Борбите на Македонците против Бугарија

Член од
23 октомври 2009
Мислења
78
Поени од реакции
2
Што е проблемот сега?Каде е недоразбирањето да го решиме?

Какви доказателства уште ви требаат за бугарската окупација на Македонија...ако така лесно се одрекуваше секој факт,лесно за сите.


И без грижи,убаво знам какви книги се неопходни на оваа тема...
Посочи ми дека сум писал дека не е имало окупациjа? Тоа се учи и во бугарските училишта.
Мислата ми е дека во Македониjа има преекспонирана борбата на комунистите против военната администрациjа. Сте преувеличили загинатите, сите ги пишете жертви на "бугарските фашисти" /види се вистината во податоците погоре/. Ето и пример за македонската ви пропаганда:

Слики от Енциклопедиjа Македоника /:vozbud::pos2:/ на МАНУ:

Партизански одред "Даме Груев"


И партизански одред "Гоце Делчев"


Смешно, нели? :wink:
 

demmian

Попиванов
Член од
9 јули 2008
Мислења
1.613
Поени од реакции
53
Стар трик на кој се вадат бугарите...Сажалјавам! REJECTED!!!!
 
Член од
26 март 2005
Мислења
237
Поени од реакции
94
Посочи ми дека сум писал дека не е имало окупациjа? Тоа се учи и во бугарските училишта.
Мислата ми е дека во Македониjа има преекспонирана борбата на комунистите против военната администрациjа. Сте преувеличили загинатите, сите ги пишете жертви на "бугарските фашисти" /види се вистината во податоците погоре/. Ето и пример за македонската ви пропаганда:

Смешно, нели? :wink:
Баш ме интересира каде пишува дека Бугарија ја окупирала Вардарска Македонија 1941 ? Ич не ти верувам, затоа дај име на учебник и страница.

А мојата мисла е дека заматените шовинистички бугарски мозоци не се способни да разберат дека борбата во Македонија беше национална и повеќето борци не биле комунисти! Патем тука се палите дека немало борба, а во 1943 од Кичево до Дебар македонската земја беше слободна и таму македончињата се школуваа на македонски јазик :helou: Истиот македонски кој ден денес не го признавате и верувате дека бил создаден со декрет 1945 година .... :lud: Истовремено бугарите помагале на балистите против македонските партизани во борбите за Кичево. Ова зошто не го спомнувате ? Доволно е да ѕирнете на енциклопедијата за борбите со бугарскиот окупатор за да не прашувате глупости тука. И што сте вие, некој мршојадци што бројат умрени луѓе ? Тоа ви е најбитно, колку Македонци умреле ? Еве ви една мала компарација, во Илинден 1903 загинале околу 1000 комити од 1 100 000 население, во НОБ загинале неколку илјади, се едно 3,6,10 000 од 800 000 илјади, вие сте добри на коментарите, повелете :wink: И тука доаѓаме до епилогот - партизаните се ПОБЕДНИЦИ, демек останале живи, затоа воопшто не разбирам од каде таа улавштина да сакате да ви се докажува борба со броење на мртавци :raz:

п.п.Оној што тврди дека 70% од окупаторските бугарски војници биле Македонци дали може исто така да даде извори.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Кога е формиран 15-тиот македонски корпус, во коj дел од воjната учествувал и дали воjувал со Бугарската армија? :)
15-oт корпус е формиран со реорганизацијата на македонската народноослоботелна армија во септември 1944 година, односно после приклучувањето на МНОД во НОВЈ со прокламацијата на Тито во 1943.

Во исто време со формирањето на преостанатите југословенски корпуси:
http://sr.wikipedia.org/wiki/Корпуси_НОВЈ


Војувал против Германската “Е“ армија и нивните соработници усташите и четниците, а дивизиите кои го сочинувале подоцна биле ангажирани и во прогонот на четниците на Дража Михајлович од територијата на БиХ.

Интересно, но и Бугарската Прва Народна Армија со две дивизии учествувала на Сремскиот фронт како сојузник на партизаните.

Не е мала, но истото е и во Царство Бугариjа. Воjна :toe:
Важното е да слезнете на земjата и да престанете да си вервате на пропагандата. Едно е да сбориш за десетки илjади, друго е загинатите да са неколку пати помалко. При това не се разбра колко от тези 3 000 убиени за соработка со германци, италианци и бугари са македонци. А и се виде силната србска намеса во борбата ви /реално србите имат повеке загинати от македонците:toe:/.
Од кога бројот на загинати сведочи за поголемото значење/удел во борбата?

