Гоч
33 1/3 rpm
- Член од
- 17 мај 2009
- Мислења
- 1.417
- Поени од реакции
- 47
Тоа дека беа искористени во една глобална игра е точно. Ама тие знаеја за што се борат. За нешто од 1800 може да драпате колку сакате. За 1940-тите години, јас лично сум зборел со десетици Егејци (таква фамилија) и тие точно знаеја што сакаат.А от дека имаха пушки?
Не им ли ги даде Тито?
Беха изкористени за целите на една голема Jугославиjа. И изгубиха.
Македонија можеше да ја окупира (може и сега) секој на Балканот. Но што следува после тоа се знае - герила! Македонците стануваа "комунисти" поради тоа што само Комунистите имаа исправен став кон Македонците (дури и Бугарската КП).не четеш внимателно. Де-би пишеше дека:
"Бугарија немаше никогаш да успее да ја окупира така едноставно Македонија бидејќи населението и македонското ослободително движење беше веќе зацврстено а бугарската војска ниту беше опремена со техника како германската ниту имаше толку добра структура и тактика."
т.е. визираше периодот од 1941 г и по-рано, кога божем во кралска Jугославиjа се ширело некое македонско освоб. движение кое било по-добре опремено и ке се борело со бугарската воjска...
Поентата е - во Македонија уште има баби и дедовци (иако сега се се поретки) кои го преживеале и српско, и грчко, и бугарско и комунистичко. Зошто ако од 1945 ги терале да се пишуваат Македонци, од 1991 година на големо не се освестија дека се Блгари, а? И зошто на пример моите роднини во Овчарани се уште велат дека се Македонци? Да не ги репрограмираше Тито?
Мислам дека си грешка за тоа дека не ги помагаше Егејците. Ама не ги помагаше само Тито, туку и Албанија и Бугарија. Границите може беа одредени, ама СССР и Американците уште се триеја во Европа. Во Германија, во Австрија, во Чешка и Полска и за жал во СФРЈ (Македонија и Трст).Огромна грешка!
Комунистите во Грција не беа помогнати од никој. Ни од Тито, ни од Сталин. Им беше пружана мала симболична техничка помош за повредените., ништо повеќе од тоа.
Границите на поствоена Европа беа одредени уште 44та во тет-а-тет средба Черчил-Сталин. Грција (сосе Егејска Македонија) беше предвидена во сферата на капитализмот, затоа Сталин не им пружа помош на комунистите во Грција, а Тито сосем мала техничка помош.
Македонците во Грција не беа помогнати, и не беа искористени за голма Југославија!
Доколку Тито сакаше поголема Југослаија ќе дозволеше македонските партизани да се насочат кон Солун наместо да ги прати на Срем.
Како и секогаш со Македонците некој си играше во големите глобални игри, и за жал изгубија многу. Како и во 1767, 1878, 1903, 1912, 1991, 2001....