Борбите на Македонците против Бугарија

demmian

Попиванов
Член од
9 јули 2008
Мислења
1.613
Поени од реакции
53
Во Вардарско, Пиринско и Егеjско ти, кои воjувале си бугарската воjска биле само комунисти. Затоа во Пиринско има около 300 жертви-комунисти. Жертвите во Егеjско и Вадарско се поголеми, затоа зашто лугето биле регрутирани во соодветните армии. За Соjузна Република Македониjа дават 17 000 жертви, а незнам дали во тоа число се и граганите на СРМ кои биле мобилизирани во Бугарската Армиjа во периодот 1941-1944.
Добро е што го напиша ова...но дали заклучи нешто од сето тоа?

Хмм...Македонци-регрутирани во бугарска,српска,па дури и грчка армија...хмм.

Заклучокот е дека Македонците уште во тоа време биле разединети под влијание на надворешни пропаганди.

Тоа е доказ дека на некого му одговараат разединети Македонци и разединета Македонија.

Тоа е доказ дека кој како ќе стигнел така го командал и го мобилизирал Македонецот.
 
Член од
31 јули 2009
Мислења
117
Поени од реакции
10
Во Вардарско, Пиринско и Егеjско ти, кои воjувале си бугарската воjска биле само комунисти. Затоа во Пиринско има около 300 жертви-комунисти.
Тоа не е вистина, мнозина луѓе познавам што ми кажувале дека се бореле со бугарската армија и најголем број не се комунисти или барем не биле во партијата то време.

Разбери, во тој дел на Македонија во тоа време немат ни 200 комунисти, како можат тие да направат било што и да ги следат 600 000 Македонци од Вардарско?
 

demmian

Попиванов
Член од
9 јули 2008
Мислења
1.613
Поени од реакции
53
Масакрот во Ваташа





Масакрот во Ваташа е крвав настан кој се случил на 16 јули 1943 година кога биле стрелани 12 млади луѓе од селото Ваташа во близина на Моклиште кај месноста „Чаир“, на 12 км од Ваташа. Колежот го извршила бугарската фашистичка полиција.



Во раните утрински часови на 16 јули 1943 година биле приведени и сослушани младинците од Ваташа во кафеаната на Васил Хаџи-Орданов. Меѓу нив се наоѓале и четири девојки. Биле испрашувани и мачени да ги предадат партизаните и илегалците, но откако не откриле ништо, пешки во колона со придружба на бугарската полиција се однесени во месноста Моклиште каде се стрелани[1]. Постоела иницијатива и обид за случајот да помине низ хашкиот суд за воени злосторства[2].


Во спомен на настанот, изградена е спомен костурница на стреланите 12 младинци од Ваташа, која е откриена на 11 октомври 1961 година. На јужниот зид на споменикот е запишано: „Смртта стана немоќна пред нашата младост исправена, пред очите наши загледани, уште тоа утро во иднината“. На местото на стрелањето подигнат е спомен парк со површина од 7 ha, а во него се посадени 12 јавори како симбол на стреланите младинци. За настанот испеана е народна песна: Ми заплакало селото Ваташа.





12те млади од селото се: Васил Хаџи Јорданов, Ферчо Поп-Ѓорѓиев, Диме Чекоров, Блаже Ицев, Ванчо Гурев, Пане Џунов, Данко Дафков, Илчо Димов, Герасим Матаков, Пане Мешков, Ристо Ѓондев и Перо Видев.
 
Член од
31 јули 2009
Мислења
117
Поени од реакции
10
За Соjузна Република Македониjа дават 17 000 жертви, а незнам дали во тоа число се и граганите на СРМ кои биле мобилизирани во Бугарската Армиjа во периодот 1941-1944.
Кој дал 17 000 жртви? Македонците или бугарската армија?

Па можеха да се борат на страната на четниците на Д. Михаjлович, наместо на страната на комунистите.
E да, ама се бореa на своја страна првпат во современата си историја, против четниците на Дража и против вас! А вас што ве е јад..... :pusk:
 

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Во Целата тероторија на Македонија 1941-1944 загинале 24.000 луѓе најголем дела Македонци убиени пред се од Бугарите но и дел од Германците Италијаните и Албанците. Во тие 24.000 влегуваат и 7000 евреи кои биле депортирани во делот на Македонија под Бугарска окупација за Треблинка и завршиле во Гасните Комори...Прекрасно имаме неофашистички кретени на Исток кој ги негираат жрвите од 2 светска војна.:toe: Неофашизмот стана официјана политика веќе.
 

RTM

Член од
4 септември 2008
Мислења
844
Поени од реакции
214
А штом имаше балисти, четници, усташи и комунистически партизани, зошто немаше и посебно македонско движение?
 
Член од
31 јули 2009
Мислења
117
Поени од реакции
10
Во Целата тероторија на Македонија 1941-1944 загинале 24.000 луѓе најголем дела Македонци убиени пред се од Бугарите но и дел од Германците Италијаните и Албанците. Во тие 24.000 влегуваат и 7000 евреи кои биле депортирани во делот на Македонија под Бугарска окупација за Треблинка и завршиле во Гасните Комори...Прекрасно имаме неофашистички кретени на Исток кој ги негираат жрвите од 2 светска војна.:toe: Неофашизмот стана официјана политика веќе.
Во тие 25 000 не влегуваат 7200 Евреи од Вардарско ! И не е целата територија, туку само овој дел на Македонија.

Според податоците на владата на тогашна СРМ, тие 25000 души се само од боречкиот состав на НОВ и ПОЈ. :toe:

А штом имаше балисти, четници, усташи и комунистически партизани, зошто немаше и посебно македонско движение?
Човек, да не не е нешто в ред со тебе? Писмен си? Знајш да читаш?

Какви комунистички партизани бе, тие просто беа единствената општествена сила која беше кадарна да воспостави отпор против окупацијата!

Тие според тебе "комунистически партизани" беа сопротивата !!! Претходните 3 набројани немат ништо со никаква "сопротива" !

Не ја врти дискусијава.
 

demmian

Попиванов
Член од
9 јули 2008
Мислења
1.613
Поени од реакции
53
А штом имаше балисти, четници, усташи и комунистически партизани, зошто немаше и посебно македонско движение?

Народно-ослободителната борба



Споменик на ослободителите на град Скопје, Република Македонија.


Народно-ослободителната борба (НОБ) на Македонија е вообичаениот термин за борбата за ослободување на Македонија од окупаторските сили во текот на Втората светска војна. НОБ започна на 11 октомври 1941 година, со нападот врз бугарската полициска станица во Прилеп („участокот“, сега Меморијален музеј „11 Октомври“), а заврши со ослободувањето на Тетово на 19 ноември 1944 година.
Почеток на бугарската окупација

На 19 април 1941 г. при навлегувањето на бугарските единици во Струмица, Месниот комитет на КПЈ организирал масовни демонстрации со учество на неколку илјади граѓани, кои покрај другите, ги извикувале паролите Да живее слободна Македонија, Долу шпиони, и пееле македонски револуционерни песни.
На 1 мај 1941 г. во центарот на Скопје, на така наречената дивизиска зграда, било истакнато македонско црвено знаме.



пру
Во текот на мај 1941 г. месните комитети на КПЈ во Прилеп, Битола, Скопје и во други градови организирале ослободување на видни патриоти од затворите, ги отворале државните магацини од кои стоката ја криеле во скривниците, се организирало криење на војници и на офицери од кралската југословенска војска, како и на македонски патриоти за да не одат во заробеништво.
Бугарски акциони комитети[1][2] настојувале да организираат свечени дочеци на бугарската ослободителна војска.

Политика на бугарската Влада во Македонија

Со потпишувањето на Спогодбата Кладиус - Попов бугарската Влада се обврзала да обезбеди работна сила за рудниците во Македонија, кои биле под управа на Германците.
За тие потреби било ангажирано месното население.
Само во 1942 г. во 700 македонски претпријатија, кои работеле за германски потреби, на присилна работа биле ангажирани 14.000 луѓе.
Освен во месните претпријатија се вршела интернација на македонското население во Германија, Италија и во Бугарија, и тоа по групи (работни дружини).

Група бугарски полицајци позираат пред исечени глави на македонски партизани во прилепско во 1942 година.


Во Германија и Италија биле упатени 19.000 луѓе, а во Бугарија 25.000, па со наведениве 14.000 ангажирани во македонските претпријатија, вкупно 58.000 лица од Македонија биле во интернација.
Покрај интернацијата, бугарската окупаторска власт вршела масовни иселувања на населението.
Почнала со иселувањето на Србите колонизирани во 1918 г., а до декември 1941 г. иселиле 26.451 Србин, со цел да се создаде чиста бугарска етничка територија.
По различни основи само до март 1942 г. од Македонија иселила 56.000 лица.
На почетокот на војната, односно од април 1941 г. до средината на 1943 г., во Вардарскиот дел на Македонија биле ангажирани Петтата бугарска армија во состав од две дивизии и бројна жандармериска сила, една италијанска дивизија, еден германски полк и бројни балистички, квислингшки и колаборационистички сили. Во Егејскиот дел на Македонија биле ангажирани еден бугарски корпус, една германска и една италијанска дивизија.
Во 1943 година во Вардарскиот дел на Македонија, Бугарија испратила уште 1 дивизија (17.) и 2 полка од 29. дивизија, 2 баталјона за обезбедување на железничко-патните правци и бројна жандармерија.
Вкупно, во Вардарскиот дел на Македонија, во 1944 г. имало околу четири бугарски дивизии.
По капитулацијата на Италија пристигнале две германски дивизии и се зголемиле балистичките сили на околу 15.000 луѓе.
Во Егејскиот дел на Македонија бугарската влада ангажирала четири дивизии, а Германците испратиле уште 2 дивизии.
Вкупно, на етничката територија на Македонија во втората половина на 1943 г. и во текот на 1944 г., биле ангажирани 8 бугарски, 4 германски и 1 балистичка дивизија и повеќе самостојни и специјални бугарски, германски, квислингшки и колаборационистички сили.
Создавање на Народноослободителната војска

Во Прогласот на ПК КПЈ за Македонија од 15.2. 1943 г., се истакнува: Создавајте ја својата македонска народноослободителна војска.
Во Прогласот на ЦК КПМ од јуни 1943 г. пишува: Создавајте ја македонската народноослободителна војска.

Создавање на партизанскиот батањон Мирче Ацев во 1943 година.


Во Прогласот на Поверенството на ЦК КПЈ од август 1943 г. се вели: Народот, селаните, работниците, граѓаните, младината, обединети во народноослободителниот фронт и во своја македонска народноослободителна војска.
Во Приговорот на АНОК јасно се истакнува дека обединувањето на Македонија може да се изврши само во една балканска федерација, а не во Југославија.
Партизанскиот облик на вооружена борба преовладувал до средината на 1943 г., кога биле формирани поголеми воени формации кои имале маневарски карактер, а сепак организациски биле хомогени и неспоредливо поквалитетни од партизанските одреди.
Примената на комбиниран облик на вооружена борба почнала во втората половина на 1943 г.
Тоа се поклопува со формирањето на првите крупни маневарски единици баталјони и бригади на македонската војска.
Силни удари по комуникациите и упориштата на противникот при извлекувањето на германската група армии Е од Грција кон север; разбивање, отсекување, обиколување и уништување на посилни непријателски формации;
 

demmian

Попиванов
Член од
9 јули 2008
Мислења
1.613
Поени од реакции
53
Политичка борба за независност


Методија Андонов - Ченто


На 6.5.1944 г. на заедничкиот состанок на Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ и Главниот штаб на НОВ и ПОМ била избрана тричлена делегација во состав Методија Андонов-Ченто, Мане Чучков и Кирил Петрушев со задача: Да го испита, со врховното тело на Федеративна Југославија, во согласност со меѓународната положба, главниот проблем на македонската борба - прашањето за целосно обединета Македонија.
На 24.6.1944 г. на островот Вис се одржал состанок на македонската делегација со највисокото воено и политичко раководство на Националниот комитет за ослободување на Југославија, предводено од Тито.
По барањето на македонската делегација бил заземен единствен став дека: Македонскиот народ ја искажува својата историска желба за обединување на сите негови делови, дека тоа е негово национално право" и дека "тој стремеж останува како негово трајно барање.

Цветко Узуновски


На Првото заседание на АСНОМ одржано на 2.8.1944 г. присуствувале делегати од трите делови на Македонија, што ја симболизирало волјата на македонскиот народ да се најде цел, слободен и обединет.
Во Манифестот на АСНОМ била прокламирана пред цел свет полна национална слобода на македонскиот народ во првата слободна македонска држава, и дека прв пат по Самуил македонскиот народ создава своја сопствена национална држава.
Задоволствата со донесените одлуки на АСНОМ, политичкото и военото раковод- ство јавно ги манифестирало и ги упатувало до целиот македонски народ. ЦК на КПМ во својот проглас од 4.8.1944 г. изјавил дека "македонскиот народ во тригодишната војна оствари национално единство, создаде своја војска" и "ги удри темелите на Федерална Македонија", како и тоа дека "со учество на целокупниот македонски народ во борбата против фашистичките окупатори во Југославија, во Бугарија и во Грција ќе оствари и обединување на сите краишта на Македонија, разделена од страна на балканските империјалисти, особено кога големите сили, Англија, Советскиот Сојуз и САД, со Атлантската повелба и Договорот во Техеран му го гарантирале правото на самоопределување, стекнато со борбата против германските окупатори и нивните слуги".

Кузман Јосифовски - Питу


На македонскиот народ јавно му се ветувало дека неговото обединување ќе било поддржано од сите останати народи на Југославија, на АВНОЈ и на народно-ослободителната војска на Југославија.
Покрај жртвите и загубите кои македонскиот народ ги имал во Грчко-италијанската војна, односно во Егејскиот дел на Македонија, на 5.11.1940 г. во бомбардирањето на Битола имало жртви и материјални штети и во Вардарскиот дел на Македонија. Всушност, тоа биле првите жртви предизвикани од фашистичките бомбардирања на територијата на Кралска Југославија.
Македонското националноослободително движење било прифатено како рамноправно во рамките на антихитлеровската коалиција, а македонскиот народ прв пат во својата повеќевековна борба за слобода, се здобил со сојузници и меѓу нив бил признат за рамноправен.

Михајло Апостолски


Во тој период македонската војска ги презела најзначајните операции: офанзивата на Караџова, Февруарскиот поход, Пролетната офанзива и завршните операции за ослободување на Македонија.
Во средината на 1944 г. македонската војска успеала за неколку седмици да го одложи повлекувањето на Германската група армии Е кон Белград и да ја принуди германската команда повлекувањето да го изврши преку Косово и албанските планини, при што дел од тешкото оружје Германците морале сами да го уништат.
Само низ скопскиот затвор "Идризово" во текот на окупацијата минале 8.000 затво- реници, од кои 500 жени.
Поради непокорноста македонското население било упатувано во разни фашистички концентрациони логори.
На почетокот на 1941г. ги упатувале во концентрациониот логор "Гонда вода" во Бугарија. Таму биле депортирани околу 1.130 Македонци.
Во логорот "Св. Никола" ги депортирале жените. Од 1.450 жени депортирани од Југославија најголем број биле Македонки.
 

demmian

Попиванов
Член од
9 јули 2008
Мислења
1.613
Поени од реакции
53
Борби во Егејскиот дел на Македонија

Главна статија: Народно Ослободителен Фронт.


Македонскиот народ во Егејска Македонија ја почнал борбата против фашизмот уште во 1940 година, веднаш по нападот на Италија врз Грција, кога поголемиот дел од населението во западна Егејска Македонија е мобилизирано во грчката армија.

Борци на првата егејска ударна бригада.


По капитулирањето на Грција, грчката партизанска амрија ЕЛАС, прави неколку неуспешни обиди да го мобилизира целосно македонското население за нејзината кауза. По неуспешните обиди, дозволува македонските членови на КПГ, да формираат нивна посебна организација и посебни батаљони.
Во исто време, Во Егејска Македонија се појавува автономистичката организација ОХРАНА, која прави обиди Македонците да ги вклучи во борба против ЕЛАС и да ги направи соработници со германците, но не постигнува успеси.
Во 1944 година СНОФ е расформирана по наредба на КПГ, и еден нејзин батаљон, незадоволен од оваа одлука се префрлува во Вардарска Македонија, и тука зема учество во завршните операции на НОБ.
Во 1945 година овие единици се префрлуваат во Егејска Македонија и учествуваат во создавањето на Народно Ослободителниот Фронт на Македонците од Егејска Македонија, а потоа учествуваат во Граѓанската Војна во Грција.

Тек на востанието

Востанието во Македонија започна во октомври 1941 година во Прилеп, Скопје и Куманово. Во Тиквешијата било прифатено засолнувањето на партизаните од Прилепско и Велешко. Во 1942 година се помагани и со оружје.
Во 1943 година на Славеј планина е форморан партизанскиот батаљон “Мирче Ацев“ од кој е создадена народноослободителната војска на Македонија.

Партизанска колона.


Во март 1943 година доаѓа до реорганизација на политичкото и воено раководство при Главниот Штаб на Народноослободителните партизански одреди на Македонија (ГШ на НОПОМ) се проширува и преименува во Главен Штаб на Народноослободителната војска и партизанските одреди на Македонија (ГШ на НОВ и ПОМ), а територијата на Македонија во 5 оперативни зони ја контролираат околински и обласни комитети со воени штабови. Тоа доведува до формирање на првите единици на Нароослободителната војска на Македонија, а како прва поголема воена единица е баталјонот “Мирче Ацев “, формиран на 18 август 1943 година. Овој ден се смета за Ден на создавањето на организирана македонска војска и како таков е прифатен и за Ден на Армијата на Република Македонија.
Тиквешијата (Кавадарци и Неготино), Гевгелија, Велес и дел од Мариово беа во Третата оперативна зона.Во оваа зона ЦК на КПЈ и на Македонија, одлучиле да се формираат два партизански одреда, еден Тиквешки и еден Гевгелиски. На 14 мај 1943 година во месноста Вишешница на планината Рудина над Полошкиот манастир под с. Правадник е формиран ПО "Добри Даскалов" - Тиквешки. Истовремено на Кожуф Планина, кај Полана е формиран партизанскиот одред "Сава Михајлов" - Гевгелиски. Двата одреда од 25 мај дејствуваат заеднички.
 

demmian

Попиванов
Член од
9 јули 2008
Мислења
1.613
Поени од реакции
53

Христијан Тодоровски - Карпош.


На 14 и 18 мај одредот "Добри Даскалов" е во Ресава, Гарниково и Бојанчиште, каде се судрува со фашистичката бугарска полиција и војска. Со оваа акција на одредот, јавно се огласи повторно востанието во Македонија. Летото одредите се во Егејска Македонија, во реонот на Кајмакчалан. Во средината на септември тука доаѓа ПО "Гоце Делчев", викан Битолско-прилепски. Со тоа силите на НОВ и ПОМ се зголемени. Од тие причини, ГШ на НОВ и ПОМ, донесува одлука на Третата оперативна зона да се формира еден баталјон, во кој влегуваат, одредите "Добри Даскалов", "Сава Михајлов" и "Гоце Делчев". Формирањето е на 24 септември 1943 година кај Влашките колиби на Кајмакчалан во јачина од 125 борци од кои девет младинки. Одредите стануваат 1, 2 и 3 чета.
Според тоа, придонесот на македонскиот народ во победата над фашизмот не може да се согледува само од нападот на Вардарскиот дел на Македонија на 6 април, односно од навлегувањето на бугарската војска на 18.4.1941 г. На 30 октомври е формиран Вториот баталјон на Третата оперативна зона со 113 борци. За командант е назначен Тихомир Милошевски - Тико, заменик, Пандил Николовски, политички комесар Коле Тодоровски, заменик политички комесар Киро Спанџов - Коста. Националниот состав на Вториот баталјон бил: 31 Македонец, 28 Италијанци, осуммина Словенци, 29 Срби, осум Бугари, тројца Турци, а другите биле работници од пиротскиот крај. На 18 декември 1943 година од заробените и доброволно дојдени бугарски војници од караулите Конско, Лукар и други во село Фуштани, Егејска Македонија бил формиран бугарскиот баталјон "Христо Ботев". Фактички тоа бил Третиот баталјон на Третата оперативна зона. За командант бил поставен поручникот од каруалата Конско, Дичо Петров, заменик Никола Пеев Груев, политички комесар Ристо Бајалски - Савата, и заменик политички комесар Мито Мицајков - Слободан.

Македонски партизански единици го ослободуваат градот Битола.


На 20 декември 1943 година, ГШ на НОВ и ПОМ со Штабот на Третата оперативна зона ја формираат Втората МНОУБ во село Фуштани, Егејска Македонија од трите баталјона на зоната. Во присуство на политички раководители на Народноослободителното движење на македонскиот народ и на Главниот штаб, предводен од генерал Михајло Апостолски, како и во присуство на антифашистичкото движење во регионот: ЕАМ, ЕЛАС, во присуство на американска, англиска и француска воена мисија, како на преставници на антифашистичкиот фронт на Бугарија, предводени од Бојан Блгарјанов, се формира Втората македонска народноослободителна ударна бригада.
Веднаш по чинот на формирањето, оваа воена групација почна со операции на потегот Мариово-Витолиште-Фуштани-Гевгелија. Дејствуваше врз најчувствителните објекти што ги користеше непријателот: железнички пруги, мостови, телефонски врски, патишта и разбивањето на границата меѓу бугарскита окупациска зона и јужно од неа - во Егејскиот дел на Македонија, во Мегленско. Беа загрозени највиталните комуникации: вардарската, пелагониската и потпланинската и посебно Гевгелија - Скопје и Битола - Лерин - Воден - Кукуш - Солун.
Против неа се отвори најширока непријателска офанзива во тоа време на Балканот. Непријателот ги насочи 91. германски армиски корпус од Солун, со 4 нивни бригадни групи и бугарската непријателска војска: Петтата бугарска армија во Македонија со своите 15. битолска, 14. скопска и 17. штипска дивизија
За командант на бригадата бил назначен Диме Туриманџовски - Горски, за заменик Лазо Калајџиски - Добри, политички комесар Трифун Трифунов - Балкански, а за заменик на политичкиот комесар Мито Хаџивасилев - Јасмин. На 23 јуни 1944 година еден баталјон од Втората МНОУБ, од 120 борци, присуствувал и влегол во составот на Четвртата МНОУБ, која е формирана во источна Македонија на врвот Лисец на планината Плачковица.
 

demmian

Попиванов
Член од
9 јули 2008
Мислења
1.613
Поени од реакции
53
На 25 август 1944 година, Втората МНОУБ, Деветтата и Десеттата МНОУБ во село Шешково, Тиквешко ја формираат Првата македонска и 41. Југословенска дивизија. Бригадата водела борби во Тиквешко, Прилепско, Кичевско, а на 19 декември 1944 година била во Тетово и броела 2 312 борци и раководители. Пред да тргне на Сремскиот фронт на 7 октомври 1945 година за командант на бригадата бил поставен Пецо Гудев, а за политички комесар Ристо Стојановски - Железни. Бригадата стигнала во Стара Пазова на 15 јануари 1945 година и влегла во 48 дивизија на 15-ти ударен корпус. Бригадата се вика Тиквешка, бидејќи раководството и борците во поголем број биле од Тиквешијата. Бригадата водела борби на Сремскиот фронт против германските фашистички окупатори сè до завршувањето на војната сè до Целје во Словенија. Бригадата придонела за ослободување на земјата, а дала голем број на жртви, но и 11 народни херои. Бригадата по ослободувањето била одликувана со Орден за заслуга на народот со златен венец и Орден на братство и единство со златен венец.
Веќе на 4 август 1944 година е донесена одлука да се конституира Главен одбор на единствениот Народноослободителен фронт на Македонија, да се спроведе општа мобилизација, да се формираат дивизии и корпуси и народното стопанство да се мобилизира за обезбедување на Народноослободителната војска. Епилогот е очекуван: во октомври, птретходно реорганизираните воени оперативни зони се претвараат во корпусни области и се формираат: Прв Македонски, Брегалничко-Струмички и Кумановско-Скопски корпус.

Крајот на Втората светска војна и Македонија


Вкупниот број загинати од Македонија во текот на Втората светска војна изнесува околу 31.000 лица, вклучувајќи ги тука и повеќе од 7.000 македонски Евреи, кои во 1943 г. биле депортирани во концентрациониот логор во Треблинка, Полска. Овие податоци не се целосни со оглед на тоа дека не располагаме со бројот на загинатите Македонци во Егејскиот и во Пиринскиот дел на Македонија.
Во завршните операции за ослободување на земјата, до 15 мај 1945 година, организирана во три корпуси, 7 дивизии, 22 ударни, 4 артилериски, 3 пионерски и 1 коњичка бригада, македонската војска брои 110.000 борци и старешини.

Споменици




Споменик на Стефан (Стив) Наумов во Битола.




Партизанска споменица во Марков Манастир, во близина на Скопје.




Споменица на саат-кулата во Битола.




Споменик на жената борец во Тетово.





Споменик на паднатите за слобода во Скопје.




Споменик "Ослободители на Скопје" во центарот на Скопје.




Фрагмент од "Споменик на Народната Револуција" во Куманово.




Статуа на Чеде Филиповски Даме во Гостивар.
 

demmian

Попиванов
Член од
9 јули 2008
Мислења
1.613
Поени од реакции
53
Учесници во НОБ


Партизански одреди




Најзначајни операции



Golemi statii golemo nesto ama sodrzanie nikakvo.

Тоа е исто како јас да кажам дека Историја Славјаноблгарска е големо нешто,ама без никакво значение за нас!

Истата работа.:toe:
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Во Целата тероторија на Македонија 1941-1944 загинале 24.000 луѓе најголем дела Македонци убиени пред се од Бугарите но и дел од Германците Италијаните и Албанците. Во тие 24.000 влегуваат и 7000 евреи кои биле депортирани во делот на Македонија под Бугарска окупација за Треблинка и завршиле во Гасните Комори...Прекрасно имаме неофашистички кретени на Исток кој ги негираат жрвите од 2 светска војна.:toe: Неофашизмот стана официјана политика веќе.
7000 + били убиени от германците... :toe:
А па да не зборуваме дека во този момент едната бугарска армиja во днешна РМ е 70-80% со воjници от днешна РМ. И што стана сега - македонците во бугарската армиja убивали бунтовниците македонци.:toe:
Е за последното е убаво малце модераторите да се намесат!
 
Член од
31 јули 2009
Мислења
117
Поени од реакции
10
Котенце, говориш напамет, говориш само колку да речиш нешо.

Сите акции на одмазда врз македонското цивилно население од бугарската армија поради нападите на партизаните врз нив то што е?

Стрелањето на 25 селани во Лавци заради загинувањето на 14 бугарски војници од партизаните, стрелањето на 12-те деца во Ваташа, тоа што е?

И стига со тие Срби бе мајка му стара? Зашто си толко обсебена со нив? :back: Ние Македончињава сме полични мислам. :wink:

Hristijan Todorovski - Karpoš (born 3 September 1921 in Kumanovo, died February 7, 1944 near Preševo) was a Macedonian communist partisan during the Second World War.
As a student he was accepted in the communist youth organization SKOJ. Because of his progressive ideas, he was expelled from secondary school in 1940 and was not allowed to enroll in any other school in Yugoslavia.
In the year of the 1941, he participated in the gathering of weapons and participated in the distribution of the illegal pamphlets and the bulletin "Dedo Ivan" which was published by the Kumanovo communist organization. He was a member of the First Kumanovo partisan detachment, and became and participated in the battle with the Bulgarian police on 11 October 1941. After that he became a member of the partisan headquarters for Kumanovo. Further he went to the Second south Moravian detachment, and late in the Kukavian detachment. In the second half of the year 1942, he was sent as a courier in Kumanovo, and he used his arrival to form a new detachment with whom he achieves successful actions.
From the end of 1943 he became the commander of the Kumanovo "Jordan Nikolov" battalion of the NOV of Macedonia and had several successful actions against the Vardar Chetnik Corps, especially in Pelince, near Kumanovo.
Hristijan Todorovski died on 7 February 1944 while leading a raid on the Bulgarian police station in Biljaca, near Preševo.

1944 and aftermath


February Campaign


After passing through the whole of western Greek Macedonia, the main forces of the People's Liberation Army of Macedonia were stationed in the Moglena region. The Partisan detachments that were active in Gevgelia and Tikvesh also crossed the border into northern Greece and met with the main forces of the MNOV. Several meetings were held with members of ELAS and the Greek Communist Party. One of the decisions was the creation of wider partisan detachments composed of the ethnic Macedonian minority in Greece. On 20 December 1943 in the village of Fustani in the Pella district of Greece, the Second Macedonian Assault Brigade was formed out of the 3 battalions of the 3rd operative zone. The Bulgarian Hristo Botev partisan battalion of the MNOV was formed out of captured and escaped Bulgarian soldiers. It was under the command of the HQ of MNOV. The rest of the fighters that were not included in the First Macedonian-Kosovo Assault Brigade and the Second Macedonian Assault Brigade (the Hristo Botev and Stiv Naumov battalion together with several smaller partisan detachments) were organized into the so-called “Third Group of Battalions”. The provisional HQ of the reorganized MNOV was stationed in the village of Fustani in the Pella district. Because the massive concentration of MNOV troops in the Moglena district was jeopardizing the Axis communication to Thesaloniki, Bulgarian and German forces launched an incursion against the MNOV in Moglena and at Mount Kozuv. The fighting lasted from 26 December till 18 January. All Axis attacks were repelled, and Mount Kozuf remained a free territory held by the MNOV.[30][31]
After the fight for Mount Kozuf, the Headquarters of the MNOV decided to launch a three-phase offensive in central and eastern Vardar Macedonia against the fascist occupation forces – known as the “February March”. In accordance with the February March plan, on 31 January 1944 the First Macedonian-Kosovo Assault Brigade started marching towards the Veles and Porech regions, but immediately after crossing the border, the Brigade was attacked by two Bulgarian divisions. After constant fighting in cold weather, on 14 February the brigade returned to Greek Macedonia. Although it did not fulfill its mission because of the energetic counter-attacks of the Bulgarians, the First Brigade engaged two divisions of the Bulgarian 5th Army in that region. This opened a gap for the Third Group of Brigades together with CPM and the HQ of MNOV to pass through eastern Macedonia. The Second Macedonian Assault Brigade conducted incursions from 31 January till mid 1944 from Kozuf to Gevgelia and Demir Kapija regions, disrupting the Bulgarian authority in the villages and closing Bulgarian schools. On 31 January the Third Group of Brigades together with the HQ of the MNOV and the CC of the CPM started marching from the village of Zborsko to eastern Vardar Macedonia. 23 days later, after 400 km of travel through five mountain ranges in terrible weather and constant engagements with Bulgarian army units, the Third Group of Battalions was in partisan held territory near Kumanovo. There it made contacts with the forces in Pčinja District and the Bulgarian Resistance.[23] The Hristo Botev battalion, which was until then under the command of the MNOV of Macedonia, was transferred to the Bulgarian resistance command.
The 3rd Battalion Group merged with the two existing Macedonian battalions in Kumanovo region and formed the famous Third Macedonian Assault Brigade in the Kumanovo village of Zegljane on 26 February 1944[31]. After its formation, the Third Macedonian Assault Brigade became the biggest partisan formation in Macedonia and Southern Serbia.
In South Morava, Serbian Chetniks held the terrain, supported by the Germans. The Chetniks prevented the communists from organising in that area. After a meeting in Prohor Pčinjski monastery it was decided the command of the South Moravian and Kosovo partisan detachments would be given to the HQ of MNOV of Macedonia, as it was the most organized and most experienced. The first objective of the HQ of MNOV after the expansion of its command region was the destruction of the Chetnik movement in Macedonia and Pčinja District, starting with the Chetniks stationed in Vardar Macedonia.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom