е доволно совршена во онаа мера, во која таа се гледа на својот внатрешен план, што може да доведе до трајно чувство на фрустрации. Урамнотежен со останатите енергетски центри и проточен, овој центар дава моќ да се искористат различните психички дарби. Личноста е способна да ја види суштината на нештата, мудроста ја создава на темел на сопствените искуства, чувствува внатрешно водство и знае да го препознае вистинскиот момент за делување.

Седми енергетски центар
Овој енергетски центар се наоѓа на врвот на главата, на темето. Тоа е највисокиот центар на нашето физичко тело. Го претставува надминувањето на просторот и времето. Има бела боја со златен сјај.
Ова е центар на свесноста и самоспознанието. Во него се содржани сите наши уверувања, како и способноста за свесно усмерување, расудување и трансформација на тие уверувања. Тука е содржано и нашето право да постојано тежнееме кон нови знаења и вештини, да се просветлуваме во тој процес и да бидеме креативни, во смисла на обликување на нови светови на духот со кои може да се трансформира материјаната стварност, во и вон се*е. Во овој центар се решава и нашиот однос кон универзумот, бог и религијата.
Кога овој центар е затворен, личноста не поседува свест за смислата на сопствениот живот, нејасни и се нејзината цел и животна мисија. Се препушта на водство на различни духовни авторитети. Некои личности немаат изграден духовен интегритет и често се склони да го нарушуваат туѓиот. Не се чувствуваат поврзани со универзалните принципи.
Кога овој енергетски центар е премногу отворен, личноста може да пати од месијански идеи, да го развие тн. “духовно его“ и разни облици на духовна дискриминација кон сите оние што имаат поинакви уверувања. Исто така личноста може да биде и зависна од духовноста и да бега во неа, притисната со тешкотиите на материјаното живеење.
Кога овој енергетски центар е проточен и урамнотежен со сите останати нижи центри, дава способност на синтеза, длабоки духовни увиди, како и способноста на отфрлање на негативни влијанија и блокади од уверувања.
Оваа личност вербата ја сваќа како енергија која самата ја усмерува, создава и разградува и живее доследно, во склад со сопствените уверувања на сите нивоа на сопственото битие.
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
Со мало задоцнување :), метода која најмногу одговара на нашиов менталитет е мантрата, повторување на одреден збор или зборови милиони и милијарди пати, од ден на ден, тие делуваат како хипнотички бранови за умот, и полека но сигурно умот ни доаѓа под контрола. Најтешко е да се надмине втората чакра која ја контролира несвеста, еднаш кога таа вистински ќе се надмине следно искушение ќе бидат окултните моќи кои ќе се развијат. Доколку човек не остане на нив и продолжи понатаму, можно е целосно просветление. Но доколку се посомнева дека ја надминал таа втора најопасна чакра, како јас, се паѓа во вода и мора се одново и ќе биде многу потешко.


„Преведено’’ за наш западен менталитет, надминувањето на втората чакра е потполно владеење и контрола на емоциите, желбите, стравовите. Значи своевидно просветление, само уште контрола и надминување на окултните моќи. Кој тоа го сака? Me not sure. :wink:
 
Член од
26 декември 2008
Мислења
608
Поени од реакции
236
Постојат 7 чакри не осум. И како што знаеме од тоа во која чакра се наоѓа свеста таа е на такво ниво на свест.
Односно колку повеќе чакри се делумно или целосно активни толку е поширока свеста односно перцепцијата и се разбира се зголемува опсегот на сензации односно чуства што можеме да ги почуствуваме се разбира во позитивен правец.
Со отворањето односно активирањето на 3 чакра се појавуваат одредени способности кои кај јавноста се познати како парапсихолошки способности.
Како на пример, одредена видовитост, телепатија се разбира делумна,
потоа способност да се предвидат одредени аспекти од она што сеуште не се случило односно од иднината.
Но овие способности кои се појавуваат уште само со отварање на 3 чакра за најголемиот дел од луѓето се само научна фантастика затоа што не се на вакво ниво на свест и ова се коси со нивната претстава за реалноста.
Изгледа сите 7 чакри се контиунирано делумно активни.
Но мислам дека еве кога на пример 3 чакра е доволно активирана свеста се наоѓа на ова ниво и двете пониски чакри се надминати и не играат директна улога за нашата свест.
Односно нивното влијание во однос на карактерните црти и свеста на личноста
на некој начин е завршено нели?
 

BliND

Raptus regaliter...
Член од
16 јануари 2006
Мислења
3.963
Поени од реакции
361
Постојат 7 чакри не осум. И како што знаеме од тоа во која чакра се наоѓа свеста таа е на такво ниво на свест.
Односно колку повеќе чакри се делумно или целосно активни толку е поширока свеста односно перцепцијата и се разбира се зголемува опсегот на сензации односно чуства што можеме да ги почуствуваме се разбира во позитивен правец.
Со отворањето односно активирањето на 3 чакра се појавуваат одредени способности кои кај јавноста се познати како парапсихолошки способности.
Како на пример, одредена видовитост, телепатија се разбира делумна,
потоа способност да се предвидат одредени аспекти од она што сеуште не се случило односно од иднината.
Но овие способности кои се појавуваат уште само со отварање на 3 чакра за најголемиот дел од луѓето се само научна фантастика затоа што не се на вакво ниво на свест и ова се коси со нивната претстава за реалноста.
Изгледа сите 7 чакри се контиунирано делумно активни.
Но мислам дека еве кога на пример 3 чакра е доволно активирана свеста се наоѓа на ова ниво и двете пониски чакри се надминати и не играат директна улога за нашата свест.
Односно нивното влијание во однос на карактерните црти и свеста на личноста
на некој начин е завршено нели?
Постојат многу повеќе од 7 чакри , меѓутоа во различни димензии, за нас недостижни.
А парапсихолошките способности не се толку тесно поврзани со чакрите.
Многу од нас и несвесно можат да ги прочистат чакрите , без да знаат дека тоа го прават.
Секој од нас може да ги отвори сите чакри , меѓутоа неможе секој од нас да биде „видовит“ или пак телепатски да комуницира со некој друг.
Поправи ме ако грешам , меѓутоа мислам дека секој од нас може да ги отвори зар не?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom