Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
За да стане електронски стабилен, на едниот атом од кислород му се потребни 2 електрони во неговото последно /надорешно електронско ниво па тие 2 електрони кои му требаат, кислородот ги „позајмува„ од водородот. Затоа има 2 атоми од водорот, од кои позајмува 2 електрони.
Може така?
Епа потврдуваш дека постојат , која ти е целта ? Или и самиот не знаеш ...
Се гледа дека почна битка наука в.с религија ... али науката си има докази , тврди докази , за разлика од религијата која нема ниту еден .. ако има , дајте го и објаснете го ...
Ако од сите досегашни постови од верниците од форумов не ти стана јасно кои се доказите за Божјото постоење, тогаш, што поната,му да дискутираме?
Абре другарче ... ДОКАЗ .. дефиниција ти треба .. тоа ми го дај , ДОКАЗ ...
А она кое повеќе пати го имам напишано и на кое постојано алудирам е следното: од КАДЕ ЗНААТ атеистите дека понудените вистини се навистина вистинити и од каде знаат верниците дека религиските вистини се вистинити?
Атеистите и верниците ја гледаат едната и истата вистина со различна ментална „оптика„ и во тоа е разликата а не прашањето дали имало или немало атоми и ДНК спирали.
Доказот за мојата вера е во моето искуство а доказот за твоето познавање на структурата од атомот.....ДЕКА Е!?
Личното искуство е НЕПОСРЕДНО и непосредно се доживава, „на свој грб„, како тоа поплуарно се нарекува и од таа НЕПОСРЕДНОСТ од искуството доаѓа и ЛИЧНАТА убеденост во исправноста од верата која ја исповедам. Наспроти тоа лично искуство, постои примањето на световни знаења „од 16-та рака„, по принципот „расипан телефон„ каде особа А и кажа на особа Б дека има атоми, а особа Б и кажа на особа В дека атомите имале субатомски честички ама особа В и кажа на особа Г дека тоа не ќе е баш така...па така, особа Г и вели на особа А дека може згрешила во своето откритите..Ете, ТАКОВ е начниот на осознавање световни вистини, кои НЕ СЕ ПОДЛОЖНИ на лично искуство!
Ти текнува ли сега на што алудирам цело време на форумов?
Значи, не спорам дека дел од наулчните сознанија (не вистини, туку сознанија) држат вида, но тие држат вода се додека некој помангуп не ги побие. И сега, што трајно може да ни понуди науката? А кај Светото Писмо ситуацијата е многу чиста и јасна! Тоа е вистина која ни е дадена џабе и која трае веќе 3500 години целосно непроменето!
П.С: Кажи ми, колку атоми имаш досега непосредно доживеано/видено/слушнато/допрено?
Твојата вера и искуство се доказ ... Ама доказ ..
А за атомот , купи си некој микроскоп , и сам ќе го најдеш одговорот ..
.....
Нема поента веќе овој разговор ... се загуби смислата ..само да те прашам си го видел ти Бог , си го виде Мојсеј како дига во воздух вода , како Ное гради сам мега-брод ?
....
Се што кажа важи и за твојата религија ... се се пренесува ...