Комесарот за натпреварување на КФМ, Томе Димишковски, ги објави казните,
- поради расистичко навивање на нејзините навивачи е казнета парично со 6.000 денари,
- поради навредливо скандирање кон КФМ и кон судиите е казнета парично со 6.000 денари,
- поради предизвикување на тежок случај на фрлање на тврди предмети на терен, поради што имаше подолг прекин (19 минути) е казнета парично со 40.000 денари, како и со настап како домаќин на еден натпревар без публика, кој се заменува со парична казна од 60.000 денари, што значи дека вклупната парична казна изнесува 100.000 денари.
Според официјалната страница на КФМ, оваа казна треба да се подмири пред почетокот на вечерашниот дуел со Фени Индустри.
Од друга страна претседателот на Струмица 2005, Панајотис Карапиперис, поради јавно коментирање на судењето на натпреварот Струмица 2005 - Фени Индустри, е казнет со парична казна од 30.000 денари, додека кошаркарот на струмичани Дамир Латовиќ, на иста основа е казнет со парична казна од 30.000 денари,
Казни заработија и кошаркарите на Фини Индустри. Талик Браун, поради сторен прекршок повлекување на противнички играч за нога, кој не беше санкциониран од судиите, по што настана инцидентот, е казнет парично со 40.000 денари, а Александар Димитровски, за сторен прекршок вулгарно покажување на по еден прст од двете раце при излегување од терен, е казнет парично со 30.000 денари.
О.К. не очекував поинаков исход на инцидентите кои се случија на последниот натпревар..сепак од сите казни една ми остана во очи...незнам колку се рабирате во работите..ама да се казни некој заради јавно коментирање на судењето..ова е апсурд...Значи до толку е слепилото навлезено во КФЕ..што веќе не смее човек ни да коментира..треба да ќути и да трае...абе сум чул за турско..ама ова ќе да е еврејско време уште да им изречат казна каменување на играчите..Па кој ќе биде гласот на совеста..ако никој нема право да коментира тоа што го прави КФЕ...Значи тие ја имаат патентирано апсолутната вистина..
Плус пазете се треба да се плати пред натпреварот...Можеби ќе тргнат нашите со коверта во раката да му ја врачат на Амир..