Фан клуб - РК Вардар

Член од
31 мај 2009
Мислења
1.257
Поени од реакции
2.595
Па нели Михајло и Савевски ќе создаваа тим од наши млади играчи, што бараат сега Срби... па уште ќе играле со срце за Вардар. Штета, по се изгледа ќе се донесат третокласни играчи од Србија кои ќе им ги земат местата на наши надежни ракометари, или уште полошо, ќе се донесат играчи од младинската репрезентација на Србија и ќе им се помогне да се развиваат, наместо тоа да се направи со наши играчи. А разликата помеѓу Вујовиќ и Савевски се 1 победа во ЛШ на Савевски (иако Вујовиќ тимот го водеше од трибина), и една победа, едно реми и еден пораз против Металург на Савевски, додека Вујовиќ имаше 0:2 против Червар, и тоа двата порази беа прилично убедливи.
Уффффф ако сте во право за Србите ич не ми се прави мерак. Не ја сваќам политиката на Михајло, ама се надвам дека ќе му текне дека во МРК има играчи кои достојно би го носеле дресот на Вардар.
Патриот МКД, и тогаш а и сега ќе си стојам зад мојот став. И незаборавај со Савески барем им земавме 4 бода на Металург :)
Подобар е од Вујо и доста поефтин
, а жал ми е само што не им дава шанса на МРК-овците али изгледа друг му диктира што да прави...
Но и сега неможам да зборам против Михајло. Колку и да е гробар на Мак ракометот, сепак за многу успеси на Вардар треба да му заблагодариме на него...
Прво сами си знаете дека во лига на шапмиони Вујовиќ воопшто не ни беше на клупата на првите мечеви поради казната ! И исто така првите неколку дуели на Вардар во лига на шампиони беа најтешките противници, таков беше распоредот, Колдинг, Кил, Барселона... сакате да кажете дека со овие противници да бил Савевски на клупа Вардар ќе ги добиеше дуелите ? Дај не трескајте глупости без врска. И за дуелите со Металург, па многу јасно дека првите два меча беа по битни затоа што не се знаеше како ќе стојат работите, Металург тогаш си ја заврши работата и беше очигледно дека во другите две утакмици Метаулуг влезе опуштено затоа што веќе имаа титула во свои раце. А и покрај се да бидеме реани, сами си знаете дека секако Металург имаше поквалитетен тим од нас изминатава сезона, па титулата си ја осигура во првите две утакмици, за потоа да си влезе опуштено.
Се слагам дека Савевски е поевтин од Вујовиќ, а за подобар во никој случај... самото тоа што е поевтин ви укажува до некаде за квалитетот и незнам дали толку брзо ги заборавивте успесите што ги постингавме со Вујо, или можеби сте деца и почнавте на ракомет да одите од оваа сезона ?
Савевски е можеби добар тренер за наши услови да, но во никој случај споредба со Веселин Вујовиќ.

И пак ќе повторам, Металург има поквалитетен тим од нас во играчки кадар, кај нас проблемот не треба да се бара на тренерското место, Металург веќе има тим составен од врвни ракометари, да бидеме искрени и реални, на клупата на Вардар дали ќе бидам ЈАС или најскапиот и најдобриот во цел свет џабе ќе биде Металург неможе да се победи со овие играчи, ФАКТ.
Мора Михајло малку по сериозно да ја почне работата, мада тука до негде ќе се сложам со „Saber Rider“ сепак треба да му бидеме благодарни и за волку што направи.

Иначе се согласувам со вас дека треба пред се да им се даде шанса на нашите млади играчи од МРК Вардар отколку да бидат форсирани некој Срби !
Дефинитивно, нема дилеми тука, ќе биде грешка ако не им се даде шанса на нашите млади талентирани момци.
 
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.016
Поени од реакции
135
http://vest.com.mk/?ItemID=197D1A90106769499BE4449CC27F37C8
Савевски сака да остани тренер на Вардар и селектор, а јас мислам ако остани тренер на вардар да не е селектор да дојди некој подобар поискусен на негово место пошто се виде што направи ва Адана. Тука јас би сметал можат да конкурираат- Звонко Шундовски, Цане Крстевски, Стевче Стефановски, Стојан Петрушевски, Гино Стрезовски, Пепи Манасков(според мене еден од овие би бил најдобра опција - подобра одколку Савевски)
А Савевски општо не ме бендисва ни како тренер . Кога играја Вардар во битола кога изгубија , губеа со 7-8 разлика тој ладнокрвно си седеше седнат на клупата и како гледач од трибина си го следеше натпреварот. А Вујович никогаш го немам видено така!!!
 

DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.662
Поени од реакции
9.982
Џабе ја правите споредбата меѓу Вујовиќ и Савевски,сите знаеме дека Вујовиќ највеќе си отиде ради високата плата. Михајло сакаше да ги намали трошоците и затоа и останавме без некои клучни играчи од сезонава. Добро ќе биде да се земат играчите од МРК со млади сили да се проба,али во никој случај не подржувам срби да зимаме !! При толку наши млади таленти,да се зимаат играчи од страна е ептен кретенски...
 
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.016
Поени од реакции
135
Слушам сте биле засилени со Чантурија и Симович
 
Член од
22 јуни 2010
Мислења
55
Поени од реакции
16
А бе луѓе, не е битно кој ке биде тренер на клубот- дали тоа е Вујовиќ или Савевски ... Битно е тоа, тренерот да си ја врши својата работа правилно, со цел нашите вардарци да бидат мотивирани и да идат напред кон освојување на победи !!!
И тие играчи на Металург почнале од негде -не се родиле така учени и вешти во ракометот ... и тие го стекнале своето искуство па сега тука разговараме за нив и кажуваме дека Металург има голем квалитет !! Вардар не го може тоа, а??!!
Го може, само треба работа, успешен и посветен тренер, добар, талентиран и послушен тим со цел да се постигнат добри резултати. Може нема да бидеме пред Металург ама засекогаш ке бидеме нивни ривали, новна конкуренција !!
Како тоа може и кај им е свеста на сите таму претпоставени личности да запостават наши, млади и талентирани играчи и да зимаат срби ?!!!
Деца кои да беа од друга држава, одма ке ги земеа големи клубови и за некоја година ке постигнуваа успеси-затоа што КВАЛИТЕТОТ СЕ ПОЗНАВА, луѓе !! Сите тука што пишуваме сме го забележале, а Михајло не,а?!! "Хахаха"... Стискам палци за нашите македончиња од МРК да продолжат во нашиот Вардар !!! Вардар е МАКЕДОНСКИ !!!

Поздрав ....

--- надополнето ---

А кога ќе знаеме ние КОНЕЧНО за составот на Вардар во новата сезона?!!
 
Член од
22 ноември 2009
Мислења
1.835
Поени од реакции
2.695
Новоформираната регионална ракометна лига треба да стартува во сезоната 2011/ 2012, а нашите клубови Вардар Про и Металург треба да имаат загарантиран статус.
На листата со 13 клуба со загарантирано учество се и: Целје Пивоварна Лашко, Горење (Словенија), Загреб КО, Нексе (Хрватска), Босна БХ гас, Борац М-тел (БИХ), Колубара, Црвена зв...езда (Србија), МКБ Веспрем, Пик Сегед (Унгарија) и Будуќност (Црна Гора).
 
Член од
22 јуни 2010
Мислења
55
Поени од реакции
16
Да да. Ова веке е официјално.
Ама за составот не се знае ништо...
Од надвор се очекува да има 8 играчи, а за децата од МРК не кажуваат ништо-ништо не се знае... :salut:
 

DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.662
Поени од реакции
9.982
Анонимни странци место репрезентативци
Пејовиќ, Јокиќ, Белоевиќ, Надовеза... се играчите кои во новото првенство треба да бидат замена за Алушовски, Мојсоски, Макалоски, Велко Маркоски... и да го сочинуваат костурот на новиот тим на Вардар. По сезоната без освоен трофеј, во екипата беше направен драстичен рез, во кој настрадаа 11-мина играчи, од кои повеќемина репрезентативци, ослободувајќи место за нова навалица анонимни странци во македонскиот ракомет. Од клубот се уште не е потврден ниту еден трансфер, но десетина имиња циркулираат како сигурни засилувања.
Јасно е само дека тренерот Љубомир Савевски идната сезона ќе почне практично од нула, со тим кој забележително ќе биде подмладен, па на Даскалоски, Пецаковски, Јовчевски, Кукоски и на Никола Маркоски ќе им се приклучат голманите Чаневски и Паунков и повратникот Симовиќ. Ракометното педигре на Црногорецот Пејовиќ и на Србите Јокиќ и Белоевиќ не е многу познато, па единственото релативно позвучно странско засилување е Божидар Надовеза, кој доаѓа од Стеауа. Откако беше отпуштен од Металург, во Вардар ќе се скраси Реваз Чантурија и се надеваат дека Стојанче Стоилов ќе биде прогласен за вишок во Автокоманда, а достојна замена за Петре Ангелов би бил само Борко Ристовски, доколку не се договори со Мелзунген.
Извор
Кој се овие бе ?:uvo:
И овој Михајло скренал скроз.....
 
П

Паспарту

Гостин
И повторно Михајло оди со главата низ ѕид... Џабе фрлање пари на третокласни срби, кога многу подобро е да се форсираат младите играчи, второто место и со србиве, а и без нив ни е резервирано, а од шампионското сме премногу далеку...
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.986
Поени од реакции
74.056
Правев муабет со другар на Стојанче Стоилов од Металург, и ми кажаа дека бил многу блиску до вардар. Конечно еден правилен потег и мислам дека добиваме одличен пикер, можеби и подобар од Ѓоргоновски и Димовски, но послаб од ракчевиќ:icon_mrgr. Сепак одлично засилување ќе биде ако се оствари ова!
 

DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.662
Поени од реакции
9.982
Не да ќе биде,и така после Ракчевич скоро и да немавме некој асален пикер,Маркоски млад е уште,многу фурни леб треба да излапа за да биде квалитетен пикер.... xD
 
Член од
22 јуни 2010
Мислења
55
Поени од реакции
16
Како и да е, Вардар наместо засилување добива третокласни странски играчи, што е жалосно за тимот !!
Многу сум незадоловолен и немам никаков коментар за новиот тим. Уште ништо не е официјално, ама сепак каде има чад има и оган :)
Имаме добри играчи во МРК и жалосно што според овие информации кои што ги добиваме, тие нема да бидат искористени. Пејовиќ, Белоевиќ и компанија без ракометно педигре ке ги бранат боите на нашиот Вардар !! СРАМОТА !! :S:toe:
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.986
Поени од реакции
74.056
http://sport.com.mk/?ItemID=209BE5698D26D8489382E06DE94A2722
Ќе ги плескаме ли автокомандоси оваа сезона??? :) Не се предаваме. Почнаа засилувањата за Вардар. На прагот на потпис се Стојанче Стоилов и нашиот "омилен" играч Борко Ристовски :icon_mrgr
Може да прочитате и за другите засилувања, мило ми е барем што Ојлески и Кукоски од Мрк ќе заиграат за прв тим. Истотака потврдено е и учеството на турнирот во Добој. Противниците ни се маестрални, Монпеље, Босна и Чеховски Медведи, па може и ќе го одбраниме трофејот :icon_mrgr
 
Член од
22 јуни 2010
Мислења
55
Поени од реакции
16
http://sport.com.mk/?ItemID=209BE5698D26D8489382E06DE94A2722
Ќе ги плескаме ли автокомандоси оваа сезона??? :) Не се предаваме. Почнаа засилувањата за Вардар. На прагот на потпис се Стојанче Стоилов и нашиот "омилен" играч Борко Ристовски :icon_mrgr
Може да прочитате и за другите засилувања, мило ми е барем што Ојлески и Кукоски од Мрк ќе заиграат за прв тим. Истотака потврдено е и учеството на турнирот во Добој. Противниците ни се маестрални, Монпеље, Босна и Чеховски Медведи, па може и ќе го одбраниме трофејот :icon_mrgr
Куковски е веќе од претходната сезона во Вардар Про. Тој игра лев бек заедно со Бранко Ангеловски.
Ново засилување од МРК Вардар е Александар Ангеловски кој заедно со Пејовиќ ке игра како централен бек и Гоце Ојлевски кој со Клинчаров ке игра како лево крило.
Добар избор се Ојлевски и Ангеловски-комплименти, ако е точна информацијата.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.986
Поени од реакции
74.056
http://www.sport.com.mk/?ItemID=B18A099F22EB074B876F50738ACA62DE
Борко Ристовски и дефинитивно е новото засилување за Вардар. Се осеќам поубаво кога он е на голот :icon_mrgr
Инаку во Европа сме меѓу носителите и не би имале проблеми да дојдеме до осмина финалето. Воопшто купот на ЕХФ оваа година нема некои големи имиња, и да го имавме тимот од пред две години ќе се надевав и на титула :(
 

Kajgana Shop

На врв Bottom