Женски финти за манипулирање

DimceY

Jimmy
Член од
20 ноември 2007
Мислења
5.795
Поени од реакции
5.562
Kога девојките сакаат нешто и кога помеѓу нив и предметот на нивната желба стои некаква препрека (а тоа можеш да бидеш и ти), може да употребат разни финти со чија помош ќе се обидат да ја свртат водата во нивната воденица. Нормално, чест на исклучоците. Работите кои таа сака да ги постигне со манипулација можат да бидат најразлични - од тоа кој филм заеднички ќе го гледате во кино, па се до наметнување на решенија на заеднички и сериозни проблеми.

1.Солзи
Пoвеќето девојки знаат дека солзите се најлесниот начин за манипулирање, бидејќи на момците им е едноставно непријатно кога девојката плаче и најчесто ќе направат скоро се само да го прекинат плачењето. Што да се направи? Кога ќе зацмиздри, а по твое мислење не се случило ништо што би го предизвикало тоа, најдобро е да се тргнеш од неа, посебно доколку чувствуваш дека солзите не и се баш искрени. Не, нема да испаднеш бесчувствителен, едноставно почекај да се смири ситуацијата и потоа поразговарај со неа. Но, внимателно, битно е правилно да ја процениш ситуацијата - доколку плаче од оправдана причина и ни на крај памет не и паднало да манипулира со тебе - епа, тешко тебе.

2.Ласкање
Момците секогаш имаат големо его и постојано им е потребна некоја потврда дека се добри, паметни, убави...најдобри. А девојките го знаат тоа, па затоа со ласкање можат да го добијат тоа што го посакуваат. Ќе ти даваат комплименти за изгледот, начинот на кој се бакнуваш, галиш и слично. А кога се чувствуваш убаво, добро, моќно и задоволно - хех, поголеми се можностите да и го дадеш тоа што го сака. Што да се превземе? Игнорирај ја доколку ти дава премногу комплименти. Океј, сосема е во ред некој комплимент, но еден по друг, еден по друг, еден по друг....ако тоа не ти е чудно, тогаш и со тебе нешто не е во ред.

3.Љубомора
Доколку не сакаш да оствариш некоја од нејзините желби, може да започне разговор со непознати во диско, да им се смешка и да флертува со нив...нормално - за да ти предизвика љубомора, мислејќи дека тогаш ќе и попуштиш. Што да се превземе? Во никој случај не се обидувај и ти да ја направиш љубоморна само за да се одмаздиш. Најдобро е да ги игнорираш нејзините обиди да те направи несреќен. Доколку флертува со некого пред твојот нос, кога ќе заврши прашај ја дали убаво се забавувала и никако немој да правиш сцени, бидејќи така ќе го добие тоа што го посакува.

4.Повлекување
Не го добила тоа што го посакувала и се повлекува во себе, не е расположена за разговор, секогаш е зафатена, намрштена...Па нормално, и ова е едно од средствата за манипулација: си мисли дека доколку се исплашиш дека ќе ја изгубиш, дека ќе и попуштиш. Што да се прави? Директно прашај ја дали сеуште сака да биде со тебе или не.

5.Принцот на бел коњ
Иако девојките можат сами да направат буквално се (да, тоа е жива вистина, доколку мислиш дека и е потребна незаменливата машка рака си се зезнал), сепак од време на време сакаат да се направат малку понеспособни отколку што се. Тоа е така затоа што доколку понекогаш испаднеш нивниот принц на бел коњ, нивниот херој од улицата, можеби ќе им го исполниш тоа што го посакуваат. Освен тоа, тешко е да му се налутиш на некого кој ти дозволува да бидеш супериорен, нели? Што да се прави? Пoвремено е убаво да и се помогне, но не и дозволувај да мисли дека си и на располагање 24 часа дневно и дека може да те искористува. Значи, помогни и за нешто за кое цениш дека навистина и е потребна помош, но некогаш треба да и речеш не, јасно и гласно.
 
Б

БејбиГрл

Гостин
Која женска го прави ова стварно незнам.Сигурно некоја малоумна.Не верувам дека сеуште постојат девојки кои применуваат вакви "финти" за манипулирање
 
Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Има, на другарот женска му летоска сите овие финти му ги направи, се разбира и ја остави во дискотеката каде што флертуваше со едни типови, па тие ја враќаа.
 
Маца_мк

♫♥good girl gone bad♥♫
Член од
13 февруари 2007
Мислења
6.421
Поени од реакции
464
па добро, ова се веќе застарени форми на манипулација, кој уште паѓа на овие?плус, ако дошло до ова, тоа повеќе не е нормална врска, или пак личноста не е нормална:hihi: :lollipop:
 
DimceY

Jimmy
Член од
20 ноември 2007
Мислења
5.795
Поени од реакции
5.562
Која женска го прави ова стварно незнам.Сигурно некоја малоумна.Не верувам дека сеуште постојат девојки кои применуваат вакви "финти" за манипулирање

ај прво да се насмеам убаво :pos2::pos2::pos2:мислам нема потреба од глумење лудило.значи нема девојка јас со живот гарантирам што нема направено ако не сите барем дел од овие работи.
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Во право си ДимчеЈ. Овие ,,финти,, е дел од однесувањето на женските.
 
DimceY

Jimmy
Член од
20 ноември 2007
Мислења
5.795
Поени од реакции
5.562
Во право си ДимчеЈ. Овие ,,финти,, е дел од однесувањето на женските.
е алал да ти е друже браво.значи они више ова го сметаат за нормална работа да во право си
 
Маца_мк

♫♥good girl gone bad♥♫
Член од
13 февруари 2007
Мислења
6.421
Поени од реакции
464
ај прво да се насмеам убаво :pos2::pos2::pos2:мислам нема потреба од глумење лудило.значи нема девојка јас со живот гарантирам што нема направено ако не сите барем дел од овие работи.
Во право си ДимчеЈ. Овие ,,финти,, е дел од однесувањето на женските.
колку само не сте во право.не може да го унифицирате однесувањето на девојките затоа што секоја девојка е приказна за себе.и навистина, барем мене, не ми се случило да одглумам нешто од ова затоа што сметам дека ако на типот не сум му интересна и не ми обрнува внимание нема да правам идиот/будала/кретен/лигла/плачка и што ли уште не од себе за да го привлечам неговото внимание.ако не е заинтересиран чао-пријатно:lollipop:
 
F

Foxy`BuTTerFLY

Гостин
Јас си признавам, со солзи имам неколку пати добро одглумено за да добијам што сакам, но после имам грижа на совст и се обидувам да го избегавам тоа
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
колку само не сте во право.не може да го унифицирате однесувањето на девојките затоа што секоја девојка е приказна за себе.и навистина, барем мене, не ми се случило да одглумам нешто од ова затоа што сметам дека ако на типот не сум му интересна и не ми обрнува внимание нема да правам идиот/будала/кретен/лигла/плачка и што ли уште не од себе за да го привлечам неговото внимание.ако не е заинтересиран чао-пријатно:lollipop:
Ако почнеме да пишуваме на се -има и искључоци ехееее. За секое нешто има искључоци ама 99,9 % се такви.

Ти си во 0,1%:)Ама тешко ми е да замислам дека ниеднаш до сега за да го привлечеш вниманите на партнерот не си се повлекла за да те праша :Што ти е? :)
 
значи ти сакаш да кажеш дека до сеа никогаш не ти се случило да му зацмиздриш без везе или да го правиш љубоморен ако не ти обрнува доволно внимание, или ако нешто не искочило како што си планирала тебе не ти не се случило да се "повлечеш" и да му префрлаш за некои безвезни работи?????
 
MaRyJaNe-poison

Beauty in Black
Член од
11 септември 2007
Мислења
2.722
Поени од реакции
167
Жени....бегаат од фактите и не признаваат. Искрено, се пронајдов во некоја од горенаведените "финти", сум употребила и јас некогаш "финта", сосем нормално.:toe:
Ко демек се вас ви цвета во врските па не сте направиле нешто од она горе..или па...друга "финта". Ма дај...
 
Маца_мк

♫♥good girl gone bad♥♫
Член од
13 февруари 2007
Мислења
6.421
Поени од реакции
464
Ако почнеме да пишуваме на се -има и искључоци ехееее. За секое нешто има искључоци ама 99,9 % се такви.

Ти си во 0,1%:)Ама тешко ми е да замислам дека ниеднаш до сега за да го привлечеш вниманите на партнерот не си се повлекла за да те праша :Што ти е? :)
значи ти сакаш да кажеш дека до сеа никогаш не ти се случило да му зацмиздриш без везе или да го правиш љубоморен ако не ти обрнува доволно внимание, или ако нешто не искочило како што си планирала тебе не ти не се случило да се "повлечеш" и да му префрлаш за некои безвезни работи?????
мм... се повлекувам кога гледам дека има попаметна работа од тоа да биде со мене, но обично кога ќе се повлечам и си идам така да нема шанса да збори со мене:)значи сум во тие 0,1% ко што викаш ти армин.
а димчеј, јас плачам само кога навистина имам причина за тоа и не го сметам како нормално однесување цмиздрењето за да се добие нешто кај дечкото.а за правење љубомора и префрлање на безвезни работи..не памтам дека ми се случило и мислам дека е многу подло:lollipop:
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Јас си признавам, со солзи имам неколку пати добро одглумено за да добијам што сакам, но после имам грижа на совст и се обидувам да го избегавам тоа
Кој признава пола му се прашта:)

Добро Маца ти си 0,1% Ама признај сакаш да го направиш љубоморен на моменти?
 
F

Foxy`BuTTerFLY

Гостин
Кој признава пола му се прашта:)

Добро Маца ти си 0,1% Ама признај сакаш да го направиш љубоморен на моменти?
А кој не го прави тоа? од мали го правиме сите, и машки и женски.Коа сакавме мастика или некоја играчка плачевме.тоа е нормално човечко однесување.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom