Ветеринарно катче

  • Креатор на темата Креатор на темата Скулгрл
  • Време на започнување Време на започнување
Имам кучиња стари 2 недели.Мајка им нема довлно млеко па мора да ги храниме со кравјо млеко.Цуцаат од шише тоа не е проблем но незнам по колкава количина млеко треба да примаат и колку пати дневно.
 
Имам кучиња стари 2 недели.Мајка им нема довлно млеко па мора да ги храниме со кравјо млеко.Цуцаат од шише тоа не е проблем но незнам по колкава количина млеко треба да примаат и колку пати дневно.
На 3-4 саати ама немој кравјо млеко многу е посилно од мајчиното ке им предизвика проблеми, киселини, диареа. Пробај растварај го со вода или давај им млеко во прав :)
 
^ Да да раствори го со малкучка вода и ептен малку шеќер ама ептен за да бидит слично со мајчиното. И давај му неколку пати на ден.:smir:
 
Може ли некој да ми даде совет која е најдобрата воздраст да се земе куче да се чува? (Samoyed)
 
Може ли некој да ми даде совет која е најдобрата воздраст да се земе куче да се чува? (Samoyed)

Јас би рекла дека е касно 3 месеци.
Нашето на месец ипол го земавме.
Пребрзо расне, на 3 месеци ќе е големко веќе. Многу е слатко кога е многу малечко.
Eве го на месец ипол, а додека ова е на 3 месеци.
E сега првите денови ќе си имаш проблем ќе кенка, ќе ја бара мајка му, и откажи се од убаво спиење.
Но и да го земеш на 3 месеци пак ќе ти е тешко. Сепак го одвојуваш од неговите, го донесуваш во нова средина, со нови лица.
И знај многу е тежок почетокот.
Ама тежок е и воопшто животот со најтврдоглавото куче од сите раси, самојадот :)
Чешлање секој ден и шетање мнооооогу. Енергија има неверојатно многу. Знаеш влечач на санки е. Посебно во зима кога ќе те буди во 8 саат сабајле за да се игра на снег. :)
 
Уууу очигледна е разликата во врска со месециве...а за останатото на све сум спремен за чешлање и шетање мислам дека нема да имаме проблем пошто цел ден сум по улици па ќе го носам со мене :toe:Но сега во дилема сум дали да го земам како помалечо или на 3месеци...во дилема сум... сепак фала и на овој совет доста ми значи:smir:
 
Baram zenka pinch, imam sreden (srnest) pinch, zlaten, miren, 1god.i 3 meseci, pod itno mu treba devojka za ozbilno !!! Posto sega ideme na odmor, ve molam vrtete posle 5 septemvri na tel 078 223 740, sifra Godine nisu vazne
 
На кучево почнаа да му паѓаат влакна од лицето последнава недела.На местата без влакна кожата е чиста.Што може да биде?
 
На кучево почнаа да му паѓаат влакна од лицето последнава недела.На местата без влакна кожата е чиста.Што може да биде?
Одма на ветеринар!
 
На кучево почнаа да му паѓаат влакна од лицето последнава недела.На местата без влакна кожата е чиста.Што може да биде?

И на моето еднаш почнаа да му паѓаат, но на грбот. И тоа само во една точка и да на кожата немаше ништо освен нешто како првут. Мислам дека не е ништо сериозно. Му паднале - му паднале, пак ќе му израснат.

И да го однесеш на ветеринар и они нема ништо посебен третман да му дадат... Витаминче некое + минерал можда... А можда ќе му дадат и една маст за мачкање, се вика Флогоцид или Цинквитаминска маст. Они се мачкаат на местото ама според ова ти што го кажуваш, се може и без нив. Известувај ти тука на ден - два за состојбата.. Па ќе видиме... поз
 
Здраво
Имам пит-бул кутре и ми треба совети околу давањето на апчиња за глисти. Самото куче не сака да ги конзумира ги плука па дали може да му ги давам со храна. Кутрето има околу 45 дена и ми рекоа да му давам по 2 таблети 1 сабајле една навечер.
Значи дали може да му ги ставам во храна (во месо за да не може да ги примети) или да му ги ставам во уста.
Благодарам однапред.
 
Првпат слушам дека така се даваат таблетките. Колку дена ти рекоа така да му даваш?

Јас според килажата му давав...мислам половинка па после 7 дена другата половинка и така на 2-3 месеци
давај му со храна смее нормално :)

Не претерувај со апчињата ке му направиш проблеми
1 апче на 10 кила е
сега морето има 30 кила...значи по 3 одеднаш му давам, само првпат ми рекоа да му направам пауза од 7 дена:)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom