Никогаш не жалам за минатото.
Ако нешто не би било како што е сега, и многу други работи би биле сменети, а сега за сега не би сакала ништо да сменам.
Ако би било поинаку, немало да биде вака. А и не сакам да не биде вака како што е.
Ако не те сретнев.
Ако не знаев да пеам.
Ако немав ова што имам сега.
Ако останеше жива тетка ми.
Ако татко ми останеше да работи во МЗТ, а не да се мачи на 55 години како сега.
Ако немаше проклети болести.
Ако... уморна сум.
Ако не дозволев да бидам контролирана.
Ако не те експонирав толку.
Ако не ги инволвирав моите.
Ако се окупирав помалку.
Ако решевме се на време.
...
Ако имаше свет без грижи каде ќе живеевме јас, ти и нашата љубов.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.