bitushanec
Борец за човекови права
- Член од
- 17 јануари 2006
- Мислења
- 3.741
- Поени од реакции
- 814
Cпоред најновиот попис во Македонија, 40% од нашето населениe е земјоделско....
A1
20.04.2008 20:01 Струмичките градинари само за десет дена извезоа 4,5 милиона килограми зелка и остварија девизен прилив од над два милиона евра.
Годината беше одлична и за ресенските јаболкари. 90.000 тони јаболка се продадоа и од пласманот се остварија 25 милиона евра, кои веќе се инвестираат во осовременување и подигање на нови насади.
И росоманските овоштари се надеваат на добра година. Засега праските се во добра состојба.
По најавената изградба на откупен центар на хрватскиот гигант „Агрокор“, им се решава најголемиот проблем пласманот, па веќе уште од сега има интерес за праските, за кои трговците најавуваат високи откупни цени.
„Сега пет-шест откупувачи градат приватни ладилници во Росоман и оваа година праската достигна неверојатна цена, до 35-40 денара откупна цена, па и повеќе, што значи се јави недостиг на праска. Исто така се јави кај младите луѓе голем интерес за посадување на нови површини“, рече Ристо Чутров, земјоделец од Градско.
Владината поддршка за подигање и за одржува на нов овошен насад, но и најавените 463 милиона евра за стимулации во следните четири години ја враќаат сигурноста на овоштарите да инвестираат во долгогодишни насади.
-------------------------------------------------------------------
18.04.2008 20:00 Полни ниви со аргати и откупни пунктови со зелка и краставици. Вака денеска беше во Струмичко. Квалитетот на родот и отворените пазари се причините за добриот старт на откупната сезона.
http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?vestID=92023
===========================================================================================
Да се потсетиме какви услови во земјоделието оставија СДСМ 2006 г....зелена мафија, уништени земјоделци, мало прпизводство, малку пари...
A1
19.08.2006 00:00 Неисплатливо производство и понижувачки цени, разграбана земја, уништени земјоделски капацитети.
Струмичките земјоделци и сточарите не успеаја да се справат со хаосот. Својот труд го фрлаа, газеа, истураа по улици. Агроберзата никогаш не профункционира, иако за неа се потрошени три милиони евра.
Од државната негрижа ќари единствено зелената мафија, која царува на пазарите, и локалните моќници, кои разграбаа околу 200 илјади хектари државна земја.
Аграрната политика во последните 15 години доведе до вртоглав пад и на површините и на приносите во земјоделството. Со тоа рапидно порасна увозот на храна, а земјоделскиот трговски дефицит петкратно се зголеми.
http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=66711