Фан клуб - РК Вардар

Одлична вечер под Кале :)
Сепак на крајот можеме да жалиме што не победивме со поголема разлика :(
Вардар одигра одличен меч, а за тоа што разликата не е многу поголема главна улога има нивниот голман. Колку само ни фати во ситуациите еден на еден...
Одлично се правеше вишок на крило и на пикерско место цел меч, али за жал не го искористивме тоа. Они беа многу лоши и мислам дека и таму ќе ги победиме. Па цел меч ниедна акција не направеа, а да имавме малку попаметен тренер, немаше ни 15 гола да дадат.
Значи гледа дека цело време не пуни тој едниот со шутеви од 10 метра и место да му удрат фластер, тие упорно со одбрана 6-0 :tapp:
Ме разочара Резничек, освен бомбата во агол, ништо друго не направи...
Мен оф д меч Недовеза. Убедливо најдобар, изгина на терен.
И не ми е јасно шѕто не си стартува со Грбовиќ на пикерско место од почеток. Нека си игра он напад, а Маркоски одбрана :)
Навивање чиста десетка. Да се знае кој е кој :icon_mrgr
Бевме цела трибина (околу 1000 души) и грмевме цел меч. На крајот и гостите ни аплауздираа. И ништо не се фрлаше на терен освен стуткани картони што беа на столчињата :)
Безпотреба драматизираа толку Романциве, божем со камења ги гаѓаат...
Сега ако не влеземе во полуфинале, незнам кога друг пат....
1999,2005 која е следната?:)
Дали на секоја шеста година ќе си влагаме во полуфинале :pos:
НАПРЕД ВАРДАР!!!!!!
 
Значи у право се дечките што кажуваат дека се фрлаа и други работи, со свои очи видов, затоа и настана малата фрка но нема везе, тоа е внатрешен проблем, инаку со тоа само ние ќе си го јадеме зошто пред утакмица имаше и потпишано изјави од членови на Комити дека ако настане некој инцидент дека ќе го јадат лично они, ама од 1000 души ќе се најде некој кој во таа еуфорија ќе фрли нешто, мислам дека немаше некој по сериозен инцидент и све пројде супер, за тоа пред црква не е место да се дискутира на форум, тоа е стриктно интерен проблем!!!
 
Што знам, јас барем не видов да полета нешто, а пошто бев на сосема другата страна од местото кај што во прво полувреме долета нешто и не можев да видам баш најубаво...
И тоа со мостот... срце ми застана у пичку матер, помислив земјотрес има :pos:
Што беше тоа бе, ко на дрвен мост да одевме :nesvest:
Никој не спомнал дека на полувреме одеше некоја песна за Динамо или мене така ми се слушнало само :pos:
 
Одлично навивање и одличен резултат. Можеше да биде и 10 разлика, но и 6 е сосема доволно, се виде дека разликата во квалитет е очигледна. Во случај да не се пласираме понатаму, Михо треба на сите играчи да им даде исписници, но според мене шансите се убедливо на наша страна.

За Комити чиста 10ка!
 
Тоа може да остане меѓу нас.Не пишувајте секој може да причита на форумов.
 
Зирнав малку од мечот...
Доста груба игра....
Романците се познати по тоа,а и Вардар влезе во нивна шема....
Резулатот не е најсјаен..но е добар...
Сепак очекувајте ОГРОМНИ притисоци таму...Романците се познати како ЛОШИ ДОМАЌИНИ....
Вршат огромни притисоци врз судии,можеби ги подмитуваат(ова ќе да е)...се служат со секакви можни дозволени и недозволени средства....
Мечот ќе се игра од сабајле во 10...и тоа е уште една финта шо години наназад ја користат....
Перо рече дека Вардар е спремен на тоа,и дека тренирале до сабајле.....
Ама не е исто да играш во 18 или во 10...
Настрана овие детали...
Околу играта...
Ако го разбранат пак голманот на Решица лошо ќе поминат...
Таму сигурно Раманците ќе бидат подобри во напад.....
Сепак Вардар има доволно квалитет да ја задржи предноста....
П.С.Комити одлична бројка и навивање...
 
Честита заслужената победа и сега ви останува само да го одбраните добриот резултат во Романија а со добра игра како вчерашната сигурен сум дека ќе го направите .....Секоја чест за Надовеза а ако разочара некој тоа дефинитивно е Резничек покатастрофално не можеше да изигра не само на оваа утакмица туку и на неколку претходно !! Со среќа во Решица !!
 
Да не има некој снимано или сликано она кога беше со знамињата.Сакам да видам како изгледаше :)?
 
Честита заслужената победа и сега ви останува само да го одбраните добриот резултат во Романија а со добра игра како вчерашната сигурен сум дека ќе го направите .....Секоја чест за Надовеза а ако разочара некој тоа дефинитивно е Резничек покатастрофално не можеше да изигра не само на оваа утакмица туку и на неколку претходно !! Со среќа во Решица !!

и проданович разочара, да беа на ниво овие два играча ќе имаеш сигурно плус 10 разлика, но некогаш може да се случи да не им бил денот, да се надеваме дека на реваншот ќе проработат и ќе се пласираме во полуфинале.
 
Иде од тука некој за Романија?
 
Да не има некој снимано или сликано она кога беше со знамињата.Сакам да видам како изгледаше :)?
Има, сликиви во галеријата на komiti.org видео во текот на денот...
 
6 гола разлика солидно е иако можеше да биде и двоцифрена разликата, да се одигра таму сконцентрирано и полуфиналето е ваше.
Браво за Комити одлична бројка имаше и супер атмосфера.
 
Гледав малку и од 1 и од 2 полувреме, се гледа дека се Вардар поквалитетнии можеше да добие со 9-10 разлика ама голманот на Решица се разбрани на крајот. Цела трибина беше полна 1000+ добро навивање од то шо можев да видам, ама 2 полувреме како да падна темпото моја оценка за вас 9/10.
 
Ѕирнав само на стартот на утакмицата... Солидна победа, мада ако бевте малку поконцентрирани ќе можевте од Скопје да го решите реваншот. Со оглед на тоа колку "боси" изгледаја романците, јас мислев дека ќе ги наполните до врв, ама и 6 разлика не се малку :pipi:
Навивање солидно, добра бројка. Прекасно ме побара колегата инаку ми се идеше, ајде ако играте полуфинале можно е да пријавам неутрално присуство :salut:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom