Борбите на Македонците против Бугарија

Член од
31 јули 2009
Мислења
117
Поени од реакции
10
ДО ГЛАВНИОТ ШТАБ НА НОВ И ПО НА МАКЕДОНИЈА

25 ноември 1944 година
[Белград]

Бугарските офицери, иако се од македонска националност, ние не можеме да ги примиме во нашата војска, зашто нивните изјави предизвикуваат сомневање во нивните добри намери.
Апостолски нека дојде веднаш кај нaс, заедно со политичкиот комесар.

(Извори: А-ВИИ, к.26. рег.бр. 9-5/12)

Факти од писмово:

1. Група Македонци офицери од бугарската армија, доброволно ја напуштаат истата и сакаат да и ги посветат своите кариери и животи на македонската армија иако истата е на делеку поназадно (и ризично) ниво.

2. Тие се повеќето од македонската емиграција во Бугарија или пак од своите автохтони македонски територии (Пиринска Македонија) и најприродно си влечат кон своите македонски корени и интереси.

3. Токму во тоа е и стравот на Тито (кога вели дека се плаши од некои нивни изјави). Тито има причина и за загриженост што со ова ќе се зајакне стратешки македонскиот воено-интелектуален потенцијал, кој може да се сврти против него.

4. Дека бил во право ќе се докаже многу бргу. Македонците предводени од Ченто, Брашнаров и др. патриотски определени лидери ќе тргнат во остварување на македонскиот сон (обединета Македонија), а не Титовиот.

Во почетокот на декември 1944 год., Генерал-лајтнатот Апостолски и политичкиот комесар Борко Темелковски-Љиљак, се викнати на реферирање во ВШ кај Тито заради нивниот прифатлив однос кон Македонците офицери од бугарската армија. При ова тие добиваат и инструкции за односот кон овие офицери како и воопшто кон бугарските воени команданти.

Асен Богданов, бугарски полициски начелник во Скопје, за време на бугарската окупација (1941-1944), одговарајќи на прашањата од тужителoт за методите нa бугарската власт во Македонија за всадување на македонскиот народ убедување дека е бугарски, вели: „Пред да дојдам во Македонија имав впечаток дека овде, навистина, постои бугарски елемент. Со години нам ни беше всадувана идејата дека Македонија и припаѓа на Бугарија, дека македонскиот народ е бугарски, и дека тука било бугарско царство.
Изненадувањето беше огромно. Можев да констатирам дека како бугарски елемент се чуствуваа само неколку богати луѓе, кои се беа доближиле до бугарската власт, интелектуалци кои се броеја на рака, а кои и припаѓаа на организацијата на нашиот народ (бугарскиот - авт.). Сите останати се чувствуваа како Македонци.

- Кој ги организираше специјалните служби за бугаризирање на македонскиот народ? (прашање на судијата - поротник*)

- Овие служби се организирни со решение на Министерскиот совет, а беа раководени директно од Министерството за внатрешни работи.

- Што се бараше од лицата кои беа испратени да работат во бугарскиот окупаторски административен и полициски апарат во Македонија? (прашање на судијата - поротник *)

- Од нив се бараше да бидат задоени со идеата за бугаризација на македонскиот народ, и за задржување на овој крај (Македонија - авт.) по секоја цена, под Бугарија.

- Дали тие ја оправдаа довербата?*

- Да.

- Како?

- Со борбата којашто ја водеа и безусловната примена на мерките на бугарската влада - терор, ликвидација, егзекуција, палења итн.

- Кој всушност, го вршеше тоа - војската или полицијата?

- Заедно.

- Како се убивани Македонците?*

- Имаше стрелања, имаше случаи на претепување, а и фрлања во Вардар...“

(Од судењето на Асен Богданов, полициски начелник во Скопје, од книгата на Јован Павловски „Судењето како последен пораз“ Тетово 1977, стр. 75).

По падот на Бугарија и нивното префрлање на страната на сојузниците за да си ги исперат гревовите поради сојузништовото со фашистите, Тито испраќа писмо до Ранковиќ во кој дава инструкции да се смират тензиите и борбите меѓу Македонците и Бугарите од тогашната Петта бугарска армија кои до тој момент беа меѓусебни непријатели на фронот, а сега по налог на Сталин - требало да станат наводни сојузници.

За Ранковиќ

01 октомври 1944
[Крајова]

Со Бугарија прашањето ќе го уредиме кога ќе дојде кај мене делегацијата.

На МАКЕДОНЦИТЕ ЈАВИ ИМ ДА НЕ ДОАЃААТ ВО СУДИР СО БУГАРИТЕ, зашто сите тие прашања во најскоро време ќе бидат решени*

Од Италија префрлете во земјата се што таму не е неопходно...( з.н - следуваат инструкции за другите региони на екс-Југославија – Босна, Хрватска, Србија, Црна Гора како и за ранетите и туберкулозните од истите)

(Извори: А-ВИИ, к.26, рег.бр.12-1 и 12-2/13)


* Оваа инструкција, Тито ја дава по депешата од Врховниот штаб (ВШ) од 30 септември 1944 год. со која е известен дека единиците на Македонците дошле во судир со Бугарите кај Прилеп затоа што овие не сакале да се борат против своите довчерашни сојузници – Германците.


Под притисок од општ оган врз нив, двата бугарски полка кои одбиваат да се борат против Германците, се разоружани од македонските сили. Заради напнатоста помеѓу Македонците и Бугарите и низ другите региони на Македонија, ВШ “бара став спрема Бугарите” зашто и нему како ВШ“ не му е јасно дали бугарските единици добиле задача да содејствуваат со Црвената армија” (А-ВИИ,к.26, рег.бр.13-1/13).

Но и речиси месец по ова судирот меѓу Македонците и Бугарите не стивнува а добива и нови пожестоки димензии. Македонците гневни од однесувањето на Бугарите кои се само терет на народот а нема никаква корист од нив, им издаваат наредби со кои целосно ги ограничуваат нивните активности и движења а им бараат и предавање на злосторници и слични барања. Бугарите за ова “плачат” во Москва та дури и Тито е жестоко критикуван од Русите. По тоа Тито праќа една драматична депеша кон Македонците:

[ДО ГЛАВНИОТ ШТАБ НА НОВ И ПО НА МАКЕДОНИЈА]

20 ноември 1944 година
[Белград]

Наредбата што ја издадовте вие во поглед на бугарската војска, за забрана на нејзиното движење ноќе, укинете ја веднаш *. Исто така, запрете го вашето барање за предавање на воените злосторници, бидејќи е тоа работа на централната влада.

Престанете со заострувањето на односите со бугарската војска, а сите судирања и расправии настојувајте да ги решите на самото место, со помош на руските офицери **. Мошне е незгодно што, дури преку сов[етската] влада мораше да дојде до ваква интервенција, за да се избегнат судирањата меѓу вас и Бугарите.

Би требало Апостолски да дојде во нашиов штаб, а исто така и Боби.

(Извори Архив Војно-историског института [A-ВИИ], к.26, рег бр. 9-4/12)

Појаснувања:

* Се мисли на наредбата од ГШ на НОВ и ПОМ од 13 ноември 1944 год. со која се забранува влегување на отечествените бугарски единици во Скопје, без одобрување на ГШ на Македонија, како и Наредбата за ограничено движење на припадниците од 1- ва бугарска армија од 18 ноември 1944 год., но и други предупредувања за Бугарите.
** Се мисли на членовите на Советската воена мисија при ГШ на НОВ и ПОМ. Судирите со Бугарите покрај другото, доаѓаа и заради некоректниот однос на бугарските штабови, грабежите на народните добра, разузданиот однос на бугарските војници и слични појави заради кои ГШ на НОВ и ПОМ беше принуден да преземе ригорозни мерки кон Бугарите.
Братот, можно ли е да се најдат некаде фототипни изданија на овие документи?
 
Член од
31 јули 2009
Мислења
117
Поени од реакции
10
Не е рокот "неколку" години, а барем 50 - ова се барем две генерации и при тоа при затворена граница. А во 44-46 е убиен и пратен во комунистички лагори врвот на бугарската интелигенциjа во Вардарско. Колку убиства имало во Jугославиja во тие години податоци имаш ли?
Радев, рокот е точно неколку години, едни велите вака, други така, вие нонстоп кажувате како во Македонија живееле "нај чистите" и "нај корави Бугари", арно ама испаѓа дека некакви си цитирам: "шумадиски свињари", како што вие си обичате да ги нарекувате Србите успеаја од "нај големите Бугари" да создадат некаква си нова нација? Сега пак и "влашките чобани" ви се криви за нашето наводно "создавање". Како едни "свињари" и "чобани" успеаја од "славната и велика бугарска нација - стожер на Балканите", да создадат "вештачка нација"? И тоа од нејзиниот "најчист" и "најромантичен" дел? :kesa:

И сепак вие не можете да се согласите дури ни меѓу себе! Што пак ако била затворена границата? Ние ли ја затворивме или пак така беше и во цел свет? Германија 50 години беше поделена, па ништо.
 

demmian

Попиванов
Член од
9 јули 2008
Мислења
1.613
Поени од реакции
53
Се ОК,ама барем старциве во Македонија да имаа добри спомени од бугарите.и да чувствуваа носталгија кон бугарското ,,ослободување,,

Ама како што гледам повеќево старци,кои го преживеале тој период 41-44 не сакаат да чујат за бугари и Бугарија.Лоши впечатленија мај???
 

Beowulf

Deep Fear
Член од
11 мај 2009
Мислења
362
Поени од реакции
35
EDIT.

Не е рокот "неколку" години, а барем 50 - ова се барем две генерации и при тоа при затворена граница. А во 44-46 е убиен и пратен во комунистички лагори врвот на бугарската интелигенциjа во Вардарско. Колку убиства имало во Jугославиja во тие години податоци имаш ли?
За 50 години две генерации?:vozbud:

За 50 години кремот на бугарската нација беше преобратен во нешто сосем трето?

Дај објасни го жити се процесов на перење на мозоци на кој начин се одвивал. Цело време кажувате комунистите па комунистите. Објасни ми како во рок од само 50 години се случило тоа?

Радев, рокот е точно неколку години, едни велите вака, други така, вие нонстоп кажувате како во Македонија живееле "нај чистите" и "нај корави Бугари", арно ама испаѓа дека некакви си цитирам: "шумадиски свињари", како што вие си обичате да ги нарекувате Србите успеаја од "нај големите Бугари" да создадат некаква си нова нација? Сега пак и "влашките чобани" ви се криви за нашето наводно "создавање". Како едни "свињари" и "чобани" успеаја од "славната и велика бугарска нација - стожер на Балканите", да создадат "вештачка нација"? И тоа од нејзиниот "најчист" и "најромантичен" дел? :kesa:

И сепак вие не можете да се согласите дури ни меѓу себе! Што пак ако била затворена границата? Ние ли ја затворивме или пак така беше и во цел свет? Германија 50 години беше поделена, па ништо.
:smir:
 

Македонеро

Домаќин
Член од
15 декември 2008
Мислења
3.488
Поени од реакции
1.862
Тие дури нема и да ги гледам. Верувам дека нема да има ништо друго, освен комунистичка пропаганда. Факт е дека е имало убиства, како во Jугославиjа, така и во Грциjа и во Бугариjа - на комунисти. Вртите из нетот истите 5-6 слики на убити комунисти.

Па нема да ги фледаш кога не ти одговараат,бугарска работа.Не си ни ги видел клиповите а веке даваш критика:tapp::kesa:.Кажи ми дали и 12 убиени деца во Ваташа од страна на бугрски фашистички војници е комунистичка пропаганда???



Бугарите ликвидирале 103 Поречани во еден ден

[Бугарската војска во Порече организирала казнени експедиции кои вршеле ликвидации]
Бугарската војска во Порече организирала казнени експедиции кои вршеле ликвидации

Балканските и Првата светска војна најтрагично минато на македонскиот народ (16)
ВИКТОР ЦВЕТАНОСКИ

Во еден ден, на Бадник, спроти Божик, во 1916 година, Бугарите ликвидирале 103 Поречани и ги фрлиле во еден ископ во месноста Дервишка Нива. Бугарската војска, која го окупирала овој крај по повлекувањето на Србите, организирала казнена експедиција под водство на полковникот Панов, користејќи посебни мерки за заплашување на населението кое го сметале за просрпско. Тогаш подготвувале и црни списоци на видни и влијателни луѓе. Како што пишува Милан Ристески во „Порече низ историјата“, на списоците се наоѓале сите свештеници, учители, претседатели на општините, началници на комитети, просрпски војводи и нивните четници. Тогаш биле уапсени 205 лица од црниот список. Едни ги однеле во Околиското началство, други во Прилеп, а половината од нив завршиле во ископот на Дервишка Нива.

Во фондот на манастирот „Света Богородица“ крај Манастирец се наоѓа списокот на убиените. Ги има од сите места во Порече, но најмногу - 22 се од селото Здуње, единаесетмина од Лупште, деветмина од Томино Село, по осуммина од Долни Манастирец и Зркле. На ликвидираните подоцна Поречани им подигнаа костурница во близина на манастирот.

Меѓутоа, тоа не се сите ѕверства што ги направиле Бугарите за време на Првата светска војна во овој крај, каде што српската пропаганда во тоа време имала големо влијание. Една година пред тоа биле ликвидирани и други видни Поречани. Поп Димитрија од селото Црешево се повлекувал заедно со српската војска, знаејќи дека црно му се пишува кога ќе дојдат Бугарите. Меѓутоа, го вратил поп Мицко, гарантирајќи му дека нема да даде да биде убиен, без разлика на тоа која војска ќе дојде во Порече. Му поверувал, но страшно се излажал. Заедно со уште двајца други свештеници, ѕверски бил убиен и фрлен во еден бунар во Македонски Брод. Таа година од Бугарите или од пробугарски ориентираните Македонци биле убиени и Јован Зенговски, Никола Дуроски и Петре Марковски од Крапа, а во Македонски Брод свештеникот Цветко Попоски и Нове Тодоровски.

[Во близина на манастирот „Света Богородица“ Поречани им подигнаа костурница на ликвидираните] Тоа биле страшни години за луѓето од Поречето. Бугарската власт завела купонски систем на исхрана, вршејќи реквизиција на сите земјоделски и добиточни производи. Способната машка работна сила била на фронтовите, едни ги мобилизирала српската војска, други бугарската. Во селата останале само жените, старците и децата, немало кој да ги ора нивите. „Лебот го надоместуваа со други производи, јадеа коприви, штавеј, зелје, костени и желади. Неколкуте десетици илјади војници што беа стационирани во Порече изедоа се'. Во овој крај во тоа време се уништени над 150.000 глави овци и кози. Затоа настапи глад посилен од се'. Слабата исхрана на луѓето и гладот однесоа многу жртви, особено умираа старците и децата. Жените се собираа по неколку во група и одеа по селата на Тиквешијата, Велешко, Скопско, од каде што купуваа по дваесетина килограми пченка за да ги прехранат своите. Многу од нив умреа гладни на патиштата. Старата Јованка Синадиноска од село Локвица цел месец не каснала леб и кога зела леб в рака, се прекрстила, каснала неколку залаци и починала. Гладот одземаше жртви колку и фронтот“, пишува во своите сеќавања еден Поречанец.

Луѓе на тогашната бугарска власт извршиле и многу грабежи, особено на печалбари. Се спомнува грабежот што бил извршен на браќата Трпе и Максим Стојаноски, печалбари кои тогаш се вратиле од Романија. Со себе донеле шест оки злато, за што бугарската власт дознала. За да дојдат до златото, ги уапсиле и ги обвиниле дека се србомани. Вршејќи му невиден притисок за да каже каде е златото, на Трпе му ја отсекле едната рака до лакотот и му ја ставиле во другата. Не можејќи да ја издржи болката, го пратил братот Максим да ги донесе парите и потоа му ги предале на кметот Спиро Стојчески. Откако му го дале златото, Максим бил пуштен, а Трпе завршил со уште 102 Поречани во ископот кај Дервишка Нива.

Многумина Поречани што биле регрутирани во бугарската војска бегале од фронтот. Поголема група од 200 момчиња се криеле во околните планини, а бугарската војска ги барала со неколку воени единици. Зимата 1916 година открила една група од нив, која се обидела да ја пробие блокадата. Притоа, некои биле ранети, а другите избегале. По неуспехот да ги фатат, нивните семејства биле изложени на стравотни маки. Се раскажува како на жената на Ване Дамчевски од Црешево Бугарите и' ставиле нагорен вршник. Изгорела под него, но не го предала мажот. За да биде трагедијата уште поголема, за време на војната Порече го зафатил пегав тифус од кој изумреле околу 700 души.

Милан Ристески пишува дека тогашната власт започнала и со интернација на цели села во Бугарија за да ги спречи дезертирањата на Поречани од бугарската војска. Ги интернирале прво старците и децата. Најпрво ги одвеле во Прилеп. Таму Прилепскиот комитет на ВМРО побарал да ги вратат назад. Бугарите привидно ги вратиле во Порече, но преку Кичево, Тетово и Скопје, сепак, ги интернирале во Бугарија.

„Луѓето со болка се оддалечуваа од татковината. Се наведнуваа старците да ја бакнат својата родна земја и да се простат од неа, со страв дека повеќе нема да ја видат. Се слушаше силен писок од тажачки гласови во селото Тажево. Го тажеа селото, се тажеа себеси, ги кршеа прстите, ги корнеа косите и ја повикуваа земјата да се отвори и да ги прибере каде што ги прибрала нивните предци. Група од 400 души од Тажево се иселени во Бугарија. По две години оттаму, од тие 400 души, се вратија 120. Другите ги изгубија животите - кој од глад, кој од болест, кој од студ“, цитира Милан Ристески едно сеќавање од тоа време.

И селаните од Здуње ја доживеаја судбината на многу други интернирци. „Насилството, колежите и палењата во Порече продолжуваа. Сечењето глави на селаните и бесењето на видливи места беа посебно уживање и закана на туѓинците“, своевремено раскажувал еден Поречанец, сведок на овие настани.

За интернациите пишува и македонскиот револуционер Мартулков. Во своите спомени цитира изјава на еден бугарски командант за интернирањата на жителите од едно село. „При претресот не се најде оружје, ниту нешто што можеше да го компромитира селото или одделни селани. Но, и покрај тоа, ’опасните србомани‘ беа истерани, заедно со семејствата во Велес, за интернирање. Списокот на овие луѓе беше составен уште порано во Велес со помош на ’видните граѓани‘“, пишува Мартулков.

Македонскиот револуционер објаснува дека особено актуелни биле интернациите откако Василие Трбиќ, кого пробугарски ориентираните села во прилепскиот крај го паметат само по зло, слетал со авион на ливадите крај Зрзе и се криел во околината. Тоа било повод за масовни интернирање на „сомнителните“ селани.

Тоа не биле сите маки на Поречани. Група од 150 лица, старци и момчиња биле присилени да работат на патот на Плетвар. Дење работеле, а ноќе ги затворале во плетварските плевни. Измрзнати од студ, гладни и боси, многумина не можеле да работат, па поради тоа биле изложени на големи маки. Даме Кралески, кој не можел да оди, од бугарските војници бил боден со бајонети, по што починал.

Д-р Растислав Теризевски вели дека Бугарите по окупацијата во 1941 година примениле поинаков однос спрема населението во Порече за да го придобијат и истовремено да ги исперат ѕверствата што ги направиле во Првата светска војна. „Министерството за просвета на Бугарија посебно размислувало како да го придобие поречкиот крај, притоа признавајќи дека е направена голема грешка со злосторствата што се вршени. Во еден документ стои дека населението од Порече можело да се побугари со посмирена политика и со други мерки, како и во другите делови на Македонија. Тогаш испраќале добри учители и се обидувале да школуваат млади Поречани во Бугарија. Истовремено воделе сметка воените регрути од овој крај да стапат во подофицерски школи“, вели д-р Теризевски.

Наредбите за ликвидации ги давал миленик на Фердинанд

Познатиот македонски револуционер Алексо Мартулков, кој во тоа време бил еден од раководителите на бугарската власт во Азот и Порече, вели дека голем број од командите за ликвидација на Поречани ги давал потполковникот Панов, кој, според него, имал генерални полномоштија и „карт бланш“ за дејствување - лично од царот. „Панов беше од ерменско потекло и персиски поданик. Но, овој меѓународен авантурист и шпион беше се доселил во Бугарија уште пред војната, успеа да се зближи со царската камарила и по кратко време стана миленик на Фердинанда. Не без способности, тој успеал да се лансира како офицер во бугарската војска, а подоцна станал предавач во военото училиште“, пишува Мартулков во своите спомени. Тој вели дека потполковникот Панов својата крвава мисија ја започнал уште со преминувањето на бугарско-српската граница есента 1915 година. „Во Сурдулица заклал голем број српски попови. Каде што поминуваше, оставаше крвави траги, мачејќи го и колејќи го невиното мирно население. Особено со своите полчишта се појави во Азот, Порече и прилепските села, чистејќи ги србоманите. Меѓу селаните Панов беше посеал страшен ужас“, подвлекува македонскиот револуционер.

Згрозен од злосторствата што ги вршел Панов, генералот Танев, тогаш командант во бугарската војска на Македонскиот фронт, инаку роден во Велес, го викнал кај себе и побарал објаснување за ѕверствата. Панов тогаш му изјавил дека тој не може да дава отчет за своите постапки никому, освен лично на царот.
 

Македонеро

Домаќин
Член од
15 декември 2008
Мислења
3.488
Поени од реакции
1.862
Ликвидирани во бугарскиот колеж на Бадник 1916 г.

Список на Македонци од Поречието (по села) ликвидирани на Бадник 1916 год. од страна на Бугарите кои потоа најголемиот дел ги фрлаат во еден ископ на “Дервишка Нива”.
Од списокот лесно може да се увиде дека овој бугарски колеж некои села речиси ќе ги збрише од лицето на земјата.

с. Белица :

1. Трајко Тримчески – кмет на селото
2. Раде Михајлоски – Претседател на селскиот одбор
3. Анаќија Тркалески – виден човек од селото,
4. Тренко Велкоски – виден човек од селото,
5. Алексо Велкоски.

с. Бенче :

1. Грујо Димитриески – учител,
2. Темо Цанески,
3. Драгомир Манески,
4. Јован Манески и
5. Кочо Богатиноски.

с. Битово :

1. Спасе (?) – учител,
2. Неофит Манески,
3. Илија Змејкоски и
4. Јордан Стојаноски.

с. Брезница :

1. Ристо Стојаноски.

с. Близнаково :

1. Димче Котески

с. Брест :

1. Јован Ѓуроски,
2. Марко Крстески.

с. Волче :

1. Бошко Митрески – војвода,
2. Михајло Јованоски,
3. Радивој Миланоски,
4. Раде Атески,
5. Цветан Филипоски,
6. Јордан Стојаноски и
7. Павле Митрески.

с. Грешница :

1. Трајан Стојкоски – угледен политичар
2. Стојан Спасески,
3. Стојан Стојаноски и
4. Богатин Смаќоски.

с. Горно Ботушје :

1. Злате Златески,
2. Неделко Срезоски,
3. Тренко Златески,
4. Војче Тренески и
5. Наумче Василески.

с. Горно Крушје :

1. Атанас Дамчески – кмет на селото,
2. Спирко Состоски – учител,
3. Мате Симоноски – поранешен кмет на селото,
4. Анѓеле Ѓорѓиески – стар селски коџобашија,
5. Герасим Пејоски и
6. Арсо Стефаноски.

с. Горно Манастирец :

1. Милорад Стојкоски.

с. Долно Ботушје :

1. Ристе Србиноски,
2. Глигор Новески и
3. Дане Маркоски.

с. Долно Манастирец :

1. Нове Цветаноски – учител,
2. Радомир Стојкоски – познат политичар,
3. Илија Бојаноски – угледен политичар,
4. Максим Стојкоски,
5. Живко Гинески,
6. Стојко Вртаноски,
7. Вукашин Пралески и
8. Здравко Видески.

с. Долно Крушје :

1. Андон Велјаноски – кмет на селото,
2. Станко Арлампиоски – селски коџобашија,
3. Мицко Михајлоски – поранешен кмет.

с. Заград :

1. Китан Илиоски и
2. Костадин Симоноски.

с. Здуње :

1. Стеван Ѓорѓиоски,
2. Перо Цветаноски,
3. Цветко Тодороски,
4. Наум Трајкоски,
5. Радомир Аралашкоски,
6. Блаже Цветаноски,
7. Трпе Неделкоски,
8. Тримче Јованоски,
9. Ване Гинески,
10. Спасе Станкоски,
11. Станко Костадиноски,
12. Јордан Ковилоски,
13. Најдо Лазароски,
14. Бошко Ѓорѓиоски,
15. Насте Неделкоски,
16. Стале Петрески – кмет на селото,
17. Андреја Здавески – комита,
18. Ставре Каравилоски – комита,
19. Мијајле Ангелески – комита,
20. Александар Синадиноски,
21. Трендафил Лазарески и
22. Трајко Синадиноски.

с. Звечан :

1. Димко Јованоски,
2. Климе Јаковлески,
3. Трпко Кузманоски,
4. Костадин Стојаноски,
5. Војче Михајлоски и
6. Михајло Дукоски.

с. Зркле :

1. Крсте Гелкоски – учител,
2. Зафир Врќакоски – учител,
3. Андон Михајлоски – Претседател на одбор,
4. Злате Михајлоски – политичар,
5. Филип Витески,
6. Миладин Саркоски,
7. Стојко Трајкоски,
8. Бранко Врчакоски.

с. Косово :

1. Милан Богоески,
2. Никола Спасески,
3. Стане Јованоски,
4. Аритон Трпески и
5. Димитрија Маркоски.

с. Ковач :

1. Неделко Илиески,
2. Ратко Дукоски,
3. Тоде Стојков Русески,
4. Станислав Стојкоски,
5. Михаил Трајкоски,
6. Јордан Златески,
7. Јордан Михајлоски и
8. Томе Стојкоски – угледен политичар.

с. Крапа :

1. Тасе Конески – свештеник.

с. Калуѓерец :

1. Светозар Трајкоски,
2. Воислав Стојчески,
3. Драган Нанкоски и
4. Васил Груески.

с. Кошино :

1. Митре Јорданоски,
2. Стеван Димоски и
3. Тодор Стојкоски.

с. Латово :

1. Ристе Костадиноски – познат политичар.

с. Локвица :

1. Глигор Пејчиноски,
2. Ристе Андоноски.

с. Лупиште :

1. Герасим Тренчески,
2. Коне Алексоски,
3. Стане Милошески,
4. Бранко Врчакоски,
5. Лубе Спасески,
6. Михаил Драганоски,
7. Илија Сталески,
8. Миладин Димоски,
9. Ристе Ѓорѓиоски,
10. Јане Стојоски и
11. Павле Јовески.

Македонски Брод :

1. Душан Митрески,
2. Најдо Трпчески,
3. Арсо Митрески,
4. Крсте Јосифоски,
5. Михајло (?)
6. Велко (?) и
7. Стојмир (?).

с. Модришта :

1. Михаил Мандароски.

с. Могилец :

1. Стеван Каравилоски,
2. Стојан Синадиноски и
3. Миливој Синадиноски.

с. Рамне :

1. Боге Миленкоски,
2. Миладин Стеваноски и
3. Герасим Стојкоски.

с. Растеш :

1. Јаким Кочоски,
2. Митре Митрески,
3. Михаил Велкоски,
4. Санде Ристески,
5. Радомир Јанески и
6. Нове Атанасоски.

с. Ореовец :

1. Катин Катиноски,
2. Велко Велкоски и
3. Митре Стојкоски.

с. Сланско :

1. Трпко Србиноски – кмет на селото,
2. Јордан Дојчиноски,
3. Стојо Цветаноски,
4. Стеван Максимоски,
5. Благоја Николоски,
6. Александар Лазески и
7. Ефтимиј Крстески.

с. Слатина :

1. Миладин Павлоски – кмет на селото.

с. Сушица :

1. Саве Тренески и
2. Деспот Цветаноски.

с. Томино Село :

1. Милорад Танкоски,
2. Стојо Манески,
3. Здраве Наумоски,
4. Велимир Трајкоски,
5. Слободан Николоски,
6. Данило Миланоски,
7. Петре Наумоски,
8. Аце Миленкоски и
9. Јован Стојкоски – учител.

с. Тажево :

1. Васил Груески,
2. Евалија Николоски и
3. Ѓорѓи Николоски.

с. Тополница :

1. Стојко Андрески – угледен политичар
2. Милан Богатиноски – угледен политичар
3. Спирко Каравилоски -угледен политичар и
4. Кочо Костоски.

с. Црешево :

1. Симон Савески – кмет на селото,
2. Јордан Поп Цветкоски,
3. Тане Данчески,
4. Атанасија Данкоски,
5. Јордан Дамчески
6. Крсте Секулоски и
7. Радивој Ѓорѓиоски

с. Ропотово :

1. Богољуб Николоски,
2. Велјан Примчески и
3. Милован Огненоски.

с. Дебриште :

1. Раде Зафироски,
2. Лубе Димитриоски,
3. Тодор Ангелески,
4. Танас Ј. Танаскоски и
5. Темелко Блажески.

Бугарски колежи на Македонци од Поречието 1915-16

(Извори – “Порече низ историјата“, Милан Ристески, Скопје 1982 год., стр. 260-262)
 
Член од
31 јули 2009
Мислења
117
Поени од реакции
10
Балканските војни и Првата светска војна оставиле многу длабоки траги врз одредени градови во Македонија и цели региони. Ете ова етничко чистење од страна на Бугарите богами засекогаш го уништило Порече. Не дека ги сакам нив...некои од нив ден-денеска се тешки србомани, ама ни ова не било начин. Крајот е потполно уништен и денес заедно со Мариово се нај сиромашните и нај неразвиените краеви во Македонија.
Таму речиси никој не живее, селата се празни и пусти. Ќе да е пост-ефект од постапките на "братјата"...
 

Makedonistot

Крвта вода не става
Член од
19 февруари 2010
Мислења
1
Поени од реакции
0
Ликвидирани во бугарскиот колеж на Бадник 1916 г.

Список на Македонци од Поречието (по села) ликвидирани на Бадник 1916 год. од страна на Бугарите кои потоа најголемиот дел ги фрлаат во еден ископ на “Дервишка Нива”.
Од списокот лесно може да се увиде дека овој бугарски колеж некои села речиси ќе ги збрише од лицето на земјата.

с. Белица :

1. Трајко Тримчески – кмет на селото
2. Раде Михајлоски – Претседател на селскиот одбор
3. Анаќија Тркалески – виден човек од селото,
4. Тренко Велкоски – виден човек од селото,
5. Алексо Велкоски.

с. Бенче :

1. Грујо Димитриески – учител,
2. Темо Цанески,
3. Драгомир Манески,
4. Јован Манески и
5. Кочо Богатиноски.

с. Битово :

1. Спасе (?) – учител,
2. Неофит Манески,
3. Илија Змејкоски и
4. Јордан Стојаноски.

с. Брезница :

1. Ристо Стојаноски.

с. Близнаково :

1. Димче Котески

с. Брест :

1. Јован Ѓуроски,
2. Марко Крстески.

с. Волче :

1. Бошко Митрески – војвода,
2. Михајло Јованоски,
3. Радивој Миланоски,
4. Раде Атески,
5. Цветан Филипоски,
6. Јордан Стојаноски и
7. Павле Митрески.

с. Грешница :

1. Трајан Стојкоски – угледен политичар
2. Стојан Спасески,
3. Стојан Стојаноски и
4. Богатин Смаќоски.

с. Горно Ботушје :

1. Злате Златески,
2. Неделко Срезоски,
3. Тренко Златески,
4. Војче Тренески и
5. Наумче Василески.

с. Горно Крушје :

1. Атанас Дамчески – кмет на селото,
2. Спирко Состоски – учител,
3. Мате Симоноски – поранешен кмет на селото,
4. Анѓеле Ѓорѓиески – стар селски коџобашија,
5. Герасим Пејоски и
6. Арсо Стефаноски.

с. Горно Манастирец :

1. Милорад Стојкоски.

с. Долно Ботушје :

1. Ристе Србиноски,
2. Глигор Новески и
3. Дане Маркоски.

с. Долно Манастирец :

1. Нове Цветаноски – учител,
2. Радомир Стојкоски – познат политичар,
3. Илија Бојаноски – угледен политичар,
4. Максим Стојкоски,
5. Живко Гинески,
6. Стојко Вртаноски,
7. Вукашин Пралески и
8. Здравко Видески.

с. Долно Крушје :

1. Андон Велјаноски – кмет на селото,
2. Станко Арлампиоски – селски коџобашија,
3. Мицко Михајлоски – поранешен кмет.

с. Заград :

1. Китан Илиоски и
2. Костадин Симоноски.

с. Здуње :

1. Стеван Ѓорѓиоски,
2. Перо Цветаноски,
3. Цветко Тодороски,
4. Наум Трајкоски,
5. Радомир Аралашкоски,
6. Блаже Цветаноски,
7. Трпе Неделкоски,
8. Тримче Јованоски,
9. Ване Гинески,
10. Спасе Станкоски,
11. Станко Костадиноски,
12. Јордан Ковилоски,
13. Најдо Лазароски,
14. Бошко Ѓорѓиоски,
15. Насте Неделкоски,
16. Стале Петрески – кмет на селото,
17. Андреја Здавески – комита,
18. Ставре Каравилоски – комита,
19. Мијајле Ангелески – комита,
20. Александар Синадиноски,
21. Трендафил Лазарески и
22. Трајко Синадиноски.

с. Звечан :

1. Димко Јованоски,
2. Климе Јаковлески,
3. Трпко Кузманоски,
4. Костадин Стојаноски,
5. Војче Михајлоски и
6. Михајло Дукоски.

с. Зркле :

1. Крсте Гелкоски – учител,
2. Зафир Врќакоски – учител,
3. Андон Михајлоски – Претседател на одбор,
4. Злате Михајлоски – политичар,
5. Филип Витески,
6. Миладин Саркоски,
7. Стојко Трајкоски,
8. Бранко Врчакоски.

с. Косово :

1. Милан Богоески,
2. Никола Спасески,
3. Стане Јованоски,
4. Аритон Трпески и
5. Димитрија Маркоски.

с. Ковач :

1. Неделко Илиески,
2. Ратко Дукоски,
3. Тоде Стојков Русески,
4. Станислав Стојкоски,
5. Михаил Трајкоски,
6. Јордан Златески,
7. Јордан Михајлоски и
8. Томе Стојкоски – угледен политичар.

с. Крапа :

1. Тасе Конески – свештеник.

с. Калуѓерец :

1. Светозар Трајкоски,
2. Воислав Стојчески,
3. Драган Нанкоски и
4. Васил Груески.

с. Кошино :

1. Митре Јорданоски,
2. Стеван Димоски и
3. Тодор Стојкоски.

с. Латово :

1. Ристе Костадиноски – познат политичар.

с. Локвица :

1. Глигор Пејчиноски,
2. Ристе Андоноски.

с. Лупиште :

1. Герасим Тренчески,
2. Коне Алексоски,
3. Стане Милошески,
4. Бранко Врчакоски,
5. Лубе Спасески,
6. Михаил Драганоски,
7. Илија Сталески,
8. Миладин Димоски,
9. Ристе Ѓорѓиоски,
10. Јане Стојоски и
11. Павле Јовески.

Македонски Брод :

1. Душан Митрески,
2. Најдо Трпчески,
3. Арсо Митрески,
4. Крсте Јосифоски,
5. Михајло (?)
6. Велко (?) и
7. Стојмир (?).

с. Модришта :

1. Михаил Мандароски.

с. Могилец :

1. Стеван Каравилоски,
2. Стојан Синадиноски и
3. Миливој Синадиноски.

с. Рамне :

1. Боге Миленкоски,
2. Миладин Стеваноски и
3. Герасим Стојкоски.

с. Растеш :

1. Јаким Кочоски,
2. Митре Митрески,
3. Михаил Велкоски,
4. Санде Ристески,
5. Радомир Јанески и
6. Нове Атанасоски.

с. Ореовец :

1. Катин Катиноски,
2. Велко Велкоски и
3. Митре Стојкоски.

с. Сланско :

1. Трпко Србиноски – кмет на селото,
2. Јордан Дојчиноски,
3. Стојо Цветаноски,
4. Стеван Максимоски,
5. Благоја Николоски,
6. Александар Лазески и
7. Ефтимиј Крстески.

с. Слатина :

1. Миладин Павлоски – кмет на селото.

с. Сушица :

1. Саве Тренески и
2. Деспот Цветаноски.

с. Томино Село :

1. Милорад Танкоски,
2. Стојо Манески,
3. Здраве Наумоски,
4. Велимир Трајкоски,
5. Слободан Николоски,
6. Данило Миланоски,
7. Петре Наумоски,
8. Аце Миленкоски и
9. Јован Стојкоски – учител.

с. Тажево :

1. Васил Груески,
2. Евалија Николоски и
3. Ѓорѓи Николоски.

с. Тополница :

1. Стојко Андрески – угледен политичар
2. Милан Богатиноски – угледен политичар
3. Спирко Каравилоски -угледен политичар и
4. Кочо Костоски.

с. Црешево :

1. Симон Савески – кмет на селото,
2. Јордан Поп Цветкоски,
3. Тане Данчески,
4. Атанасија Данкоски,
5. Јордан Дамчески
6. Крсте Секулоски и
7. Радивој Ѓорѓиоски

с. Ропотово :

1. Богољуб Николоски,
2. Велјан Примчески и
3. Милован Огненоски.

с. Дебриште :

1. Раде Зафироски,
2. Лубе Димитриоски,
3. Тодор Ангелески,
4. Танас Ј. Танаскоски и
5. Темелко Блажески.

Бугарски колежи на Македонци од Поречието 1915-16

(Извори – “Порече низ историјата“, Милан Ристески, Скопје 1982 год., стр. 260-262)
-Здраво на сите. Како чета листата со убиените нешто ми прави впечаток: зошто имињата на сите завршуваат на "-оски" ? Нема еден "-оВски ", ниту еден" ов "," ев "," ич "... -Ова не ли ви се чини чудно? особено ако биле тешки Србомани како што вели колегата, -зошто еден не се прекр'стил со српското "ич"?!!

-...Да оставиме настрана колку тоа окончание во имињата било популарно во почетокот на 20в. но дури и да прифатиме дека да е било најпопуларното, пак за кадем требаше да има најмалку 2-3ма со по-различно.
-Како може дејците на ВМРО од истата генерација да имаат имиња на 90% окончавашти на "-ов" и "-ев"- Груев, Татарчев, Делчев, Михајлов, Чернопеев, Сарафов, Лозанчев, а селаните во Порече да се како од друга планета-планета "Оски" да ја наречеме?!
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Затоа што суфиксот -ски е карактеристичен за Западна Македонија.

Имаш цела тема за презимињата на Македонците. Овде се дискутира за нешто сосема друго.

Да не се повторувам, не ја дефокусирајте темата. Ќе ве отстранам.
 
Член од
24 декември 2009
Мислења
312
Поени од реакции
18
Затоа што суфиксот -ски е карактеристичен за Западна Македонија.

Имаш цела тема за презимињата на Македонците. Овде се дискутира за нешто сосема друго.

Да не се повторувам, не ја дефокусирајте темата. Ќе ве отстранам.
Jаз дискутирам фактот, дека како жертви на бугарската воjска се прикажуват луге, кои не постоели со овие презимина. Листата на жертвите на бугарската воjска е фалшификувана.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Шпекулираш и манипулираш, немаш никаков доказ за тоа.

Ти реков на која тема да се префрлиш доколку сакаш да дискутираш за презимињата, таму ти е објаснето.

-Здраво на сите. Како чета листата со убиените нешто ми прави впечаток: зошто имињата на сите завршуваат на "-оски" ? Нема еден "-оВски ", ниту еден" ов "," ев "," ич "... -Ова не ли ви се чини чудно? особено ако биле тешки Србомани како што вели колегата, -зошто еден не се прекр'стил со српското "ич"?!!


Во фондот на манастирот „Света Богородица“ крај Манастирец се наоѓа списокот на убиените.


А за синиот болд кој со закаснување го приметив, ќе ве испратам на перманентен бан поради валкање на имињата на овие убиени Македонци.
Не си дозволувај премногу комфор, да ти биде јасно дека нема попусти за вашите говнарии кај мене.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Македонистот е отстранет од тема.

Продолжете.

И Rosicka1986 е банирана од темата, за следниот нејзин оф топик добива едно месечен бан.
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Па нема да ги фледаш кога не ти одговараат,бугарска работа.Не си ни ги видел клиповите а веке даваш критика:tapp::kesa:.Кажи ми дали и 12 убиени деца во Ваташа од страна на бугрски фашистички војници е комунистичка пропаганда???

Когато зборуваш за деца,аjде да ми кажеш на колко години били сите 12 и дали можеш да ги категоризираш како ДЕЦА...
Точно поради такви спомен плочи и слични текстове за гнасните татари,бугари и така натаму во учебниците, каквато си постирал во извештаjaт на ЕУ пише jaсно-спиране на подобни провокации!
 

Beowulf

Deep Fear
Член од
11 мај 2009
Мислења
362
Поени од реакции
35
Когато зборуваш за деца,аjде да ми кажеш на колко години били сите 12 и дали можеш да ги категоризираш како ДЕЦА...
Точно поради такви спомен плочи и слични текстове за гнасните татари,бугари и така натаму во учебниците, каквато си постирал во извештаjaт на ЕУ пише jaсно-спиране на подобни провокации!
Деца или не за човечки животи се работи.

Што е проблемот за плочата? Да не сакаш од златната бугарска рака да пишува? Мене гајле ми е, а на тие што ја поставиле плочата уште повеќе што вели ЕУ. И вие провоцирате секојдневно ама сега влеговте во ЕУ па демек ептен фер и демократски сте. Ни ЕУ ни меу не можат да ви ги избришат гнасотиите од минатото.
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Деца или не за човечки животи се работи.

Што е проблемот за плочата? Да не сакаш од златната бугарска рака да пишува? Мене гајле ми е, а на тие што ја поставиле плочата уште повеќе што вели ЕУ. И вие провоцирате секојдневно ама сега влеговте во ЕУ па демек ептен фер и демократски сте. Ни ЕУ ни меу не можат да ви ги избришат гнасотиите од минатото.
Наполно согласен сум! За човешки животи се зборува,но когато се вика ДЕЦА се оптоварува со друга емоциja... и се придава совсем друг смис'л.Почит ком сите загинати,но просто така да зборуваме ... не може.
Плочата се види дека е напишана не за да остане во обштествената мемориja,а да се подчертае от коj и "гнасната" рака....Аjде да ми покажете каде другаде се дават такви квалификации на споменици во нормалните држави....
Наполно нормално можеше да пише "убити от бугарската армиja..." Но види што пишува...
Да не зборуваме дека се лепи етикет на един цел народ от деjaнието на неколко хора....
 

Kajgana Shop

На врв Bottom