добре, значи кажуваш дека македонските партизани, комунистите, сами си работеле за независна Македониjа. Да приеме за момент дека е верно тоа (не е!), ами другите македонци, не-комунистите, како се работеле за независност? Поддржниците на либералните, на консервативните или на аграрните идеи - како се се бореле?
Татарче еве ти ја другата струја која не била со партизаните преку документи црно на бело и сега одјеби во татаристан...
---------------------------------------------------------------
1944, Август, 30
Телеграма за повлекување на Бугарските Трупи и Обид за Формирање на „Автономна Македонија„
КР-Телеграма 5 примероци
1. FS
2. Chef
3. Ia
4. Lrd. Feldpol.Dir (раководител и директор на воената полиција)
5. IC (E)- армиска група
На
Армиска група Е Иц АО
Врховна армиска команда на 2. оклопна армија
Шев на германската воена мисија во Бугарија јавува:
1. Генералот Стојанов (Константин Стојанов) полуофицијално соопштува: за неколку дена претстои повлекување на бугарските трупи од Македонија и Тракија, бидејќи англоамериканскиот притисок е преголем. Се очекува истоварување во Тракискиот простор и операции од територијата на Турција.
а) Стојанов со пешадиски марш сака да ја извлече армијата и со подобрите делови да пристигне кај првата софиска дивизија.....
б)Стојанов сака да и дозволи на армијата да го земе она што може да го носи со себе.
2. на 30.8 Стојанов го испраќа Богданов во Софија со цел да ја спознае положбата и воспостави врска со националните кругови.
Месната власт во Македонија прави директен обид да воспостаци автономна Македонија, потпирајќи се врз Германија. Таа има врски со овдешниот германски генерален конзул.
O.B. Südost (Okdo.H.Gr.F) Ic/AO
Nr. 6490/44 geheim, von 30.8.44
Сакате уште!?
-----------------------------------------------------------------------------
1944, септември, 1
Телеграма за воспоставување „Народен Комитет„ во Македонија
HURX/FÜ, Nr 7170
1.9.44Nr.0735 WSKB Таен команден предмет
WSKB O2886 31.8.11 раководен директор на воената полиција кај врховниот наредбодавец на Југоистокот
На раководниот директор на воената полиција, при армиска група Ф во Белград
Денеска вечер (31.8) основа на Народен комитет за орgанизирање и раководење со Народната милиција.
1944, септември, 1
За формирањето „Централен„, „Народен„ и „Градски„ Комитет и „Народна Милиција„„ во Македонија
HURX/FÜ 7180
1.9 nR.0715, WSKB
WSKB 02889 31.8 11110
Таен команден предмет, Раководител и директор на Воената полиција кај Врховниот наредбодавец за Југоистокот
На Раководниот директор на Воената полиција кај Врховниот наредбодавец за Југоистокот во Белград
Вцера навечер (30.8) се собраа 120 потврдени претставници на народот и избраа Централен комитет од тројца членови, Народен комитет од 20 членови и градски комитет за Скопје и околината, со цел да се организира и да се раководи со Народната Милиција.
--------------------------------------------------------------------------------
Татари како ви се свиѓа претходново...!?
Што велите за следново?
Германците си ебале мајката за педантност и коректност....не се тие лажговци како вие...вас ви е во крв то.
--------------------------------------------------------------------------------
1943, септември, 28
За д-р Раутер
Anlage----zu Ast Belgrad tgb. Nr 5814/10.43 III Fg.r.7.10.43
Nr. 148
Anlage---zu Abw. Kdo. 111 Nr. 173056/43g
Забелешка во Актите
Предмет: На состојбата на македонската територија
Сопствени истражувања:
Последиците од различните субверзивни струења на македонската територија моментно се изразуваат на следниот начин:
1. загуба на престижот на Германија
2. силно непријателство спрема Бугарите
3. Кумунистички стремежи
....отпадништвото на Италија, а особено големото повлекување на исток и се посилното движење на бандите во Србија, Хрватска, Црна Гора, Словенија, Грција како и во Албанија, и сето ова поврзано со една силна и вешта пропаганда го поткрепи општото мислење кај словенското население во Македонија дека Германија се помалку е во состојба да биде господар на настаните. Невнимателните изјави на одделни припадници на Вермахтот, а особено на оние што се враќаат од исток, изјави кои се неповолни и согласно со балканските обичаи се пренесуваат ситно зачинети, кај ликалното население создаваат мислење дека германската војска почнува да му подлегнува на заморот од војната.
...разоружените Италјанци кои минуваат низ областа, исто така вршат силна пропаганда против Германија а во прилокг на Англоамерика. Во своето однесување тие се толку комотни, како божем да ја добиле војната, па се жалат дека Германците ги оставаат гладни, а за да го докажат тоа му ја продаваат својата облека на населението и купуваат прехрамбени продукти, питаат леб и раскажуваат дека Германците се „капут„. На тој начин кај населението предизвикуваа сожалување и многу приденосуваат за промената на неговото расположение.
Италјанците стално прашуваат кога ќе стигнат во Србија бидејќи населението таму богато ги дарувало со животни намирници и спрема нив се однесувале со голема наклоност.
О
дбивноста спрема Бугарите произлегува од многу причини, а особено од различниот третман на Македонците.
...Бугарските учители во основните и средните училишта ги воспитуваат децата да станат шовинистички Бугари и да ги мразат и презират Србите. Бугарите ги жигосуваат Македонците како сосема неуспешни луѓе, го потхрануваат кај нив чуството на пониска вредност. Бугарите се служат со речиси истите владејачки методи како и Србите и следствено на тоа резултатите се исти.
Се до 1941 Македонците копнееја за ослободување од Србите, а сега истото ослободување го посакуваат од Бугарите.
Не земајќи ги во предвит неколкуте исклучоци, мнозинството од Бугарите остана туѓа за душата на македонскиот народ.
Тие кај него предизвикуваа незадоволство, кое се изразува преку следниве движења:
- стремеж за национална независност
- зараза од комунизмот
Стремежот за независност има за цел потполна автономија на македонскиот народ. Од овдешното население на оваа територија постои желба да се биде независен од влијанието на Србите и Бугарите, еден народ кој сам ќе одлучува за својата судбина. Ова движење, чие седиште е во Скопје располага со многу приврзаници во интелектуалните кругови и зад себе има сигурно 80% од селанството.
Голем дел од сонародниците кои денес се населени во Бугарија и Србија, исто така се приврзаници на ова движење. Во Скопје и во другите македонски градови веќе се основани тајни одбори во кои се обработува оваа цел.
Овде е силно влијанието на демократските и масонските елементи.
Германија се надева на реализација на идејата само во случај ако бугарската војска не земе активно учество во сегашната војна. Се претпоставува дека во тој случај Рајхот ќе се ослободи од политичките обзири спрема Бугарија и ќе ги задоволи желбите на Македонците.
Се до својот крах, Италија исто така и придаваше значење на оваа идеја и го подржуваше нејзиниот развој.
....Спрема Албанците нема пријателско расположение. Населението се помири со неопходноста дека чисто албанската област Качаник и деловите од Карадак, кои се на север од Скопје, ќе мора да им се отстапат на Албанците.Се мисли дека од стратешки и стопански причини ќе мора да се задржи долината на реката Моравица и во пределот Прешево (северно од Куманово), иако западниот дел од овај крај е населен со албанци.
Внимателно се следи состојбата во Албанија и постои мислење дека Албанија нема да биде во состојба да се одржи самостојно, односно без туѓа помош.
.....комунистичкото движење во Македонија е силно во градовите, потоа во областите Велес, Овче Поле, Прилеп и Битола. Во однос на минатата година бројот на бандите значително се зголеми. Тие исто така станаа проактивни, иако бугарската полиција постапува остро. Постои некоја врска помеѓу партизаните на српска територија па и Хрватска, но и со албанските комунисти.