Темава, малку подзаборавена, заслужува да добие своевидно продолжение, или поточно
падна митот за патриотизмот на Премиерот - дел 2.
Е сега...пред некој ден имаше отворено слична тема "Груевски -патриотот" која ја третира истата проблематика, но истата малку забега на страна,а и нели би направиле голем неред на форумот, доколку на секое паѓање на митот за патриотизмот на Премиерот, отвараме нова тема........па затоа драги мои форумски колеги и колешки, слободно изложете ги своите мислења и ставови тука.
Имено се работи за неодамнешниот гаф на нашиот драг,патриотски настроен Премиер, кој трчајќи по наградата во Њујорк, подзаборави малку (море не малку туку многу), на патриотизмот кој на домашен терен ни го продава на кило, а кога ќе испадне надвор од границите на државата, приказната е сосема друга....патриотизмот некако спласнува...скоро да го нема.
И се ќе беше во ред, доколку нашиот драг патриот од Премиер, после овој гаф што го направи, свикаше убаво еден прес, или дадеше било каква изјава, со која ќе им објасни на граѓаните, барем на оние кои сеуште веруваат во патриотизмот негов..., зошто тоа се случило, дали морало да се случи, и на крај, дали му е мило што ќе биде запаметен
како прв Премиер на Република Македонија, кој си го самозалепи беџот на кој пишува FYR Macedonia, и гордо дефилираше со него.
Наместо објаснување, Владата и Премиерот не престануваат со својата иронија и ароганција.
Поточно, кога еден од малкумината медиуми кои сеуште имаат храброст да му пркосат на Премиерот, се дрзна да побара објаснување за настанот кој се случи, одговорот на портпаролот Боцевски, беше во негов стил...навредлив, арогантен и ироничен.
И ете една реплика до "Acid" од сличната тема, која е во контекст со горенапишаново.
Не Acid, не требаше да земе и да ја р'сне од земја, иако можеше...па нели покрај другото, тој е и бивш боксер.
Она што можеше и требаше да го направи е:
Како прво, да се побунеше во врска со пишаното на наградата.
Како второ, можеше беџовите, заедно со Ставревски, да ги стават во џеб, барем во времето кога се сликаа пред новинарите.
Како трето, можеше со маркер да ја пречкрта референцата и да остане само Македонија, и со тоа да докаже дека и надвор од државата е вистински патриот, Македонец, и дека живее во Македонија.
Ова е најмалку што можеше да направи, за да Јас нели, останам без аргументи, а тој да покаже дека вистина е патриот, како што и во домашни услови се декларира.