Борбите на Македонците против Бугарија

A

anaveno

Гостин
Aaa tie sigurno se Aromunite.....odkaj Romania dosle...tamu bea i Avarite.

Koga znaes,aj ti napisi gi halplogrupite.

Vo genetikata tie se istrazuvaat, a Igenea si pravi filmcinja od niv...
 

ADVISOR

barca & inter
Член од
4 јуни 2009
Мислења
799
Поени од реакции
16
hahahahahaha:pos2::pos2::pos2::pos2:

Armãnji ти зголемив убаво да прочиташ:pipi:
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.325
Поени од реакции
8.341
Интересен текст во списанието за Македонците и нивната борба
што според вас е вистина во текстот а што не?

http://www.globusmagazin.com.mk/?ItemID=88AF140C16A22142A49B496906A17126

БРАТОУБИСТВАТА ЈА ОДБЕЛЕЖАА МАКЕДОНСКАТА БОРБА

Невидено самоистребување на македонските револуционери. Во новиот музеј во Скопје на едно место ќе се најдат едни крај други жртвите и нивните убијци
Наскоро, на едно место, во новиот Музеј на Македонија ќе се најдат еден крај друг жртвите и нивните убијци од македонската револуционерна борба. Во исти простории ќе бидат со Ванчо Михајло, човекот кој завил во црно многу македонски мајки и сестри, и тие коишто наредил да ги ликвидираат - првиот македонски новинар и илинденец Арсение Јовков, познатиот социјалист и другар на Гоце Делчев, Димо Хаџи Димов, осведочениот федералист и доктор по право Славчо Ковачев и војводата со поетска душа Панчо Михајлов. Јане Сандански ќе гледа во својот непомирлив противник Борис Сарафов кого го осудил на смрт, а Тодор Александров во Ѓорче Петров на кого му испратил младо момче да го ликвидира. Тука е и Мара Бунева која навистина не уби никого од своите македонски браќа, но затоа беше дел од терористичката машина за убивање на Михајлов. Таа еден студен јануарски ден во 1928 година во Скопје го застрела српскиот службеник Велимир Прелиќ. Посетителите ќе видат и еден малку познат лик на македонската поширока јавност. Станува збор за Христо Матов кого македонски историчари го ставаа во редот на врховистите, но сепак него никој не може да го заобиколи, бидејќи тој еден од најголемите интелектуалци на македонската револуционерна борба.

Тешко некој може со сигурност да каже кој всушност прв почнал со братоубиства кои ќе постојано ќе го следат нашето минато. Длабокиот јаз меѓу македонските револуционери почнал да се копа уште по донесувањето на солунската одлука за дигање на Илинденското востание. Едните биле за, а другите сметале дека е предвремено и поради тоа осудено на неуспех. Во Софија се одржало советување на кое се водела жолчна расправа во која на спротивни страни ќе се најдат тогаш најголемите полемичари меѓу македонските револуционери, Ѓорче Петров и Христо Матов. Меѓутоа, до вистинска поделба меѓу нив ќе дојде по поразот на востанието, на Рилскиот конгрес есента 1905 година кога жестоко ќе се обвинуваат, а серчани ќе го стават на дневен ред однесувањето на Борис Сарафов. Обвинет бил поради испраќање на своите „сарафистички“ чети и земање пари од српската влада. Разликите во нивните ставови биле толку многу длабоки и суштински, така што подоцна престанал секаков дијалог меѓу нив.

Капката што ќе ја прелее преполнетата чаша и ќе го означи почетокот на нивното меѓусебно истребување е убиството на Борис Сарафов и на Иван Гарванов, тогашни членови на Задграничниот комитет, од страна на Тодор Паница на 28 ноември 1907 година во Софија. Од тој ден македонските револуцинери ќе се гледаат само преку нишанот на пушката и ќе дојде до целосен расцеп во револуционерното движење и до многу пролеана крв, а единството на македонското дело ќе биде загубено за сите времиња. На една страна ќе се најдат таканаречените леви сили чија најистакната фигура е Сандански, а десните сили ќе ги предводи Христо Матов, преостанатиот жив член на Задграничниот комитет кој, исто така, требало да биде ликвидиран заедно со Сарафов и Гавранов, но останал жив поради тоа што случајно не дошол на закажаниот состанок со Паница.

Смртните пресуди на Сарафов, Гарванов и Матов ги донело раководството на Серскиот револуционерен округ на чело со Јане Сандански. Има различни верзии зошто серчани се решиле да посегнат по нивните животи. Сандански јавно ги обвинувал, посебно Сарафов , за прерано подигнатото востание и за страдањата на македонскиот народ, за тоа дека со неговите непромислени постапки му нанесувал големи штети на македонското дело. Санданистите, луѓето на десницата ќе ги сметаат за ренегати и нови врховисти. Има една верзија според која тие сакале да го убијат Сандански па од Софија испратиле човек за да го ликвидира, меѓутоа, кога го дознал тоа решил да им врати со иста мерка. Михаил Даев, човекот којшто требало да ја изврши егзекуцијата на Сандански му се доверил на Тодор Паница за неговите намери, а тој му кажал на Јане.

Непосредно пред убиството на Сарафов и Гарванов, Сандански во Софија ќе се сретне со повеќемина негови истомисленици за да се посоветува што да се преземе да се спаси македонското делото. Ќе биде одржано советување, во кое ќе учествуваат и Ѓорче Петров, Пере Тошев, Димо Хаџи Димов и Михаил Герџиков. Спротивниот табор ќе ги смета нив подоцна за интелектуални соучесници во убиството на задграничните претставници.

„Крвта го помрачи разумот, братот стана поомразен од надворешниот враг, грубите луѓе закипеа од страст за одмазда – дива и ненаситна... Се случија преврати, војни и национални катастрофи, Македонија се подели, се сменија нејзините поробувачи, но „вендетата“ не умре. Во свеста на најпреданите приврзаници на Сарафов и Гарванов, Сандански и неговите другари останаа засекогаш должници и се бараа насекаде. Во оној дел на Серскиот револуционерен округ кој се приклучи кон Бугарија, омразата продолжуваше да живее. Таа лежи во основата на новите братоубиства, направени под разни пароли и етикети“, ќе напише Христо Силјанов за братоубиствата во „Ослободителните борби на Македонија“

По двојното убиство, меѓусебното истребување меѓу Македонците ќе трае повеќе десетици години. Приврзаниците на Сарафов и Гарванов нема да им останат должни на санданистите. Јане и уште тројцата негови другари кои ги потпишале смртните пресуди нема да умрат од природна смрт, сите ќе бидат ликвидирани. Последен ќе биде застрелан физичкиот убиец Тодор Паница во 1925 година во виенскиот “Бургтеатар” од Менча Крничу, која подоцна ќе стане сопруга на Ванчо Михајлов.

Според Силјанов, во тие судбоносни денови за македонското револуционерно дело не постоело големо авторитетно име за да ги смири закрвавените страни кои почнале меѓусебно да се дебнат и да се истребуваат. Даме Груев, човекот кого го сметале за волјата на Внатрешната организација, непосредно пред дефинитивниот раскол бил убиен во Русиново, Беровско. Многумина помислувале дека тоа можат да бидат големите авторитети Ѓорче Петров и молчаливиот Пере Тошев, кого го определуваат како совеста на македонското дело, но тие се држеле понастрана. Всушност, и двајцата на санданистите гледале со симпатии и го делеле нивното мислење дека десните сили се' повеќе се приближуваат кон бугарскиот двор.

По убиството на Сарафов и Гарванов главен човек во десницата ќе биде Христо Матов, на чија инцијатива ќе се одржи конгрес, без претставници на Серскиот револуционерен округ. Матов тогаш ќе го повика Тодор Александров, своевремено негов ученик во Скопската гимназија, и му го доверил благајничкото место што дотогаш го пополнувал Иван Гарванов. По завршувањето на Првата светска војна била формирана автономистичка ВМРО на чело со Александров , а за секретар ќе биде поставен Ванчо Михајлов, која ќе ги продолжи убиствата.

Две години по нејзиното формирање ќе биде извршено убиството на Ѓорче Петров, на 21 јуни 1921 година, по наредба на Тодор Александров. Тогаш Ѓорче имал 56 години, бил беспомошен, физички истоштен и полуслеп. Платениот убиец, помакот Реџеп, не знаел кого убива, знаел само дека неговата жртва била „непријател на македонското дело“. Подоцна и тој ќе биде ликвидиран за да не каже кој го испратил да го изврши овој злосторнички чин.

Серијата на ликвидации и обезглавувањето на македонската левица ќе започне по убиството на Тодор Александров на 31 август 1924 година, кога Ванчо Михајлов ќе го искористи како повод за да се пресмета со сите оние кои што не мислеле како него и кои му стоеле на патот да застане на чело на организацијата. На сите они што ќе ги забележи во списокот за отстрел ќе им го залепи епитетот „заговорници“ во убиството на Александров, иако има сериозни тврдења дека всушност тој, заедно со бугарскиот воен врв, го подготвил сценариото за ликвидација на лидерот на автономистичката ВМРО за да го заземе неговото место.

Првиот масакр ќе го изврши во Горна Џумаја, ноќта на 12 септември 1924 година. Претходно, со итрина ќе ги намами и ќе им постави стапица на Алеко Василев, раководителот на ВМРО во Пиринскиот крај, на потполковникот Героги Атанасов и на Александар Протогеров кои ќе ги прогласи за главни организатори на убиството. Во Горна Џумаја ќе го покани и раководството на Илинденската организација за наводно заедно да расправаат за недоразбирањата што ги имале и така сите на куп да ги ликвидира. Меѓутоа, тој нема лично да отиде на средбата, туку за да му ја завршат валканата работа ќе ги испрати Петар Шанданов, Кирил Дрангов, војводата Панчо Михајлов, чија восочна фигура, исто така, ќе биде изложена во Музејот, кого Михајлов една година подоцна, исто така, ќе го ликвидира.

Од тројцата, според него, директни виновници за смртта на Александров, ќе го остави жив само Протогеров, за да му ги потпишува смртните пресуди како единствен жив член на ЦК на автономистичката ВМРО. Раководството на Илинденската организација панично ќе се обиде да избега од место на злосторот. За време на бегството ќе биде фатен Арсение Јовков и вратен во Горна Џумаја. Михајлов ќе стаса специјално од Софија за да го испрашува лично. Охридскиот војвода, Петар Шанданов, кој бил еден од главните актери на тие крвави настани и знаел за многу чекори што ги преземал тогаш самопрогласениот лидер на ВМРО, ќе напише дека Михајлов го измачувал Арсение Јовков на свиреп начин за на крајот да го ликвидира.


Вториот чин на крвавата македонска драма Михајлов ќе го изрежира наредниот ден на софиските улици, кога ќе ги испрати своите терористи да ги застрелаат првите луѓе на левицата. На 13 септември 1924 година, ќе бидат убиени Димо Хаџи Димов и Славчо Ковачев прогласени за интелектуални убијци на Александров. За тоа како Михајлов ги испраќал тој ден своите терористи да ги ликвидираат најголемите македонски интелектуалци во Софија најилустративно говори искажувањето на атентаторот на Славчо Ковачев, Мирчо Кикиридков, кој во своите спомени ќе запише:

„Ме воведоа во една голема широка соба преполна од наши другари, четници. Се отвори соседната врата до неа и се покажа Иван Михајлов. Не поздрави и возбудено повторуваше како да говореше самиот себеси: ’Не плашете се, Македонија е слободна.’ При секое влегување подоцна тој одвојуваше еден по еден од другарите, кои што не се враќаа. Разбравме дека нешто се случило и претстои работа за завршување. Телефонот од другата соба непрестано ѕвонеше во неговата рака. Самиот тој таа ноќ неколку пати ’одлета’ со автомобилот. Но каде? Тоа нас не' не интересираше. Најпосле кон 8 часот утрото дојде и на мене ред. ’Ќе го смааш ли (по штипски) Славчо Ковачев?’ ’Каков е?’ ’Предавник!’ ’Се согласуваш ли?’ ’Согласен.’ ’Бакнете се тогаш со Страхил Развиговор, тој ќе ти го покаже’“, раскажува Кикиридков.

За ликвидациите што Михајлов ги вршел говори и едно писмо што му го испратил на Петар Шанданов, кое требало да биде уништено, но сепак Кирил Прличев го зачувал: „Ова ноќ В’ндев долу ќе го заколе Методи Алексиев (Пандов ја знае шифрата) му даде наредба. Утре вечер ќе завршиме со претстаниците Гоце Манолев, Стојо Хаџов, Говедарчето и Медникаров. Таму Филипов веројатно веќе ги убил – Димитар Пенков, Бујнов. Да знаете дека со Ковачев е завршено.“, ќе му пишува Михајлов на Шанданов. По четири години ќе станат најголеми непријатели и меѓусебе ќе се убиваат.

Атентаторот на Ковачев нема долго да остане во затвор. Заедно со Владо Черноземски, којшто истиот ден го убил Димо Хаџи Димов и со други терористи - Стефчо Каркалашев, од Богданци и Ипократ Развигоров кои извршиле други убиства избегале од затвор. Бегството го организирале луѓето на Михајлов. Долгата рака на самопрогласениот лидер ќе стаса и до Петар Чаулев, кој како член на ЦК на ВМРО заедно со Тодор Александров и Александар Протогеров го потпишал познатиот мајски манифест во 1924 година за обединување на македонските револуционерни сили. Со слика на охридскиот војвода во Италија ќе стаса терористот Димче Стефанов, инаку скопјанец, и по едномесечна потрага по Чаулев ќе го пронајде во една кафеана во Милано и ќе го ликвидира.

Михајлов со своите луѓе истовремено ќе започне крвав поход во Пиринска Македонија за да ја исчисти од приврзаниците на Сандански. Во тоа време селото Дабница во Горна Џумаја ќе го претвори во мачилиште. Тогаш на свиреп начин, со фрлање во варници и бесење на ченгел ќе бидат убиени 120 санданисти и комунисти. Смртните пресуди ќе ги потпишуваат Ванчо Михајлов и Александар Протогеров.
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.325
Поени од реакции
8.341
Меѓутоа, најголемите македонски братоубиства ќе започнат кога во 1928 година Михајлов сам ќе му пресуди и ќе испрати терористи да го ликвидираат Протогеров, неговиот колега од Централниот комитет, убедувајќи ја јавноста дека тој бил главниот виновник за убиството на Тодор Александров и дека за тоа треба да плати. Тогаш десните сили ќе се поделат на таканаречени „ванчомихајловисти“ и на „протогеровисти“ и ќе започнат меѓусебно да се истребуваат. Секое утро софиските улици осамнувале со по некој труп на Македонец.

Многуте обиди за помирување не вродиле со плод. Убиствата меѓу Македонците на софиските улици продолжувале и натаму. Според Кирил Прличев, кој бил „протогеровист“, тие никогаш не сакале проблемите да ги решаваат со оружје но морале да се фатат и за него. Но против терористите на Михајлов и неговата „машина за убивање“ никој ништо не можел. Цената што ја плаќале затоа што решиле да му се спротивстават била страшно висока. За еден „ванчомихајловист“ биле убивани 10 „протогеровисти“.

По долготрајното, повеќегодишно и исцрпувачко војување и по многуте жртви, Михајлов ги присилил „протогеровистите“ да потпишат декларација за прекинување на војната. Меѓутоа, капитулација не потпишал Петар Шанданов и наредните две години ја продолжил борбата.

Во пресметките што траеле цели пет години паднале многу нови жртви, но најмногу в о летото во 1933 година. Заемното истребување го достигнало врвот, а седмицата кога меѓу себе биле убиени најмногу Македонци ја нарекле „страшна“ или „траурна“ седмица, зашто секоја вечер се случувале по две убиства. Европа била вџашена од свирепата пресметка и побарала од царот Борис да ги спречи убиствата, кој, заедно со својот премиер Андреј Лапчев, роден ресенчанец, биле на страната на Михајлов и му дозволувале да прави што сака.

„Седум дена по страшната седмица не се случи ниедно убиство. Еден месец потоа пак немаше убиство. Два месеца - исто; три, четири - сите останаа зачудени од промената што настапи. Која магична сила ја ослободи Бугарија од тој кошмар?! По тој повод во извесни средини се расправаше дека неговота екселенција Ватерло, англиски амбасадор во Бугарија кога отишол да си земе збогум од неговото високопреосвештенство Стефан, меѓу другото рекол: ’Би сакал да го видам тоа јуначиште Шанданов, кој со своите контраудари врз луѓето на Михајлов може да го принуди да престане човекот против кого власта се покажа немоќна. Би сакал да го прегрнам пред да ја напуштам Бугарија“’, пишува во своите спомени Кирил Прличев. Го убиле пред неговите деца

Владислав (Славчо) Ковачев бил голем интелектуалец и едно од најистакнатите македонски имиња на Илинденската организација во Софија. Потекнува од штипско револуционерно семејство, бил војвода и учесник во Илинденското востание. Дипломирал право во Париз, а докторирал правни науки во Брисел. По убедување бил федералист и се борел за самостојна и независна Македонија. Д-р Владо Поповски вели дека Ковачев во своите погледи во однос на македонскиот национален идентитет отишол најдалеку од сите Македонци што тогаш живееле во Софија, факт кој не можел да ги остави спокојни бугарските власти и оние македонски струи кои биле нивни заложници и нивни инструменти.

Д-р Зоран Тодоровски вели дека Славчо Ковачев бил еден од ретките македонски дејци кој меѓу првите по Првата светска војна во Бугарија, преку употребата на термините Македонци, македонски народ, македонско население, како и лозунгот „Македонија на Македонците“, всушност, ја истакнувал посебноста на македонскиот народ, заговарајќи го принципот на негово самоопределување. „Ваквото политичко промакедонско дејствување на Славчо Ковачев му пречеше на раководството на Македонскиот револуционерен комитет и на автомистичкото крило на ВМРО, како и на бугарскиот политички фактор, кои го ставија на нивната смртна листа, заедно со најистакнатите левоориенирани македонски дејци. Врз основа на писмена смртна пресуда, потпишана од членот на ЦК на ВМРО, генералот Александар Протогеров, тој беше убиен на 13 септември 1924 година во центарот на Софија, само неколку часа пред да го убијат неговиот истомисленик Димо Хаџи Димов“, подвлекува Тодорвски.

Ковачев бил убиен пред своите деца. „Јас не знаев во што беше вината на убиениот од мене Ковачев. Верував целосно во праведноста на решенијата издавани од организацијата и сметав за свој долг да ги исполнам безусловно. Исто така, не знаев до моето затворање дека Тодор Александров е убиен. Инаку, ќе ги убиев тогаш и неговите деца.“, ќе изјава Мирчо Кикиридков, атентаторот на Славчо Ковачев.

И сопругата на Ковачев – Анастасија Размова, била позната во Софија. Таа ја играла улогата на Цвета во првата претстава на „Македонска крвава свадба„ на Војдан Чернодримски, изведена во Софија. Кум на нивната свадба им бил Борис Сарафов, а девери Гоце Делчев и Ѓорче Петров.
Македонците се посебен народ и сами треба да се ослободат
Стефан Кемилев, кој бил присутен на разговорите што во Софија ги водел Сандански со повеќемина револуционери, пред да биде извршено убиството на Сарафов и Гарванов, вели дека тој им објаснувал на присутните дека односите меѓу двете струи се толку изострени што до нивно зближување не може да дојде и дека не станува збор за лични несогласувања, туку за „две принципиелни становишта кои заимно се исклучуваат”. Сандански, со чија појава за сите времиња е загубена бугарската кауза во Македонија, како што тврдат историчари на Софија, ја застапувал тезата дека е погубно за македонското население македонското прашање да се третира како прашање за национално обединување на Бугарите и дека луѓето на другата страна се продале на бугарската влада.

„Сите кои што агитираат било во Македонија, било надвор од неа врз основа на ослободување и обединување на Бугарите, треба да бидат пресретнати непријателски од ВМРО, исто како што се пресретнуваат од Организацијата српските агитирања и чети”, го цитира Сандански Камилев.

На прашањето како мислат да дејствуваат серчани, Камилов раскажува дека Сандански објаснувал во општи црти дека треба да се работи за пробудување на сознанието на масите, дека тие се самостоен народ, дека имаат право на слободен живот и дека треба да се борат за извојување на своја слобода без да се потпираат на туѓа помош, зашто тие кои што би дошле да ги ослободат, ќе дојдат всушност да ги заробат. Јане сметал оти македонското прашање не може да се реши ако се постави како бугарско прашање.
Французин му го посветил својот роман
Христо Матов е една од највпечатливите личности од десните македонски револуционерни сили и еден од најголемите интелектуалци во македонското револуционерно движење. Роден е во Струга во 1869 година а починал во 1922 во Софија. Се школувал во бугарската гимназија во Солун во која подоцна ќе работи како професор. Бил директор на Скопската гимназија, предавал филологија и извонредно говорел француски јазик. Тој со уште четириесетмина македонски револуционери, меѓу кои Пере Тошев и д-р Христо Татарчев. ќе биде осуден на доживотна робија од турските власти по провалата во организацијата во Солун во 1901 година. Судскиот процес и нивното патувањето со брод во Анадолија ќе го следи францускиот писател и новинар Пјер Д’Еспања кој ќе биде восхитен од храброто држење на Матов. По една година ќе издаде роман за македонската борба и на него ќе ја напише следнава посвета: „На Христо Матов, филолог и учител, осуден на доживотен затвор во Будрун. На мрачните и негови славни другари по судбина, на потиснатите, на победените, на мртвите“.

По расколот во ВМРО Матов ќе ги предводи десните сили во македонското движење, а за време на Младотурската револуција ќе преговара со младотурците, но нема да се согласи со условите што ќе му ги понудат. Во 1917 година тешко ќе се разболе и со помош на организацијата ќе замине на лекување во Будимпешта кај познат европски лекар кој ќе констатира дека боледува од депресија. Последните години од животот ќе ги помине во голема сиромаштија. Барањето за пензија бугарските власти ќе му го одбијат, така што ќе го издржува неговиот брат, а ќе добива малку средства и од автономистичката ВМРО. Последните години целосно ќе се затвори во себе, нема да контактира со никого. Поголемиот дел од денот ќе го минува во мала собичка на приземна куќичка, седнат на широкиот железен кревет со скрстени нозе и со постојано втренчен поглед некаде настрана. Не сакал никој да го посетува, а и самиот ретко некаде излегувал. Починал на 22 февруари 1922 година.
Најголем авантурист меѓу револуционерите
Борис Сарафов важи за најголем авантурист во македонското движење. Роден во 1872 година во Либјахово, село во Неврокопско, (Гоцеделчевско), Пиринска Македонија. Се школувал во бугарската машка гимназија во Солун, а завршил воено училиште во Софија. Соработувал со Гоце Делчев и Ѓорче Петров. Од 1899 до 1901 година бил претседател на Врховниот македонско-одрински комитет во Софија. На Смилевскиот конгрес заедно со Даме Груев и Атанас Лозанчев бил избран во Главниот штаб на Битолскиот револуционерен округ во кого биле водени најжестоките битки за време на Илинденското востание. По поразот се вратил во Софија, носејќи го со себе востаничкото знаме.

Сарафов често патувал низ Европа каде остварувал контакти со повеќе познати личности. Обезбедил пари печатење на македонскиот весник што се издавал во Париз, а го уредувал Симеон Радев. Се тврди дека тој им обезбедил пари на солунските атентароти за да купат динамит. Од сите македонски револиционери неговото име е најприсутно во извештаите во турските архиви. Убиен бил од Тодор Паница во неговата куќа во Софија во 1907 година заедно со Иван Гарванов.



можеби текстот не е во најсодветата тема :smir:

 

demmian

Попиванов
Член од
9 јули 2008
Мислења
1.613
Поени од реакции
53
Втората светска војна


Втората светска војна на Балканот официјално започнала со донесувањето на одлуката на Мусолини Италија да ја нападне Грција.
На 28 октомври 1940 година италијанските сили стационирани во Албанија ја нападнале Грција.
Меѓутоа, непосредно пред италијанската агресија грчката Метаксасова власт извршила апсење и депортација на околу 2.000 најистакнати Македонци - членови на ВМРО (Обединета) и на КПГ, и ги депортирала на јужните острови од Егејското Mope, под изговор дека спроведуваат мерки на претпазливост од шпионажа.
По агресијата на италијанските сили, грчкиот режим извршил мобилизација во егејскиот дел на Македонија, при што, речиси вкупниот резервен состав го сочинувале Македонци и доселеници од Мала Азија и веднаш биле упатени во првите борбени линии на фронтот. До нападот на Германија на 6 април 1941 година врз Грција на грчко-италијанскиот фронт загинале околу 12.000 луѓе, од кои околу 5.000 биле Македонци.
Покрај тоа, италијанските авиони на 5 ноември 1940 година ја бомбардирале Битола, при што загинале 10 лица, а ранети биле 26 лица.
Тоа се првите жртви што македонскиот народ ги даде во борбата против фашизмот.

На 6 април 1941 година, по бомбардирањето на: Белград, Скопје, Битола, Штип, Велес и поважните објекти на пругата Ниш-Скопје-Солун, германските сили стационирани во Бугарија, од три правци навлегле во Македонија:
Ќустендил-Куманово-Скопје; Горна Џумаја-Штип-Велес-Охрид и Петрич-Гевгелија-Солун.
Од западната страна нападот врз Македонија го извршиле италијански сили стационирани во Албанија на охридскиот и на дебарскиот правец.

На тој начин Македонија била повторно поделена и окупирана од бугарски, од италијански и од германски сили.


На 18 април 1941 година во Македонија навлегле бугарски окупаторски сили.

За кусо време се појавиле и нивни соработници: големосрпски, големоалбански и големобугарски сили кои се ставиле во функција на окупаторите и барале од нив поддршка за остварување на своите големодржавни интереси.
Подготовките на македонскиот народ за вооружена борба започнале веднаш по навлегувањето на фашистичките вооружени сили.
На 7/8 април 1941 година, Месниот комитет (МК) на Прилеп одржал состанок на кој била утврдена определбата за вооружена борба против окупаторот.
Во текот на април 1941 година подготвителни состаноци одржале повеќе МК во Македонија.
По нападот на Германија врз Советскиот Сојуз на 22 јуни 1941 година, самоиницијативните состаноци на МК на КПЈ во Македонија го иницирале Покраинскиот комитет (ПК) кон крајот на јуни 1941 година да формира Воена комисија која ќе биде одговорна пред ПК за военото прашање.
Активностите на Воената комисија резултирале со формирањето на Скопскиот партизански одред на 22 август 1941 година.
Нешто подоцна биле формирани Прилепскиот и Кумановскиот партизански одред, а на 11. октомври со нападот на жандармериската станица во Прилеп започнало планско и организирано вооружено востание на македонскиот народ.

Во почетокот на 1942 година по одржувањето на Јануарското советување Македонското националноослободително движење (НОД) се засилило, биле формирани повеќе месни воени штабови, a во јуни 1942 година, Покраинскиот воен штаб бил преименуван во Главен штаб на народноослободителните партизански одреди на Македонија [ГШ на НОПОМ).
Во март 1943 година е формирана Комунистичката партија на Македонија (КПМ) на чело со Централен комитет (ЦК).
Главниот штаб на НОПОМ е проширен и преименуван во Главен штаб на народноослободителната војска и партизански одреди на Македонија.
На тој начин биле формирани политичкото и военото раководство на МНОД и се започнало со создавање на покрупни воени формации, се создавале слободни територии, се формирале оперативни зони, обласни комитети и воени штабови, се зголемил приливот на нови борци, со што вооруженото востание прераснало во народноослободителна војна.
Во втората половина на 1943 година се одржал Преспанскиот состанок од 2-4 август, формиран е Акциониот народноослободителен комитет (АНОК) на Македонија, формиран е баталјонот "Мирче Ацев" на 18 август како прва регуларна воена единица, создаден е Иницијативен одбор за подготовка и свикување на АСНОМ, формирани се Првата македонско-косовска бригада на 11 ноември и Втората македонска бригада на 20 декември 1943 година, и веднаш потоа македонската народноослободителна војска ги започнала зимските операции.

Во меѓувреме ГШ на HOB и ПОМ го издал Манифестот до македонскиот народ.
Потоа биле одржани Фуштанското партиско советување и Основачкиот конгрес на Нароодноослободителниот младински сојуз на Македонија (НОМСМ).
Во февруари 1944 година, со познатиот Февруарски поход, народноослободителната војска на Македонија извршила оперативни дејства, речиси на целата етничка територија на Македонија.
По пролетната офанзива 1944 година биле создадени покрупни слободни територии и се создале можности за свикување на Првото заседание на АСНОМ.
Во согласност со одлуките на Второто заседание на АВНОЈ, одлуките и решенијата на АСНОМ служат како основа за воспоставување и натамошна изградба на македонската државност.
Подготовките за конечното ослободување на Македонија ГШ на HOB и ПОМ ги започнал со реорганизација на единиците и раководствата на македонската народноослободителна војска.
Донесена е одлука да се формираат четири оперативни зони, во секоја од нив по една до две дивизии. Формиран е Главен одбор на единствениот НОФ на Македонија.
Донесена е одлука да се спроведе општа мобилизација, да се формираат и корпуси, народното стопанство да се мобилизира за логистичко обезбедување на народноослободителната војска и објавен е проглас со кој се повикуваат сите граѓани на Македонија да ја засилат борбата против фашистичките окупатори и нивните соработници.
Формирани биле седум дивизии, а во октомври 1944 година оперативните зони прераснале во корпусни и биле формирани три корпуси.

По ослободувањето на Македонија, во средината на ноември 1944 година македонската војска била реорганизирана, a 15. македонски корпус во состав од 42. и 48. дивизија, во бројна состојба од околу 25.000 борци, е испратен на Сремскиот фронт.
 

demmian

Попиванов
Член од
9 јули 2008
Мислења
1.613
Поени од реакции
53
До капитулацијата на германските сили, единиците на 15. македонски корпус имале околу 1.200 мртви, 3.369 ранети и 378 исчезнати.

Македонската народноослободителна војска во текот на четиригодишната војна водела силни вооружени борби против бугарските, италијанските и германските окупаторски сили и против нивните соработници -балистичките, четничките и ВМРО-михајловистичките контрачети.
Особено значајни биле Февруарскиот поход, Пролетната офанзива и завршните операции за ослободување на Македонија.
Мошне силен успех македонската војска постигнала во борбите при повлекувањето на германските групи-армии "Е". (ГАЕ) од Грција, чија бројна состојба изнесувала околу 350.000 луѓе.
Борбите против овие елитни германски сили траеле околу 40 дена.
Притоа, македонската војска извршила околу 200 операции, боеви и борби.
Во тој период биле запленети 15.000 парчиња германско оружје, биле уништени околу 300 моторни возила, три тенка, десетици локомотиви, вагони и друго.
Извршени биле околу 190 рушења на железнички пруги, a само во еден ден со 45 рушења се сопрени и уништени 18 германски композиции возови.
Поради сите тие дејства Германците биле принудени со две дивизии да се повлекуваат преку Албанија.
Покрај тоа, ГАЕ во борбите од октомври до ноември 1944 година во Македонија ги имале следните загуби: 421 мртви, 1.297 ранети и 571 исчезнат.
Вкупно за неполни два месеци од германскиот борбен состав биле исфрлени 2.289 војници.
Co тоа се постигнало: прво, пресечена е отстапницата на ГАЕ низ долината на Морава, второ, забавено е повлекувањето на ГАЕ за 40 дена што имало суштинско значење во завршните операции за ослободување на Југославија, трето, Македонија е ослободена со сопствени сили.
Истовремено, со разгорувањето на Војната се создавала и се развивала и Македонската народноослободителна војска.
Нејзината бројна состојба во летото 1944 година изнесувала околу 6.000 борци и старешини, во времето на ослободувањето на Македонија бројната состојба се зголемила на 66.000, на 15 јануари 1945 година имало 83.814, а во време на капитулацијата на Германија, македонската војска броела 110.000 борци и старешини.
Во текот на четиригодишното војување против фашистичките окупатори, истовремено поднесувајќи ги сите последици на геноцидната политика, македонскиот народ го втемелил својот придонес во конечната победа над фашизмот на различни начини и со бројни жртви.
Co потпишувањето на спогодбата "Кладиус - Попов", бугарската Влада се обврзала да обезбеди работна сила за рудниците во Македонија кои биле под управа на Германците. За тие потреби било ангажирано месното население.
Само во 1942 година во 700 македонски претпријатија кои работеле за германски потреби на присилна работа биле ангажирани 14.000 души.
Освен во месните претпријатија се вршела интернација на македонското население во Германија, во Италија и во Бугарија, и тоа по групи [работни дружини).
Во Германија и Италија биле упатени 19.000 луѓе, во Бугарија 25.000 и наведениве 14.000 биле ангажирани во македонските претпријатија, односно вкупно 58.000 души од Македонија биле во интернација.
Многу од таму никогаш не се вратиле.

Покрај интернацијата окупаторот вршел масовни иселувања на населението.
Започнале со иселувањето на Србите колонизирани 1918 година, а до декември 1941 година иселиле 26.451 Србин, со цел да се создаде чиста "бугарска етничка територија". Потоа ги иселувале семејствата на македонските комунисти и семејствата на оние регрути кои не се јавиле на повик да служат во бугарската окупаторска армија.
По различни основи бугарскиот окупатор само до март 1942 година од Македонија иселил 5.000 лица.
Покрај наведениве на народот особено тешко му паѓало преселувањето на цели села, од едно во друго.
Од имотот не можело да се носи ништо.
Такви преселувања најмногу имало во Кавадарската општина.
На тој начин без свои домови и огништа останале 34.000 луѓе.
Освен принудната работа, интернацијата и присилните иселувања, македонскиот народ особено тешко ги доживеал окупационите затвори и депортирањето во концентрационите логори.

Само низ скопскиот затвор "Идризово" во текот на окупацијата поминале 8.000 затвореници од кои 500 биле жени.
Поради својата непокорност македонското население било упатувано во разни фашистички концентрациони логори.
На почетокот во 1941 година ги упатувале во концентрациониот логор "Гонда вода" во Бугарија.
Таму биле депортирани околу 1.130 Македонци.
Во логорот "Св. Никола" ги депортирале жените.
Од 1.450 жени од Југославија, најголем број биле Македонки.
Целокупното безвластие и самоволие над македонскиот народ, согласно со фашистичката регулатива, го спроведувале и највисоките правни инстутиции, Касациониот суд во Софија и Воениот суд во Скопје.

Во Македонија бил формиран и Прек воен суд кој бил подвижен.
Воените судови во периодот од 1 јануари 1942 до 4 септември 1944 за различни престапи изрекле бројни пресуди:
Смртни 1590, извршени смртни пресуди 199, осудени на доживотен затвор 1.133, осудени на временски затвор 7.324.
Освен осудените, воените судови обвиниле 12.461 лице за кои се предвидувала смртна пресуда.

Според непотполните податоци на Македонската земска комисија за жртвите и страдалниците на воените злосторства на окупаторот, теророт и военото злосторство во Македонија ги имале следните последици:
убиени 5.476 души,
мачени и претепувани 8.280,
апсени и интернирани 50.414, [во таа бројка не се опфатени интернираните во месните рудници и претпријатија), вкупно 64.170 души.
Наведениве злосторства се направени врз цивилното население.

Во тие податоци не се внесени загинатите и ранетите борци над кои исто така се вршеле злосторства, па од тие причини податоците ги сметаме за непотполни.
Во извештајот на Државната комисија за утврдување на воените злосторства од страна на окупаторот и домашните издајници испратен до Владата на ФНРЈ во мај 1946 година само за бугарскиот окупатор се наведуваат 1.568 лица кои извршиле воени злосторства.
Од наведениве за 1.052 злосторници се истакнува дека се наоѓаат во Бугарија.
Од своја страна Македонската земска комисија доставила до Државната комисија на ФНРЈ одлуки за 635 домашни предавници, осудени како воени злосторници, а за кои, исто така, се претпоставува дека се во Бугарија.

Страдањата на Македонија под режимот на фашизмот, покрај наведениве жртви, го манифестираат плачкосувањата и економскиот пустош кој останал во земјата по ослободувањето.
Македонија во почетокот на 1941 година располагала со 87 разни рудници.
Од нив Германија извлекувала 155.000 тони годишно, а во исто време Бугарија во "старите" краеви произвела 53.000 тона што претставува приближно 1/3 од добиената руда од Македонија.
Според непотполно утврдените податоци, економските загуби на македонскиот народ за време на окупацијата изнесувале:

на бугарското окупационо подрачје:
а) во областа на националниот имот 235.385.649 долари,
во областа на националниот доход 231.300.547 долари.
Вкупно 466.686.196 долари по курс од 1945 година.

На италијанското окупациско подрачје загубите изнесувале:
а) во областа на националниот имот 3.023.341.859 динари;
б) во областа на националниот доход 6.631.637.870 динари.
Вкупно, 9.654.979.729 југословенски динари по курс од пред војната.

Најтешки и неповратни биле човечките жртви кои македонскиот народ ги вградил во победата над фашизмот, но и оние жртви кои го преживеале мачењето и ранувањето па како трајни инвалиди станале живи споменици на најголемото безумије во историјата на човештвото.

Вкупниот број на загинатите од Македонија во текот на Втората светска војна изнесува 33.000 жртви, вклучувајќи ги тука и преку 7.000 македонски Евреи кои бугарскиот окупатор во 1943 година ги депортирал во концентрациониот логор во Треблинка, Полска. Имајќи предвид дека македонскиот народ од сите делови на Македонија се вклучил во борбата против фашизмот, неговиот придонес во конечната победа против фашистичките сили е изразен преку следните жртви:
во вардарскиот дел загинале околу 33.000,
во егејскиот дел од Македонија загинале околу 2.730 и
во пиринскиот дел од Македонија имало околу 327 загинати.

На ова треба да се додадат и 5.000 загинати во Италијанско-грчката војна, 1940 година. Вкупно од сите делови на етничка Македонија, во борбата против фашизмот од 1940 до 1945 година загинале околу 41.057 лица.

Покрај тоа, од егејскиот дел на Македонија емигрирале околу 20.000 лица.

Македонскиот народ, покрај човечките жртви и економските загуби, и со својата толерантност придонел да се надминат сите трагедии што му ги направил окупаторот за после победата над фашизмот да започне со живот во слога и со меѓусебно признавање меѓу соседите и со соработка заради подобра иднина.
Поради таа цел, македонското највисоко раководство во име на македонскиот народ дало согласност Бугарската народна армија да влезе на територијата на Република Македонија и да учествува во завршните операции до победата над фашизмот.
Покрај тоа, на Бугарија и е простена репарацијата од 25 милиони долари која бугарскиот народ требало да и ја плати на Македонија за направените штети и воени злснсторства за време на окупацијата.

Имено, на Бледската спогодба помеѓу Тито и Георги Димитров на 1 август 1947 г, во точката 7 на Протоколот, Владата на ФНРЈ, во име на македонскиот народ, a co цел за пријателство со бугарскиот народ, се откажала од репарацијата.

Во својата долга и бурна историја исполнета со буни, востанија и војни, македонскиот народ, освен што водел самостојна борба подигнувајќи бројни востанија за ослсободување од разните окупатори, учествувал скоро во сите ослободителни борби што ги воделе соседните народи.
Се борел и во пошироки простори и тоа секогаш за правда и слобода но, ретко бил третиран за равноправен соборец.
Неговата храброст и борбеност често пати била искористувана за туѓи интереси.
Во текот на Втората светска војна во рамките на антифашистичката коалиција, Народноослободителното движење на македонскиот народ за прв пат бил третирано како равноправен сојузник.
Учествувајќи во антихитлеровската коалиција, македонскиот народ дал силен придонес во победата над фашизмот.

Човечките жртви од околу 33.000 лица и вонредно големите материјални штети го стават македонскиот народ во групата народи кои уште од почетокот на Војната јасно се определиле против фашистичкото ново уредување.
Притоа, тој се борел и за национално ослободување и за создавање на сопствена држава.
Слободата и државата што македонскиот народ ги стекнал по завршувањето на Војната и со одлуките и решенијата на Првото заседание на АСНОМ, претставуваат оживотворување на неговата повеќевековна борба.
Вложувањето на животи на најистакнатите дејци на македонскиот народ во темелите на слободата и сопствената држава трае со засилен континуитет од Разловечкото и Кресненското востание, преку илинденската епопеја, па Балканските и Првата светска војна, се до конечната победа над фашизмот во 1945 година.
 

demmian

Попиванов
Член од
9 јули 2008
Мислења
1.613
Поени од реакции
53
Февруарски поход



Скокни на: навигација, барај

Движење на партизанските единици за време на Февруарскиот поход


Во февруари 1944 година, со познатиот Февруарски поход, народноослободителната војска на Македонија извршила оперативни дејства, речиси на целата етничка територија на Македонија. По пролетната офанзива 1944 година биле создадени покрупни слободни територии и се создале можности за свикување на Првото заседание на АСНОМ.
Во втората половина на декември 1943 година и во јануари 1944 година во Мегленско, Егејска Македонија, јужно од Кожуф, се наоѓала главнината на македонската војска со македонското партиско и воено раководство. По формирањето на Втората македонска бригада на 20 декември 1943 година во тој реон, с. Фуштани, Главниот штаб на НОВ и ПОМ формирал три борбени групи од воените единици што биле таму и им дал задача да тргнат во напад на окупаторските сили во Тиквешко, Гевгелиско и во Мариовско.[1]
Борбените активности ги предизвикале германските и бугарските окупатори да преземат две офанзивни дејства против нашите сили во Мегленско, кое го користеле како своја оперативна база. Во Првата офанзива, што траела од 4 до 8 јануари 1944 година, учествувале само германските војници од Солун и Воден, а во Втората офанзива, покрај германски, учествувале и бугарски единици од 17 дивизија во Штип, и траеле од 16 до 20 јануари 1944 година.
По завршувањето на овие офанзиви во кои нашите сили биле победници, Главниот штаб оценил дека се создадени услови воените операции на македонските сили од Мегленско да се насочат кон централна, западна и источна Македонија. За таа цел, Главниот штаб го направил следниот план: Првата борбена група ја сочинувала Првата македонско-косовска бригада, која на 31 јануари 1944 година изутрина од с. Бахово требало да тргне преку Мариово, Азот и Порече кон западна Македонија, а Третата борбена група, наречена Тичова група, што ја сочинувале еден македонски баталјон и бугарскиот баталјон "Христо Ботев" со Главниот штаб требало да тргне истиот ден, во исто време, од с. Зборско преку Беласица, Плачковица и Осогово да дојде до Кумановско.
Втората борбена група, што ја сочинувала Втората македонска бригада, требало да тргне изутрината на 31 јануари 1944 година од с. Зборско во борбени акции во реонот на Тиквешко и Гевгелиско, со задача на себе да привлече што повеќе непријателска војска за да им го олесни пробивањето на Првата и на Втората борбена група.
Така започнале борбени операции од пошироки размери на Македонската партизанска војска познати како Февруарски поход. Успешното изведување на Февруарскиот поход имало големо политичко и воено значење за развитокот на НОВ во Македонија воопшто. Во текот на овој поход дошла до израз високата политичка свест на борците и на населението за постигнување на крајната цел – создавање национална држава.
 
Член од
26 јануари 2010
Мислења
149
Поени од реакции
7
Февруарски поход
Da napravim analiza.Vo fevruari 1944 zapocnal poznatiot fevruarski pohod:) Ne vervam da ima nekoj na forumo na kogoto da e poznat ovoj pohod a i cudno de bile borcite prednite 3 godini.Izgleza aktivnostite se izcerpvat so toa deka bilo svikano prvoto zasedanite na ASNOM.E i toa ne e malko.Citame dale i stava jasno deka 43 godina glavinata na makedonskata vojsa se naogala vo Meglensko:) a glavniot stab na NOB formiral celi tri novi borbeni grupi.Sum se trudila no nikako da procitam za nekoja konkretna bitka na velikite makedonski partizani so fasistickiot okupator :)
 
Член од
31 јули 2009
Мислења
117
Поени од реакции
10
Февруарскио поход не му е познат на никој а? You wish, коте! :helou:

Проблемот што македонските партизански единици покасно се развиват е поради предавникот бугароман Методи Шаторов Шарло, тој го саботира движењето и на крај дезертира. Македонија од јаничари си пати... :toe:

За тоа дека не си читала, не значи дека ѓи немало, битката кај село Мраморец, Дебарца, меѓу една партизанска бригада и преку 3000 Германци и балисти не си чула, битката кај Беличица меѓу Тетовскиот партизански одред и 300 души балисти пак не си чула, фактот дека германската армиска група Е , во Македонија изгуби 3000 души (мртви,ранети,заробени), сето тоа пак не си чула. Оти? Епа немало кој да ти кажи бе Роси, тва е. :smir:

Во егејска Македонија има бројни борби на македонските партизани (од вардарскиот дел) со грчки фашисти, германски и бугарски војски, после една таква борба каде помеѓу останатото паѓаат 120 мртви Германци, бугарските војници прават клање во селата Ноти и Љумница (Meгленско) заедно со грчките ПАОсовци, сето то колку знам се дешават за време Февруарскио поход, ама тва немало как да го знаеш оти нема кој да ти го каже там в Бугарско, а ако ти го кажит, ќе ојт затвор! :toe:

А и не велам не - многу нешта ги немат на интернет...тоа е само наша грешка!

поздравче :smir:
 

RTM

Член од
4 септември 2008
Мислења
844
Поени од реакции
214
Проблемот што македонските партизански единици покасно се развиват е поради предавникот бугароман Методи Шаторов Шарло, тој го саботира движењето и на крај дезертира. Македонија од јаничари си пати... :toe:
Што значи дезертира? За Шаторов ли се сбори навистина? Кое му е дезертирането?
 
Член од
31 јули 2009
Мислења
117
Поени од реакции
10
Што значи дезертира? За Шаторов ли се сбори навистина? Кое му е дезертирането?
Ај на англиски He went AWOL, јас кажав приближното значење.

Разбра ли ме сега баи РеТиМчо? :smir:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom