DimceY
Jimmy
- Член од
- 20 ноември 2007
- Мислења
- 5.795
- Поени од реакции
- 5.562
Kога девојките сакаат нешто и кога помеѓу нив и предметот на нивната желба стои некаква препрека (а тоа можеш да бидеш и ти), може да употребат разни финти со чија помош ќе се обидат да ја свртат водата во нивната воденица. Нормално, чест на исклучоците. Работите кои таа сака да ги постигне со манипулација можат да бидат најразлични - од тоа кој филм заеднички ќе го гледате во кино, па се до наметнување на решенија на заеднички и сериозни проблеми.
1.Солзи Пoвеќето девојки знаат дека солзите се најлесниот начин за манипулирање, бидејќи на момците им е едноставно непријатно кога девојката плаче и најчесто ќе направат скоро се само да го прекинат плачењето. Што да се направи? Кога ќе зацмиздри, а по твое мислење не се случило ништо што би го предизвикало тоа, најдобро е да се тргнеш од неа, посебно доколку чувствуваш дека солзите не и се баш искрени. Не, нема да испаднеш бесчувствителен, едноставно почекај да се смири ситуацијата и потоа поразговарај со неа. Но, внимателно, битно е правилно да ја процениш ситуацијата - доколку плаче од оправдана причина и ни на крај памет не и паднало да манипулира со тебе - епа, тешко тебе.
2.Ласкање Момците секогаш имаат големо его и постојано им е потребна некоја потврда дека се добри, паметни, убави...најдобри. А девојките го знаат тоа, па затоа со ласкање можат да го добијат тоа што го посакуваат. Ќе ти даваат комплименти за изгледот, начинот на кој се бакнуваш, галиш и слично. А кога се чувствуваш убаво, добро, моќно и задоволно - хех, поголеми се можностите да и го дадеш тоа што го сака. Што да се превземе? Игнорирај ја доколку ти дава премногу комплименти. Океј, сосема е во ред некој комплимент, но еден по друг, еден по друг, еден по друг....ако тоа не ти е чудно, тогаш и со тебе нешто не е во ред.
3.Љубомора Доколку не сакаш да оствариш некоја од нејзините желби, може да започне разговор со непознати во диско, да им се смешка и да флертува со нив...нормално - за да ти предизвика љубомора, мислејќи дека тогаш ќе и попуштиш. Што да се превземе? Во никој случај не се обидувај и ти да ја направиш љубоморна само за да се одмаздиш. Најдобро е да ги игнорираш нејзините обиди да те направи несреќен. Доколку флертува со некого пред твојот нос, кога ќе заврши прашај ја дали убаво се забавувала и никако немој да правиш сцени, бидејќи така ќе го добие тоа што го посакува.
4.Повлекување Не го добила тоа што го посакувала и се повлекува во себе, не е расположена за разговор, секогаш е зафатена, намрштена...Па нормално, и ова е едно од средствата за манипулација: си мисли дека доколку се исплашиш дека ќе ја изгубиш, дека ќе и попуштиш. Што да се прави? Директно прашај ја дали сеуште сака да биде со тебе или не.
5.Принцот на бел коњ Иако девојките можат сами да направат буквално се (да, тоа е жива вистина, доколку мислиш дека и е потребна незаменливата машка рака си се зезнал), сепак од време на време сакаат да се направат малку понеспособни отколку што се. Тоа е така затоа што доколку понекогаш испаднеш нивниот принц на бел коњ, нивниот херој од улицата, можеби ќе им го исполниш тоа што го посакуваат. Освен тоа, тешко е да му се налутиш на некого кој ти дозволува да бидеш супериорен, нели? Што да се прави? Пoвремено е убаво да и се помогне, но не и дозволувај да мисли дека си и на располагање 24 часа дневно и дека може да те искористува. Значи, помогни и за нешто за кое цениш дека навистина и е потребна помош, но некогаш треба да и речеш не, јасно и гласно.