Bratot
Стоик и Машкртник!
- Член од
- 27 јануари 2007
- Мислења
- 17.089
- Поени од реакции
- 4.499
- Ваквите четнички групи немале заедничко раководство, односно дејствувале независно една од друга. Тоа е затоа што немале цврсто раководство кое би можело да ја координира и обедини нивната активност како српски четници во Македонија. Организираното навлегување и формирање на четничка органи-
зација во Македонија започнало во 1942-та година, а тоа се одвивало главно низ два прав-ца: од Косово кон Западна Македонија, и од Скопска Црна Гора, како и од Јужна Србија, кон североистоичниот дел на Македонија, за подоцна да се прошири и кон централниот дел на земјата. Во тоа време Дража Михајловиќ го елиминирал влијанието на Коста Пеќанац, вметнувајќи свои луѓе во неговите четнички одреди, преземајќи го на тој начин раковод-ството. За полесно да се раководи со четниците во Македонија, генерал Дража Михајловиќ во својот Главен штаб го имал задолжено мајорот Радослав Ѓуриќ, кој имал директни ингеренции за командување со ваквите одреди во Југоисточна Србија, Косово и Метохија, и во Македонија. Во првата половина од 1942 годи-на, Врховната команда на Равногорскиот штаб на Дража Михајловиќ му дала задолжение на мајорот Ѓуриќ да упати неколку групи обучени четници во Македонија со упатства како треба да создадат силна четничка организација, но и
да ja прошират активноста на постојните чети и на четничкото движење воопшто. Определените групи во август дошле во Македонија и својата дејност почнале да ја развиваат преку два пункта: првиот во Скопје, Скопска Црна Гора и Куманово, и вториот во Порече, Велешко и Прилепско. Притоа, еден од најпреданите четници, кој почнал да дејставува во оваа насока, но и да организира чети во Македонија бил Миливоје Трбиќ- Војче, кој заедно со Воислав Сајковски (Сајковиќ) и Божидар Видоески (Видоевиќ), во мај ,1942 година всушност добил задача од мајорот Ѓуриќ да замине во Македонија и да формира мрежа на четничката организација во Велешко, Прилепско, Кичевско и Порече. Според овлас-тувањето што ги добил од командата на Дража Михајловиќ, четникот Војче Трбиќ можел да формира не само четничка организација, туку и штабови под Врховна команда на Дража Михајловиќ, а сите офицери и подофицери што
4
тома, а првиот том треба да излезе веќе оваа есен.
- Согласно утврдената динамика на четничката организација во Македонија, злогласниот Војче Трбиќ, син на Василије Трбиќ, познат војвода на Великосрпската пропаганда во Македонија во времето од 1903 до 1908-та година, заедно со Војо Сајкоски (Сајковиќ) и Божидар Видоески (Видоевиќ) од Скопје, заминале во Западна Македонија, односно во Поречието. Во Порече, во рудникот Калина, групата стапила во контакт со свои приврзаници, а потоа се разделила во селото Манастирец, од каде Трбиќ и Сајкоски заминале за Велешко, односно Прилепско, посетувајќи ги селата Браилово, Десово, Долнени, Слепче, Црнилиште, Растеш, Самоков и други. Таму Трбиќ и Сајкоски всушност се обиделе да ја прошират идејата за формирање четничка организација, со овластување од Дража
Михајловиќ, а меѓу главните цели било тоа Македонија да остане Јужна Србија. Освен цивилното население, Војче Трбиќ и неговиот соработник Сајкоски се обиделе да придобијат и неколку партизански единици кои веќе биле формирани на овој терен, обидувајќи се да ги стават под своја контрола, односно под контрола на Дража Михајловиќ. За таа цел, стапиле во контакт и со раководството на партизанскиот одред 'Димитар Влахов', но штом биле одбиени ги прекинале сите понатамошни обиди во таа насока. Во Западна Македонија четниците биле распоредени во селата Железна река, Речане, Куново, Турчане, Лешница, но ги имало,и во Гостивар. Според една депеша на мајорот Ѓуриќ испратена во август 1942 година од Врховната команда на четниците на Равна Гора, во Кумановско, Кривопаланечко и на Косово и Метохија биле формирани 12 јуришни и 8 рез-ервни четнички баталјони, кои потоа се споиле со Прешевската, Кривопаланечката, Жеглигов-ската и Скопската четничка бригада. Во 1943-та година бил направен обид за формирање четничка организација и во делот на Македонија под италијанско-албанска окупација, па во таа насока во Струшко се формирала четничка организација од Срби, Македонци-србомани, Власи и неколку Албанци, a co цел 'зачувување на интересите на Србија' на тој простор. За да се придобијат повеќе луѓе, тие дури издавале и гласило на 'македонски дијалект', надевајќи се дека тоа ќе помогне да се придобие локалното македонско население. За да помогне во таа насока, од Белград бил испратен лично Душан Крстиќ, близок соработник на Дража Михајловиќ. Тој по пристигнувањето се сместил во селото Подгорци, каде што имало силно упориште на српската четничка организација на Дража Михајловиќ. Во
6
да се формира нов Поречки корпус, но таков корпус сепак не бил формиран, туку била формирана само Поречка четничка бригада. Во септември, Војче Трбиќ се обидел да формира и Прилепска четничка бригада, но не успеал поради слабиот одзив на населението.
- Поречката бригада броела околу 200 луѓе, и таа имала неколку вооружени судири со единиците на македонската војска. И другите четнички единици имале спорадични престрелки со партизаните во Кумановско и Скопско, но во текот на 1944-та година македонските четници биле целосно разбиени и дефинитивно се повлекле од територијата на Македонија. При разбивањето на последните четнички одреди, дел од четниците се фрлиле во реката Пчиња, a 97 четници биле заробени, при што се запленети 100 пушки, два пушкоми-тралеза, еден минофрлач, шест автомати и многу муниција. Борбите продолжиле и на шести март 1944-та година кај Ново Село, каде што биле заробени уште 30 четници, за на крајот сосема да бидат разбиени на Козјак, по што тие дефинитивно престанале да дејствуваат на територијата на Македонија. Сите податоци, со списоци на имиња на сите четници, команданти, водачи на 'црни тројки', ќе бидат објавени во оригиналните документи, кои за првпат се објавуваат и во кои за првпат ќе може да се види кои биле српски четници во Македонија и како дејствувале четничкито одреди кај нас. Се разбира, многу од имињата што се појавуваат во списоците денес имаат свои потомци во Македонија, но тие не се виновни за она што го правеле нивните родители или роднини. Припадноста на четничките одреди во Македонија, според мене, главно била мотиви-рана од околностите, кои зависеле од општествениот статус, од предложените награди и од политичките функции во Кралството Југославија, но, се разбира, и од лични интереси за материјална корист. Без разлика на се, тие документи конечно треба да се појават во јавноста, како што се појавија документи за припадниците на разни таканаречени Ванчоми-хајловистички групи и организација, кои дејствувале во истиот период на истата тери-торија. Во документите што ќе бидат објавени ќе се видат многу семејства за кои никој и не претпоставувал дека биле активни припадници на четничкото движење на Дража Михајловиќ во Македонија - вели проф. д-р Ѓорѓи Малковски.