Dabe majkata slusam gi obnovile i grobistata i prosirile mavzolej ke pravat za alji sezapalji
Али Ахмети користи инвалидска пензија од Швајцарија поради параноидна шизофренија, пишува швајцарскиот неделник "Зонтагс блик" во својот најнов број, во кој објавува детали од личното и болничкото досие на лидерот на Демократската унија за интеграција. Ахмети сў уште прима по 3.000 франци месечна инвалиднина, со лекарска дијагноза дека е "параноичен шизофреничар", тврди неделникот во текстот под наслов "Швајцарска инвалидска пензија за водачот на терористите", што го пренесува весникот "Македонија денес".
Иронизирајќи со фактот дека "во Македонија тој сега би требало да стане министер", швајцарскиот весник потсетува "како водачот на ОНА, Али Ахмети, ги изиграл швајцарските органи"?."Зонтагс блик" ги потсетува своите читатели на зимата 2001, времето кога "под раководството на Ахмети стартува новата ОВК во Западна Македонија". Весникот укажува на фактот дека "во јуни минатата година американскиот претседател Џорџ Буш го стави Али Ахмети на црната листа поради екстремизмот", а неколку дена подоцна, Горниот дом во Швајцарија му издаде забрана за влез во земјата. Според неделникот, Али Ахмети во земјата на банкарите дошол од Косово во раните 80-ти години како азилант, бегајќи од режимот во Белград.
Сў до неговото заминување на македонскиот фронт, водачот на терористите и татко на две деца користел полна инвалидска пензија од три илјади франци месечно. Се наведува дека командантот на ОНА му приложил на инвалидското осигурување лекарска потврда од психијатар поради параноидна шизофренија, според која бил "неспособен за работа".
Портпаролот на ДУИ, Агрон Буџаку, во изјавата за "Македонија денес" ги демантира пишувањата на швајцарските весници дека Ахмети користи инвалидска пензија од Швајцарија, поради параноидна шизофренија, велејќи дека станува збор за жолт печат и дека презентираните информации се "глупости".