Тоа ми делува на губитничка логика. (бугарска логика всушност)

Македонците во бројки биле скоро 90.000 а Србите 100.000 партизани, кога ќе го споредиш бројот на севкупното население и активниот процент ќе го добиеш значење и уделот.

А не тој што повеќе изгинал да биде поголем херој од оној што преживеал и добил војната.


Аjде сека ми кажете како 15-ти македонски корпус има врска со "Борбите на Македонците против Бугариjа"? :)
Исто таква каква и бројот на загинати Срби во Македонија. Аналогија нели, целта ви беше да се омаловажи македонската борба и придонес, да се прикаже дека некој “друг“ се борел за нас и нашата слобода.
Тоа за мене е една од потешките навреди на национална историска основа.

15 корпус со 25.000 партизани е ОГРОМЕН придонес за ослободување на Србија и истерување на Германците како и борба потив четниците монархофашисти.



Слики от Енциклопедиjа Македоника /:vozbud::pos2:/ на МАНУ

Смешно, нели? :wink:
Смешен си искрено, бидејќи совршено знаеш македонски но намерно си додаваш бугарски “призвук“, незнам што е финтава во глумење лудило али ајде.

Иначе за твоја информација Енц. Македоника нема врска со МАНУ.

ДО ГЛАВНИОТ ШТАБ НА НОВ И ПО НА МАКЕДОНИЈА

25 ноември 1944 година
[Белград]

Бугарските офицери, иако се од македонска националност, ние не можеме да ги примиме во нашата војска, зашто нивните изјави предизвикуваат сомневање во нивните добри намери.
Апостолски нека дојде веднаш кај нaс, заедно со политичкиот комесар.

(Извори: А-ВИИ, к.26. рег.бр. 9-5/12)

Факти од писмово:

1. Група Македонци офицери од бугарската армија, доброволно ја напуштаат истата и сакаат да и ги посветат своите кариери и животи на македонската армија иако истата е на делеку поназадно (и ризично) ниво.

2. Тие се повеќето од македонската емиграција во Бугарија или пак од своите автохтони македонски територии (Пиринска Македонија) и најприродно си влечат кон своите македонски корени и интереси.

3. Токму во тоа е и стравот на Тито (кога вели дека се плаши од некои нивни изјави). Тито има причина и за загриженост што со ова ќе се зајакне стратешки македонскиот воено-интелектуален потенцијал, кој може да се сврти против него.

4. Дека бил во право ќе се докаже многу бргу. Македонците предводени од Ченто, Брашнаров и др. патриотски определени лидери ќе тргнат во остварување на македонскиот сон (обединета Македонија), а не Титовиот.

Во почетокот на декември 1944 год., Генерал-лајтнатот Апостолски и политичкиот комесар Борко Темелковски-Љиљак, се викнати на реферирање во ВШ кај Тито заради нивниот прифатлив однос кон Македонците офицери од бугарската армија. При ова тие добиваат и инструкции за односот кон овие офицери како и воопшто кон бугарските воени команданти.

Асен Богданов, бугарски полициски начелник во Скопје, за време на бугарската окупација (1941-1944), одговарајќи на прашањата од тужителoт за методите нa бугарската власт во Македонија за всадување на македонскиот народ убедување дека е бугарски, вели: „Пред да дојдам во Македонија имав впечаток дека овде, навистина, постои бугарски елемент. Со години нам ни беше всадувана идејата дека Македонија и припаѓа на Бугарија, дека македонскиот народ е бугарски, и дека тука било бугарско царство.
Изненадувањето беше огромно. Можев да констатирам дека како бугарски елемент се чуствуваа само неколку богати луѓе, кои се беа доближиле до бугарската власт, интелектуалци кои се броеја на рака, а кои и припаѓаа на организацијата на нашиот народ (бугарскиот - авт.). Сите останати се чувствуваа како Македонци.

- Кој ги организираше специјалните служби за бугаризирање на македонскиот народ? (прашање на судијата - поротник*)

- Овие служби се организирни со решение на Министерскиот совет, а беа раководени директно од Министерството за внатрешни работи.

- Што се бараше од лицата кои беа испратени да работат во бугарскиот окупаторски административен и полициски апарат во Македонија? (прашање на судијата - поротник *)

- Од нив се бараше да бидат задоени со идеата за бугаризација на македонскиот народ, и за задржување на овој крај (Македонија - авт.) по секоја цена, под Бугарија.

- Дали тие ја оправдаа довербата?*

- Да.

- Како?

- Со борбата којашто ја водеа и безусловната примена на мерките на бугарската влада - терор, ликвидација, егзекуција, палења итн.

- Кој всушност, го вршеше тоа - војската или полицијата?

- Заедно.

- Како се убивани Македонците?*

- Имаше стрелања, имаше случаи на претепување, а и фрлања во Вардар...“

(Од судењето на Асен Богданов, полициски начелник во Скопје, од книгата на Јован Павловски „Судењето како последен пораз“ Тетово 1977, стр. 75).

По падот на Бугарија и нивното префрлање на страната на сојузниците за да си ги исперат гревовите поради сојузништовото со фашистите, Тито испраќа писмо до Ранковиќ во кој дава инструкции да се смират тензиите и борбите меѓу Македонците и Бугарите од тогашната Петта бугарска армија кои до тој момент беа меѓусебни непријатели на фронот, а сега по налог на Сталин - требало да станат наводни сојузници.

За Ранковиќ

01 октомври 1944
[Крајова]

Со Бугарија прашањето ќе го уредиме кога ќе дојде кај мене делегацијата.

На МАКЕДОНЦИТЕ ЈАВИ ИМ ДА НЕ ДОАЃААТ ВО СУДИР СО БУГАРИТЕ, зашто сите тие прашања во најскоро време ќе бидат решени*

Од Италија префрлете во земјата се што таму не е неопходно...( з.н - следуваат инструкции за другите региони на екс-Југославија – Босна, Хрватска, Србија, Црна Гора како и за ранетите и туберкулозните од истите)

(Извори: А-ВИИ, к.26, рег.бр.12-1 и 12-2/13)


* Оваа инструкција, Тито ја дава по депешата од Врховниот штаб (ВШ) од 30 септември 1944 год. со која е известен дека единиците на Македонците дошле во судир со Бугарите кај Прилеп затоа што овие не сакале да се борат против своите довчерашни сојузници – Германците.


Под притисок од општ оган врз нив, двата бугарски полка кои одбиваат да се борат против Германците, се разоружани од македонските сили. Заради напнатоста помеѓу Македонците и Бугарите и низ другите региони на Македонија, ВШ “бара став спрема Бугарите” зашто и нему како ВШ“ не му е јасно дали бугарските единици добиле задача да содејствуваат со Црвената армија” (А-ВИИ,к.26, рег.бр.13-1/13).

Но и речиси месец по ова судирот меѓу Македонците и Бугарите не стивнува а добива и нови пожестоки димензии. Македонците гневни од однесувањето на Бугарите кои се само терет на народот а нема никаква корист од нив, им издаваат наредби со кои целосно ги ограничуваат нивните активности и движења а им бараат и предавање на злосторници и слични барања. Бугарите за ова “плачат” во Москва та дури и Тито е жестоко критикуван од Русите. По тоа Тито праќа една драматична депеша кон Македонците:

[ДО ГЛАВНИОТ ШТАБ НА НОВ И ПО НА МАКЕДОНИЈА]

20 ноември 1944 година
[Белград]

Наредбата што ја издадовте вие во поглед на бугарската војска, за забрана на нејзиното движење ноќе, укинете ја веднаш *. Исто така, запрете го вашето барање за предавање на воените злосторници, бидејќи е тоа работа на централната влада.

Престанете со заострувањето на односите со бугарската војска, а сите судирања и расправии настојувајте да ги решите на самото место, со помош на руските офицери **. Мошне е незгодно што, дури преку сов[етската] влада мораше да дојде до ваква интервенција, за да се избегнат судирањата меѓу вас и Бугарите.

Би требало Апостолски да дојде во нашиов штаб, а исто така и Боби.

(Извори Архив Војно-историског института [A-ВИИ], к.26, рег бр. 9-4/12)

Појаснувања:

* Се мисли на наредбата од ГШ на НОВ и ПОМ од 13 ноември 1944 год. со која се забранува влегување на отечествените бугарски единици во Скопје, без одобрување на ГШ на Македонија, како и Наредбата за ограничено движење на припадниците од 1- ва бугарска армија од 18 ноември 1944 год., но и други предупредувања за Бугарите.
** Се мисли на членовите на Советската воена мисија при ГШ на НОВ и ПОМ. Судирите со Бугарите покрај другото, доаѓаа и заради некоректниот однос на бугарските штабови, грабежите на народните добра, разузданиот однос на бугарските војници и слични појави заради кои ГШ на НОВ и ПОМ беше принуден да преземе ригорозни мерки кон Бугарите.
 
Член од
24 декември 2009
Мислења
312
Поени од реакции
18
За се дека го постира Братот можам да кажам само - комунистички глупости. Сме ги читале овде во Бугариjа со тонови, за време на комунизмот.

Истите нешта можат да се читат и во бугарските комунистички учебници, како ОФ (нешто како НОВ каj вас) го победил фашизмот и капиталозмот. Победиле - чушки :)

Се ова е дел од договорките помегу бугарските и jугословенските комунисти, со посредничеството на Сталин.

Денес е демократиja. :)

Еве примери за карактерна комунистичка глупост:
Утврдуење на македонскиот литературен јазик
резултат од народноослободителната борба
За литературен јазик секој народ си зел едно свое
наречје — говор. Ние Македонците го зедовме за свој
литературен јазик централното наречје. Тој литературен јазик
е плод на народно-ослoбодителната борба. На 29-IХ-1943
год. на второто заседание на АВНОЈ во Јајце македонскиот
народ е признат како одделен народ со свој јазик. На
2-УШ-1944 год, во манастирот св. Прохор Пчински свикано
е заседание и пред претставители на југословенските народи
како и пред претставители на големите сојузници, македон-
скиот народ влегуе доброволно како одделен народ со
одделен административен и литературен јазик — македонски
— во општата заедница на југословенската држава — феде-
ративна и демркратска југославија.
 
Член од
24 декември 2009
Мислења
312
Поени од реакции
18
Баш ме интересира каде пишува дека Бугарија ја окупирала Вардарска Македонија 1941 ? Ич не ти верувам, затоа дај име на учебник и страница.
Никаде не го пишува ова. Пишува дека Бугариjа окупирала дел од Jугославиjа и Грциjа. "Окупациjа" е поим, коj означува настануване на воjски во друга држава, а има и административна окупациjа - во конкретниот случаj бугарски воjски се окупурале/заеле територии на Jугославиjа и Грциjа.

Како пример можам да дадам фактот дека по Берлинскиот конгрес, руските окупациски сили биле обврзани да ја напуштат окупираните територии на Бугарија. Станува збор за Руско-турската војна (1877-1878). На 3-ти март 1878 Бугарија минува под руска окупациска администрација.

Каj вас зборот "окупациjа" секогаш се използва во негативна смисла, а ова е само поим.
 

Македонеро

Домаќин
Член од
15 декември 2008
Мислења
3.488
Поени од реакции
1.863
Радев не се прави блесав станува збор за окупација слична на турско,само овојпат се сменети улогите.Еве нешто за потсетување
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Публицистика :wink:. Мислиш ли дека публицистиката во поранешна Jугославиjа /и во денешна Македониjа/ не се користи като пропаганда? Секоj ден читам што се пише во вашата земjа, пропагандата се оште работи.

И да, ENCYCLOPAEDIA MACEDONICA е издание на "MACEDONIAN ACADEMY OF SCIENCES AND ARTS" /LEXICOGRAPHICAL CENTRE/ Skopje 2009.

Ако сакаш - кажи как да ти пратjа копие. Има много пропаганда, ама лесно се видат лажите. Нема да ги коментирам сега зоштото не е тоа темата, но на други дискусии - непременно.
BTW, много слична е на бугарската енциклопедиjа от почетокот на 80-те. Истиот стил, мирише на нафталин /извини, не знам как да го кажа на македонски/.
Извини, ама тежок дебил си. Затоа од глупави работи правите конфузија.

Името е Македонска Енциклопедија, а не Македоника, додека ENCYCLOPAEDIA MACEDONICA е латински превод.

Исто како Encyclopaedia Germanica или Britannica и сл.

Енциклопедијата “Македоника“ (во оригинал) е сосема друга општа енциклопедиа и не е дело на МАНУ.

Затоа во иднина мисли пред да напишеш нешто.
 

demmian

Попиванов
Член од
9 јули 2008
Мислења
1.613
Поени од реакции
53
Пред фактите и боговите молчат,а бугарите затнуваат уши и затвораат очи...хехехе...нема што повеќе со вас да се дебатира.:wink:
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Член од
23 октомври 2009
Мислења
78
Поени од реакции
2
Извини, ама тежок дебил си. Затоа од глупави работи правите конфузија.
Името е Македонска Енциклопедија, а не Македоника, додека ENCYCLOPAEDIA MACEDONICA е латински превод.
Исто како Encyclopaedia Germanica или Britannica и сл.
Енциклопедијата “Македоника“ (во оригинал) е сосема друга општа енциклопедиа и не е дело на МАНУ.
Затоа во иднина мисли пред да напишеш нешто.
Поентата е дека со правенето на латински превод на името, се споредувате со Britannica. Дали со право - се види на секоjа страница. Тоа е смешното, но то е характерно за состоjбата во Македониjа /слично е на граденето на грандомански споменници, барок, триумфални капии, двукатните автобуси и др/.
Encyclopaedia Germanica е проект сличен на Wikipedia, не е дело на Германска академиjа. Френската Larousse и Бальшаја россијскаја энциклопедија немат тиа комплекси, на кои се смеа при македонската енциклопедиjа.

Наместо да бегаш от темата - види, тоа бе само пример как от десетки години ви перат мозаците за што ли не, а вие безкритично вервате на целата пропаганда /зоштото тоа исто е пропаганда, вервам се сложуваш/.
 

Beowulf

Deep Fear
Член од
11 мај 2009
Мислења
362
Поени од реакции
35
Наместо да бегаш от темата - види, тоа бе само пример как от десетки години ви перат мозаците за што ли не, а вие безкритично вервате на целата пропаганда /зоштото тоа исто е пропаганда, вервам се сложуваш/.
Со перени мозоци на форумов сте вие. Вас ви се испрани мозоците дека Македонија од секогаш била бугарска, па дошол Тито и бап преку ноќ не измакедонизира сите.

Тоа што го тврдите дека македонците во рок од само неколку години од бугари станале македонци под притисок од коминтерната е невозможно . Македонци имало отсекогаш ама за вашите исперени малоумни мозочиња се е комунистичка пропаганда.

И на друга тема ве прашав ама никој не одговори сега пак ќе ве прашам.

Дали е логички можно во рок од неколку години на милиони луѓе да им го испериш мозокот и од бугари да станат македонци?
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Поентата е дека со правенето на латински превод на името, се споредувате со Britannica. Дали со право - се види на секоjа страница. Тоа е смешното, но то е характерно за состоjбата во Македониjа /слично е на граденето на грандомански споменници, барок, триумфални капии, двукатните автобуси и др/.
Encyclopaedia Germanica е проект сличен на Wikipedia, не е дело на Германска академиjа. Френската Larousse и Бальшаја россијскаја энциклопедија немат тиа комплекси, на кои се смеа при македонската енциклопедиjа.

Наместо да бегаш от темата - види, тоа бе само пример как от десетки години ви перат мозаците за што ли не, а вие безкритично вервате на целата пропаганда /зоштото тоа исто е пропаганда, вервам се сложуваш/.
Сите државни енциклопедии имаат латинска верзија, а бидејќи продолжуваш да одиш во офтопик провокации кога немаш што да додадеш, ќе одиш на ладење пар дена.

Со перени мозоци на форумов сте вие. Вас ви се испрани мозоците дека Македонија од секогаш била бугарска, па дошол Тито и бап преку ноќ не измакедонизира сите.

Тоа што го тврдите дека македонците во рок од само неколку години од бугари станале македонци под притисок од коминтерната е невозможно . Македонци имало отсекогаш ама за вашите исперени малоумни мозочиња се е комунистичка пропаганда.

И на друга тема ве прашав ама никој не одговори сега пак ќе ве прашам.

Дали е логички можно во рок од неколку години на милиони луѓе да им го испериш мозокот и од бугари да станат македонци?

Мислиш дека навистина им се испрани мозоците? Јас не мислам така, барем не на овие кои имаат задача да одржуваат постојани анимозитет меѓу нас.

А во одговор на твоето прашање и во исто време разголување на таквите обвинувања на Бугарите за “комунистичка пропаганда“ доволно е да се спомене целата наша емиграција низ целиот свет која ете не била никогаш под “комунистичка“ пропаганда или каква и да е, а сепак уште пред 2 века била и остала со македонска национална свест.

Премногу е тоа зборено и преповторувано, ама типичната бугарска тактика е да се задушат и игнорираат темите и аргументите кои никако не им одговараат, па постојано отвараат едни исти излитени пропагандни закачки.

Немам намера да се тинтрам со истите глупави финти на сите теми.
 
Член од
24 декември 2009
Мислења
312
Поени од реакции
18
Ајде да го споменеме и концентрациониот логор "Гонда вода" во Бугарија каде беа испратени над 1.130 Македонци!?

Да не се понадевавте дека ќе го прескокнете ова погоре?

Гонда вода



http://books.google.pl/books?id=zOS2AAAAIAAJ&sitesec=reviews&source=gbs_navlinks_s
Ajде да читаме, преди да постираме а? Во лагорот "Гонда вода" никогаш немало 1130 луге, па уште повеке Македонци. Максималниот броj на интернираните таму (заедно со женскиот дел "Свети Никола") достигнал 162 луге, повекето комунисти, како и мал броj земеделци и грчки шпиуни.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Се' вкупно таму се испратени 1.130 Македонци, а не наеднаш.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom