Дали религијата ги лаже луѓето?

  • Креатор на темата Креатор на темата Ag0rA
  • Време на започнување Време на започнување

Дали религијата ги лаже луѓето? ( причитајго првиот пост пред да гласаш )

  • Вкупно гласачи
    88
Ова сеуште не е одговор...
А во христијанската религија, се се пренесува пред се и НЕПОСРЕДНО преку Писмото а не преку 12868 посредници...
А учулишните учебници се составуваат по принципот „рекла-кажала„...

A како е создадено и пренесувано писмото.
Од уста на уста.
Од хартија на хартија.
Од рекла на казала.

Само во создавањето на денешниот нов Завет имаш неколку илјади посредници од изворот ИСУС до тоа што го читаме за ИСУС.

Во науката има принципи што може да биде наука, а што не. Затоа и се прави поделба на Теорија на Еволуција и Мит за Креација.

Според истите научни принципи:
-човек не може да живее 900 години
-пиеш кафе насабајле
-неможеш да направиш од вода-вино
-можеш да користиш Интернет
итн. итн.
 
„..за луѓето тоа не е можно...за Бога, се е можно...„ вели Христос. И?
 
-Што праиме ако постои Бог? (а сигурно постои) што тогаш? значи вашата теорија не држи ,што верниците ништо нема да губат ако вашите тврдења се во ред .

Ако постои Алах прво ќе одлучи дали си бил Суни или Шиа и ако си бил во право те чекаат девиците во Рајот. Сите други во пеколот.
Ако постои Господ прво ќе одлучи дали си бил Католик, Православен, Баптист, Протестант, Мормон.... и ако си во право одиш само во Рајот. Сите други во пеколот.
Ако постои The Buddha тогаш се враќаш назад на земјата како реуматичен парамециум.
Ако постои Вишну-Брама-Шива тогаш се е возможно.

Ако не постои Бог каков што го претставувате, тогаш се што сте изгубиле е времето во вашиот единствен живот што го имате.
 
„..за луѓето тоа не е можно...за Бога, се е можно...„ вели Христос. И?
Бог е мртов,вели Ниче.И?
Значи ти му веруваш на некој,што воопшто не ни живеел во твоето време,туку единствен доказ на неговото постоење е тоа што си го прочитал во некоја книга,која бај д веј,е напишана од ЛУЃЕ,потполно исти како тебе и мене.Значи,кога јас би напишал дека Бог не постои,моето тврдење има исто толку шанси да биде веродостојно,колку и нивното.
Сите сознанија кои ги имаш за Бог,се прочитани,а не видени или доживеани.
-Што праиме ако постои Бог? (а сигурно постои) што тогаш? значи вашата теорија не држи ,што верниците ништо нема да губат ако вашите тврдења се во ред .
А шо праиме ако не постои(а сигурно не постои)?
Обичните верници не губат ништо,ни институцијата Црква(џамија,синагога) губи многу повеќе од што можеме да замислиме.
 
За Никола и фабуллос

за првото што сте напишале треба во друга тема да дискутираме а пошто на крај двајцата сте идентично сте напишале:

Никогаш атеистот не може да го разбира теистот, се лажете на големо ако мислете дека молењето е губење на единствениот живот , кога човек се моли тогаш и ужива во тоа што го прави ,се релаксира ,се осека сигурен, опуштен,мирен итн. на жалост не сфакате.

поздрав
 
Не можеш да вртиш тема ако не ти се допаднал одговорот.
Молитвата функционира за тебе, за некој друг можеби е подобра медитацијата ако сака да се релаксира и чуствува опуштен. Некој нема да најде задоволство ни во едното ни во другото па ќе оди да лови риба на Вардар.

Колку што гледам твоето прашање беше што ако не постои Бог, а не како се опуштаме и релаксираме.
 
Не се работи овде за извртување на тема ,затоа што одговорот што го даде нема врска со темава ,а и да има врска со темава и одговорот не ти е точен ,ти реков нова тема и дискутираме друга прилика.

Моето прашање ти си го сватил буквално прашање а малце да размислиш тука е и одговорот ,а крајот јас не го напишав нека си мислат другите да ли бев јасен?

Да.
Одговорот нема врска со темата,туку тоа беше одговор на твоето прашање.
А дали е точен или не,тоа неможеш ти да го кажеш.Неможе никој.
 
А за возврат, очекувам одговор за тоа КАКО мајмунот станал човек.
Но да не должам и да не ме караат, ќе ја прекинам дискусијава.
Земи прочитај нешто на тема „Еволуција“ и слично...
Но, да не дојдеме до тој заклучок дека не си во право со дел од твоите ( т.е. што ги имаш прифатено за свои ) не се точни, ќе ја прекинеш дискусијата, така?
Ако од сите досегашни постови од верниците од форумов не ти стана јасно кои се доказите за Божјото постоење, тогаш, што поната,му да дискутираме?
Досега, верниците имаат кажано многу работи:
-Громот е создаден од господ
-земјата е рамна
-сонцето се врти околу земјата
-Исус рече ова, миле рече она...
Што може да ни стане јасно од ова?
Освен дека РЕЛИГИЈАТА КАЖУВА ЛАГИ!!!
„..за луѓето тоа не е можно...за Бога, се е можно...„ вели Христос. И?
Па???
 
Досега, верниците имаат кажано многу работи:
-Громот е создаден од господ
-земјата е рамна
-сонцето се врти околу земјата
-Исус рече ова, миле рече она...
Што може да ни стане јасно од ова?
Освен дека РЕЛИГИЈАТА КАЖУВА ЛАГИ!!!

Досега, атеистите имаат кажано многу работи:
- името ФИРОМ ќе биде во употреба само за три месеци
- Америка и Англија ќе бидат земји пролетерски
- ќе добиеме милијарда долари од Тајван
- Фуере рече ова, Солана рече она...
Што може да ни стане јасно од ова?
Освен дека АТЕИЗМОТ КАЖУВА ЛАГИ!!!

П.С. не правам ништо друго, освен примена на твојата логика - ако Клинтон еднаш бил фатен во лага, и бидејќи Клинтон е американец, - заклучокот е дека сите американци во секоја прилика, без исклучок лажат.
 
Се е во ред и со твојата логика, само што заклучокот е:
ПОЛИТИКАТА КАЖУВА ЛАГИ!!!

Тоа што го наведе нема врска со АТЕИЗАМ. Фуере и Солана не се атеисти. Циле исто така. Америка и Англија се знае колку биле и се водени од религијата. А кога било ФИРОМ, сигурно дел од копуците биле атеисти, но нема врска тоа со контекстот.
 
Тоа што го наведе нема врска со АТЕИЗАМ.
А каква врска има погоре реченото
-Громот е создаден од господ
-земјата е рамна
-сонцето се врти околу земјата
-Исус рече ова, миле рече она..
со РЕЛИГИЈАТА?

Громот не е атеист, земјата и сонцето уште помалку, сигурно дел од копуците околу Исус виле религиозни, но тоа нема никаква врска со контекстот.
 
А каква врска има погоре реченото

со РЕЛИГИЈАТА?

Громот не е атеист, земјата и сонцето уште помалку, сигурно дел од копуците околу Исус виле религиозни, но тоа нема никаква врска со контекстот.

Христијаните веруваат дека:

Громот е создаден од Бога (да).
Земјата е рамна (не).
Сонцето се врти околу Земјата (порано да, сега се премислени).
Исус рече ова... (да).

Агора одел малку на тепка, ама погодил скоро 3.
 
Земи прочитај нешто на тема „Еволуција“ и слично...
Но, да не дојдеме до тој заклучок дека не си во право со дел од твоите ( т.е. што ги имаш прифатено за свои ) не се точни, ќе ја прекинеш дискусијата, така?

Досега, верниците имаат кажано многу работи:
-Громот е создаден од господ
-земјата е рамна
-сонцето се врти околу земјата
-Исус рече ова, миле рече она...
Што може да ни стане јасно од ова?
Освен дека РЕЛИГИЈАТА КАЖУВА ЛАГИ!!!

Па???

Не е така. Имам 1250 постови и од тоа се гледа дека не бегам од дискусии.
Што се оденсува до еволуцијата, со таа будалаштина не се занимавам од поодмна, оти е повеќе од јасно дека еволуцијата е НОВА ВЕРА, во која веруваат безбожниците, кои ја составија еволуцијата како рационална вистина, заснована на наоди кои се подредени така, да одговараат на еволуционситичката доктрина. Кога еволуционитите наидуваат на одредени состојби кои не им одговараат, на пример, кога фосилите од едноставните организми се наоѓаат во земјани слоеви над фосилите од посложение организми, што е еволуционостички нелогично, еволуцонистите остануваа„ без текст„.

Да, Бог ог создаде громот.

Земјата не е рамна. Моите покојни баби кои беа апсолутно неписмени, никогаш не кажаа таква „вистина„. Што тогаш останува за писмените?

Сонцето се врти околу Земјата и тоа е точно оти е очигледно дека е така! А дали Сонцето се врти околу Земјата или е тоа обратно, треба да се примени принципот „тертиум цомпаратиноис„ а не принципот „Коперник/Галилео кажал...„ т.е. принциот „рекла-кажала„.

Исус точно знае што кажува!

Од тоа, може да ни станат јасни многу работи!
 
Не само христијаните, туку сите монотеистички религии кажуваат дека сета природа е создадена од Бога. Громот е природна појава, па нема причина зошто би бил разгледуван одделно.

Дали земјата е рамна или не, дали сонцето се врти околу земјата или не, не е прашање на разгледување на ниедна религија и такво нешто не пишува во ниедна света книга, ниту во библијата, ниту во коранот, ниту во талмудот, риг ведите или книгата за Тао. Палењето научници на клада, инквизицијата и наплатувањето за простување гревови - не се дел од христијанската религија, туку биле применувани од католичката црква во средниот век. Овие постапки не произлегуваат од религиозното учење, туку биле одраз на претерано големата политичка и финансиската моќ на папата и католицизмот во периодот по пропаѓањето на Македонската Империја под турско ропство. Папата е единствен верски поглавар кој воедно е и шеф на држава и има реална власт, и не треба да се изедначува државната политиката на Ватикан со христијанските верувања.

А што рекол Исус, тоа е најмалку предмет на слепо верување или манипулација. Неговите зборови се запишани, секој може да ги прочита, и сам да процени колку вистина има во нив.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom