Македонија преплавена со сомнителни кинески производи

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
5.267
Поени од реакции
12.581
Македонските пазари се преплавени со сомнителни кинески производи. Во последниот случај конфискуван е кујнски прибор од маркетот во „Рамстор“, за кој е докажано дека предизвикува хронично заболување кај луѓето.

Овој производ во својот состав содржел амини кои во допир со храна по извесно време предизвикуваат влошување на здравјето.

Предупредување за ова стаса од Научниот институт од Брисел. Здравствените власти итно реагираа, пластичниот кујнски прибор е повлечен од продажба.

Но, колку вакви или слични производи се уште се закана за здравјето на луѓето? Организацијата за потрошувачи бара од надлежните инспекции да воведат построги контроли, особено за стоката од Кина.

„Потрошувачите, кога ги купуваат производите во трговската мрежа, треба да се сигурни, практично знаат дека тие производи се безбедни и не се штетни по нивното здравје“, изјави Татјана Тасевска, Организација на потрошувачи.

„Надлежните институции треба да преземат најголеми мерки, значи да има најголема контрола на границата при увоз на производите, посебно за кинеските производи“, додаде Тасевска.

Со тони се увезуваат чевли, гардероба, играчки, производи за домаќинство. Иако квалитетот на производите честопати бил сомнителен, сепак македонските граѓани масовно ги купуваат.

Привлечни се поради цените, двојно пониски од домашните и производите на другите земји.

„Имам некои работи купувано, меѓутоа не сум баш многу задоволна, имаат некој мирис. Поевтини се, за нашиот стандард се супер. Се знае дека квалитетот е полош од нашиот, ама тоа е тоа. Немаат квалитет, сум имала лошо искуство со детски играчки, не се квалитетни“, велат граѓаните.

Минатата година во Америка изби скандал, кога беше откриено дека кинеските играчки во составот имаат олово. Милиони парчиња од овој производ беа повлечени од продажба.

Европската комисија неколкупати се закани дека ќе воведе забрана за увоз од оваа земја доколку производите не бидат прилагодени на европските стандарди за здравје и безбедност.

Македонските власти досега не реагираа на алармот што доаѓаше однадвор. Кинескиот кујнски прибор е меѓу ретките производи што се повлечени од продажба.

A1
 
Јас само ќе додадам на темава дека минатото лето во Охрид некоја жена купила кинески папучи од некаде. По неколку носења забележала иритација на кожата од нејзините стапала. Веднаш после иритацијата станало распаѓање на кожното ткиво и тоа распаѓање допрело до коска ми се чини.
 
Моја препорака како искуство со одредени материјали.

Внимавајте на евтините чешмите од кинеско производство тие се од рециклирани материјали и во огормен дел се канцерогени.
Гранитните и порцелански плочки кај добар дел од нив забележана е радиоактивност над дозволената.
ЕУ земјите затоа го вовоедоа стандардот дека сите матријали кои се користени за производство на тој тип на производ се со 0 радиоактивност.
 
Добро, како живеат тие бе зар немаат галје од радиација, ебати кинезите ќе не уништат.
 
Добро, како живеат тие бе зар немаат галје од радиација, ебати кинезите ќе не уништат.
Тие само ги произведуваат и ги носат во останатите земји во светот.
 
А што очекувавте за тие пари? Се знае колку пари толку музика. Сигурно дека папуча од 3 за 100 ќе ти влезе у кожа...ама тоа ти е НАРОД, демек ако платам 50% помалце ќе се усреќам а уствари се осакатува човек. Еден другар купи кинеска кацига од автопазар за 650 денари, за 3 месеца оќелаве
 
А што очекувавте за тие пари? Се знае колку пари толку музика. Сигурно дека папуча од 3 за 100 ќе ти влезе у кожа...ама тоа ти е НАРОД, демек ако платам 50% помалце ќе се усреќам а уствари се осакатува човек. Еден другар купи кинеска кацига од автопазар за 650 денари, за 3 месеца оќелаве
Хахахахахах жалниот тој! :pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos:
 
А ластичињата за коса правени од рециклирани кондоми ?
 
Значи пазите не купувајте мауси и тастатури од пазар од кинеско производство.
 
А што очекувавте за тие пари? Се знае колку пари толку музика. Сигурно дека папуча од 3 за 100 ќе ти влезе у кожа...ама тоа ти е НАРОД, демек ако платам 50% помалце ќе се усреќам а уствари се осакатува човек. Еден другар купи кинеска кацига од автопазар за 650 денари, за 3 месеца оќелаве

Аман бе, и жилети почнаа да пикаат во производите?
Не дај боже да земам 3 за 100 гаќи.:pos:
 
Извесен црн кујнски прибор од пластика со потекло од Кина, за кој е утврдено дека станува збор за небезбеден производ, повлечен е од пазарот во Македонија. Ова денеска го соопшти Дирекцијата за храна при Министерството за здравство, додавајќи дека производот се продавал во продавниците на Рамстор во Скопје и Тетово.
„Од увезените 144 производи, во супермаркетот во Скопје биле продадени 29, додека во Тетово 15 производи. Останатите 100 производи се повлечени од промет од увозникот, откако Државните инспектори за храна ја забранија продажбата на останатите производи“ се вели во соопштението.

Известувањето дека овој производ со потекло од Кина, кој бил испорачан преку Холандија, е небезбеден пристигнало од Европската комисија, откако Институт за Јавно Здравство во Брисел по направените анализи утврдил присуство на примарни ароматични амини во концентрација поголема од дозволената.

Освен во Македонија, истиот производ бил испорачан во над 20 европски држави.



Линк
 
Мислам дека Кинезите се ослободуваат од отпадот преку рециклирање и извоз.
 
Можда и од мртвите се ослободуваат преку рециклирање и извоз. Не се шалам, замисли на толкава нација што зорт е за гробни парцели, баш лани читав негде таква статија, дека снемува гробни површини.

Не е чудо некој да носи патики од мртов Кинез.
 
Можда и од мртвите се ослободуваат преку рециклирање и извоз. Не се шалам, замисли на толкава нација што зорт е за гробни парцели, баш лани читав негде таква статија, дека снемува гробни површини.

Не е чудо некој да носи патики од мртов Кинез.
Барем да пишуваше од кој се и RIP да стои. За жал ко што кажав, многу сме чудни кога пробуваме да „заштедиме„ на некои работи од кои животот ни значи
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom