Црвенковски не бил секогаш прв
Претседателот Бранко Црвенковски има досега непознат податок во својата биографија - освоил
трета награда на конкурсот за поетски творби на манифестацијата
„Курирче“ во Кичево во 1977 година.
Ветрот шумоли и ни мрси коси
дури стоиме на могила пресна,
со мисла темна тага што носи
и омраза в срце жолчна и бесна.
Во ушите уште глас нејзин ни ѕуни
што во борба вика, буди желба смела,
нејзиниот поглед уште не бодри,
ни играат пред очи нејзините дела.
Помнам за првпат кога кај нас се јави,
напатена и страдна од судбата тешка,
четата веднаш ја прифати за своја
и напред ја поведе во борбата жешка.
А убава беше ко фиданка млада,
трошна и нежна како росно цвеќе.
Секогаш игрива и лесна ко птичка,
весела и мила ко малечко дете.
За умор таа не знаеше што е,
везден на нога од утро до мрака,
секогаш спремна помош да пружи
и напред да јурне со пушка в рака.
Но, смртта лочна живот и скрати
и ја зеде невидената младост среќна,
ја поведе на пат бескрајно долг
ја одведе неа на почивка вечна.
Ветрот шумоли и ни мрси коси,
дури пред нас игра нејзината лика,
дури во нас царува нејзиниот повик
во борба, на одмазда сите што не вика.
ПРЕВЗЕМЕНО ОД ВРЕМЕ!