- Член од
- 10 март 2008
- Мислења
- 101
- Поени од реакции
- 0
Ова е извадок од интервју на Зоран Ставрески за Теа Модерна, бр. 395, 16.04.2008. Колку што знам Теа Модерна нема онлајн издание, затоа нема ни линк до изворот.
Опозицијата на чело со СДСМ преку изјавите на високи нивни членови веќе јасно си кажаа дека се изгорени за компромис, па си ги собраа топтан и ЛП и НСДП... и тие желни да го сменат. Додека од власта цело време слушам за некаква цврстина и непопуштање, па црвени линии, па не знам што, ама ни еднаш јасно не рекоа не сакаме промена на името во никој случај. Како што реков не е веќе тешко да се заклучи кој е нивниот став, не само од оваа изјава, туку и од многу други изјави на високи лица од владата.
Досега ни владата ни ВМРО-ДПМНЕ немаше излезено со јасен став за името. Цело време зборуваат за црвени линии, заштита на идентитетот и така на таму, ама ни еднаш конкретно на кажаа која е таа црвена линија на која толку се држат. По изјавите што ги даваат цело време не ми е веќе тешко да заклучам дека можно е да се сложат за промена на името. Цело време велат како никој не смее да ни кажува како треба да се викаме, нема да се откажиме од нашиот идентитет итн. ама во ни една изјава не велат дека нема да се откажиме од името. Што значи го сведуваат проблемот на тоа дека името не е толку важно и за него може да се разговара, ама идентитетот никако. Од ова интервју веќе имаме висок член на владата кој појасно кажува која е границата. Тој вели „Тоа значи дека Грција инсистира и на промена на Уставот и на користењето на уставното име и во билатерална употреба. И тука е таа црвена линија, која е за нас неприфатлива.“ . Од ова може јасно да се види кај е црвената линија на владата. Значи би се сложиле за промена на името за меѓународна употреба, а границата била неменување на името за внатрешна употреба. Дури и да сме успееле да се договориме за меѓународното име цврсто ќе сме стоеле на ставот за неменување на името во Уставот. Вака како што се оди границата само се спушта и некој ден можи ќе се стигни во ситуација: „За уставното име можи да се разговара, ама по дома луѓето можи да си велат Македонија и да се викаат Македонци... Од тоа никако не се откажуваме, цврсто стоиме на тој став“Прво се разоткри вистинската суштина на проблемот, а тоа не е само во тоа какво ќе биде името туку и каде тоа име ќе се користи и како ќе се користи. Тоа, пак, на некој начин е и прашањето што го дефинира нациналниот идентитет, и го загрозува. Вистинскиот проблем на Грција не е само кое име ќе се користи, туку каде тоа име ќе се користи. Тоа значи дека Грција инсистира и на промена на Уставот и на користењето на уставното име и во билатерална употреба. И тука е таа црвена линија, која е за нас неприфатлива. Дури и да успееме да се усогласиме околу тоа кое ќе биде името што ќе се користи во меѓународната употреба, ние мораме да останеме на позицијата дека Уставот го дефинира нашето име и дека земјите со кои што имаме билатерални односи го користат уставното име на Република Македонија, се разбира заедно со придавката македонски - за јазикот и за нацијата. Тоа се клучните елементи од нашиот идентитет кои ние, од наша страна, не би смееле да ги пречекориме.
Опозицијата на чело со СДСМ преку изјавите на високи нивни членови веќе јасно си кажаа дека се изгорени за компромис, па си ги собраа топтан и ЛП и НСДП... и тие желни да го сменат. Додека од власта цело време слушам за некаква цврстина и непопуштање, па црвени линии, па не знам што, ама ни еднаш јасно не рекоа не сакаме промена на името во никој случај. Како што реков не е веќе тешко да се заклучи кој е нивниот став, не само од оваа изјава, туку и од многу други изјави на високи лица од владата.