Падна митот за "патриотизмот" на Премиерот

  • Креатор на темата Креатор на темата realen_07
  • Време на започнување Време на започнување
Eden kup gluposti da se iznachita chovek od tebe taka shto da nemozhe da se svrzi kraj so kraj za da ti odgovori.
 
sdsm i branko,Albanci,sex i makedonija...ne si mi jasen pak shto sakash da kazesh,pak shlakash gluposti za da nemozhe chovek da sostavi kraj so kraj da ti odgovori.I kakva vrska ima sdsm,branko i sex so kvazipatriotizmot na Grujo.
 
OMO PIRIN e partija .Nie zboruvame za makedonskoto malcinstvo koe e izbrisano od SDSM sakas toa da go raberes ili ne tvoj problem. no fakt e deka sdsm gi izbrisa makedoncite vo sosednite zemji.
Па чиви интереси застапува ОМО ПИРИН бе фанатик ? На бугарското мнозинство или Македонското малцинство ?

И што уште требаше Станишев да истресе среде Скопје, за да слушнеме било каква реакција од таканаречениот патриот ?
 
Па чиви интереси застапува ОМО ПИРИН бе фанатик ? На бугарското мнозинство или Македонското малцинство ?

И што уште требаше Станишев да истресе среде Скопје, за да слушнеме било каква реакција од таканаречениот патриот ?
Е, да. На искажаните ставови на Станишев, Груевски немаше одговор. Дали од дипломатски соображенија, ...слагање,...или нешто трето...не се знае. Кој знае...нека каже.
 
Каде беше премиерот Груевски ?

По онаа скандалозна епизода на поранешниот грчки министер за надворешни работи, Теодорос Пангалос, кој пред десетина години ги нарече членовите на партијата Виножито на македонското малцинство во Грција мала група хомосексуалци, Скопје виде уште еден срам кога бугарскиот премиер Сергеј Станишев се подбиваше со членовите на ОМО „Илинден“ -ПИРИН, партијата на македонското малцинство во Бугарија, нарекувајќи ги луѓе кои само сакаат да бидат во центарот на вниманието. Изјавите во стилот на познатите реторики и политики на двете земји спрема македонското прашање немаше толку да фрапираат доколку не беа искажани тука, во Скопје.
Но, моментот што најмногу иритира во сето тоа е што македонските домаќини и тогаш (шефот на дипломатијата Александар Димитров) и сега (премиерот Никола Груевски), беа само неми статисти на изјавите на понижување и подбивање со деловите од нашиот народ и нивните права во двете авторитарни (во поглед на малцинските прашања) држави - Грција и Бугарија.

На Станишев, кој во понеделникот барањето за политичко дејствување на Македонците во Бугарија го сведе на обичен егзибиционизам и психолошки проблем за желба за медиумско внимание на лидерите на ОМО „Илинден“ - ПИРИН, кои, како што рече, и да се регистрираат на изборите би освоиле многу малку гласови, му се дозволи да не добие одговор на тоа со контрааргументи.

Му се дозволи во државата чија нација и јазик Бугарија не ги признава, чии култура и историско наследство ги присвојува, да не му се каже, со најдипломатски речник, дека така не се градат добри меѓудржавни односи. Да не се потсети на меѓународните декларации за правата на малцинствата и за човековите права.

Да не му се „укаже“ на дипломатското правило за почитување на државата и нацијата во чија посета беше дојден. И сето тоа во духот на доброседските односи и нивен реципроцитет, што Станишев го побара од Македонија.

Но, македонскиот премиер остана нем. Груевски кој, особено измината година, својата надворешна политика ја гради токму врз патриотизмот и зачувувањето на македонската нација, јазик, култура, правото на еден народ за самоопределување и самоодржување, пред бугарскиот премиер како да го заборави сето тоа. Или можеби таа политика е само за домашна употреба, во функција на популизмот и рејтингот на власта? Едноставно кажано, патриотизам на хартија.

Зошто лидерот на партијата и на Владата сега не испрати писмо до генералниот секретар на ОН, до ЕУ, до другите меѓународни организации, за да им раскаже какви права уживаат Македонците во Бугарија, како што раскажуваше за правата на Македонците во Грција. Зарем Македонците во Бугарија се помалку Македонци од оние во Грција?

Од сето ова произлегува дека интересот на македонските власти за правата на своето малцинство, во една или во друга држава, е различен, во зависност од целта која треба да ја постигне со тоа. Македонците во Грција му послужија на Груевски во спорот околу името. Со Бугарија не се спориме околу името и таа засега не не' блокираше во НАТО и во ЕУ. Значи, Македонците во Бугарија не му требаат на Груевски.

Пред десетина година владата на Љупчо Георгиевски, чиј министер беше Груевски, написмено се откажа од своето малцинство во Бугарија во име на добрососедските односи. Целта на Георгиевски подоцна се покажа повеќе од јасна кога тој доби бугарско државјанство.

Сега Груевски, како актуелен премиер, би морало да ја каже целта на своето молчење во понеделникот, со кое Македонија по вторпат се откажа од Македонците во Бугарија. Било тоа да се државни или лични.

Извор
 
Каде беше премиерот Груевски ?

По онаа скандалозна епизода ........................

Сега ФМИ убаво ќе ти објасни дека устата му е врзана со оној договорот од 1999 година, ми се чини беше, дека не смееме многу многу да се распрашуваме за пиринците.
 
Е, да. На искажаните ставови на Станишев, Груевски немаше одговор. Дали од дипломатски соображенија, ...слагање,...или нешто трето...не се знае. Кој знае...нека каже.
Ajde toa, a opozicijava sto dreme ?? Sto pa tie ne go pokrenat pirinskoto prasanje.
:toe:
 
Сега ФМИ убаво ќе ти објасни дека устата му е врзана со оној договорот од 1999 година, ми се чини беше, дека не смееме многу многу да се распрашуваме за пиринците.

Коментарот на ФМИ најмалку ме интересира.
Он може да дава коментар коа некој Македонски премиер или Претседател среде Софија ќе лупне нешто слично ко Станишев во Скопје.
Повеќе ме интересираат коментарите на оние кои паѓаа во транс од писмата на Грујо, и ги претставуваа како нова страница во историјата на Македонија.

Па затоа уште еднаш ги прашувам:
Има ли обесправено Македонско малцинство во Бугарија ?
Доколку има. Зошто "патриотот" се срами да го каже тоа ?

Барем мал демант или благ коментар во стилот дека добрите односи помеѓу две соседни држави треба да се градат со взаемно разбирање и почитување, ќе беше доволен.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom