Фан Клуб: Тиквеш Кавадарци

Член од
22 февруари 2008
Мислења
220
Поени од реакции
9
УУУ ама народ имаше денеска. Добра игра покажаа, со ногу место за прогрес. 4 - 1 за почеток не е лошо:smir:
 
Член од
9 јануари 2009
Мислења
235
Поени од реакции
0
Imase mnogu narod a moze da ima poveke bidejki sred avgust site se na odmori vamu namu ponatamu ke ima uste poveke pozdrav
 
RedBlack

Grof
Член од
28 март 2008
Мислења
4.691
Поени од реакции
2.964
cestito pobeda dobar pocetok so ogled na toa deka cementara se teski drva UC kolku bevte neso sliki edno drugo??
 
Член од
9 јануари 2009
Мислења
235
Поени од реакции
0
Dobro moze li nekoj da mi kaze ili pak ako ima negde raspored na natprevari i TABELA nigde nemozam da najdam ????? Fala odnapred :)
 
Кавадарчанец

Бадр Хари фан
Член од
18 декември 2007
Мислења
4.156
Поени од реакции
28
Следно коло со Беласица во гости.
Одиме на победа и задржување на првото место :)

П.С Игор Трипунов има повреда на задната ложа и не тренира еве недела дена и не се знае дали ке биде во составот во недела против струмичките кенгури.
 
Член од
2 март 2008
Мислења
3.803
Поени од реакции
66
Нова победа на Тиквеш.Овој пат на гостувањето во струмица... Како во старите времиња... Беласица:Тиквеш 1:3
 
Кавадарчанец

Бадр Хари фан
Член од
18 декември 2007
Мислења
4.156
Поени од реакции
28
Нова победа на Тиквеш.Овој пат на гостувањето во струмица... Како во старите времиња... Беласица:Тиквеш 1:3
Срцето ми се напни каа го чув резултатот ако веруваш баце Тасо :)

П.С Стрелци. Филип Петковски 2 гола и Сашко Костадиновски - Пеко.
Според кажувањата на тие што присуствуваа на утакмица мен оф да меч бил голманот Андреј Ефремов кој имал маестрални интервенции во текот на целиот натпревар.
Следна утакмица во среда дома за куп со екипата на Дрита во 16 часот.
 
Near

Рандом лик од соседството
Член од
26 март 2009
Мислења
4.283
Поени од реакции
6.971
И повторно победа,во третиот првенствен натпревар 3 победа за Тиквеш. Сега падна екипата на Локомотива со 2-0. Тврд натпревар,Тиквеш ја имаше иницијативата но гостите многу умешно се затворија и се бранија. Имавме многу шанси,ама треба да се подобри малце реализацијата. Во последните 15 минути го скршивме отпорот,кога прво Пеко,а подоцна и Ването Гунев ги постигнаа головите. Во меѓувреме и Филип Петковски имаше шанса,но од самата гол линија еден играч на Локомотива ја извади топката. Имаше околу 3500-4000 гледачи,што секако е за пофалба.......................Бетер од македонски спорт сум :pos:
 
СО цифрата малку си преувеличил... Некаде околу 2000 најмногу 2300... Иначе Тиквеш се наметнува како еден од фаворитите иако не беше на почетокот спомнуван во тој круг

Филип Петковски е солиден играч.Јас незнам само дали е премногу мрзлив или пак е уфилман.Сепак доаѓа од Работнички не од Премиер лигата.Ако не почни да работи на себе чабе му е одредениот талент што го има и големите ургенции за него
 
Near

Рандом лик од соседството
Член од
26 март 2009
Мислења
4.283
Поени од реакции
6.971
СО цифрата малку си преувеличил... Некаде околу 2000 најмногу 2300... Иначе Тиквеш се наметнува како еден од фаворитите иако не беше на почетокот спомнуван во тој круг

Филип Петковски е солиден играч.Јас незнам само дали е премногу мрзлив или пак е уфилман.Сепак доаѓа од Работнички не од Премиер лигата.Ако не почни да работи на себе чабе му е одредениот талент што го има и големите ургенции за него
Седев на почетокот на трибината,и се гледаше дека цела е пна до крај. Исто така и на другата трибина имаше околу 100-150 луѓе :)
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.843
Поени од реакции
72.488
Ме изненадувате со резултативе. Ај нека ви е честито новата победа. Инаку тој Петковски од секогаш ми изгледал како арогантно копиле, и најверојатно и сега се покажува како таков...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom