Ветеринарно катче

  • Креатор на темата Креатор на темата Скулгрл
  • Време на започнување Време на започнување
Море дете... остај го кучето на мира ебаго, да не сакаш да стои како споменик само.

И ако веќе тоа што го прави те нервира фати го за уста - зад забите (последните заби) и притисни во длабнатината со палецот и показалецот, и да неќе ќе зине а ти ќе можеш да видиш дали има заглавена храна во устата.
хахах, нека не го мачи кучето , а за отварање уста, не баш толку позади, oti gore ima deset dole 11 zaba
http://www.dog-health-guide.org/images/dogteethdiagram.jpg
 
Кучево некако несака да јаде.Незнам дали прибира јадење ама прво несакаше да јаде ориз со месо у него,уствари го изеде само месото ама немаше многу месо.Видов дека не го јаде и му стаив џигер со леб и само пола го изеде.Кучешка храна јаде ама само ако му давам од рака.Што е со кучето дали прибира или нешто не му е добро?
 
Слабо даваш информации за однесувањето на кучето општо. И на DuFFy кучето јадеше само од рака кога му даваш, ама после почна најнормално да си јаде од неговата здела.
Друга работа, џигерите може да предизвикаат хипервитаминоза на винаминот А, а тоа е штетко за коските и мускулите. Така да, не претерувај со џигерите. :)

Има некои други симптоми или само не јаде?
 
Убаво си му ја поставила дијагнозата за џигерите само... Демијан не спомнал возраст... дали кучето му е ново... болно и сл :). Туку сигурен ли си дека пред да му дадеш да јаде и само не начекало доста храна?
 
Пит бул стар 5 месеци.Сигурен сум дека не начекала храна пошто е дома.Џигер малце сеа и дадов колку да видам дали прибира.Здраво е нема никакви проблеми,трча си игра се е најнормално освен јадењето.Еве ако и давам кучешка ќе јаде многу ама само од рака ако е.А кучето го земав пред околу 2-3 недели значи ново ми е.
 
Болно ти е кучето... од инат. Не се секирај, ќе се привикне и ќе си јаде нормално. Нека му стои во тањирот храната, не му давај од рака. Не е будало, па да седи гладно. :)
 
Кучево е старо 14 години. Дали кај куче може да има склероза, мислам да заборава дека јадело пред 1 минута, дека било изнесено исто така пет пати надвор пред тоа?
 
Luge pomagajte kucevo mi povraka a inace ne mi e vakcinirano a e rodeno na 7-mi mart ......Molam za POMOS!
 
Нема склероза кај кучињата, можда зашто е многу старо е последица тоа.

Luge pomagajte kucevo mi povraka a inace ne mi e vakcinirano a e rodeno na 7-mi mart ......Molam za POMOS!

Кучето твое треба да е уште со мајката.
Може има некое цревно заболување. Со што го храниш?
 
Luge pomagajte kucevo mi povraka a inace ne mi e vakcinirano a e rodeno na 7-mi mart ......Molam za POMOS!

Може ништо да не е, може да се прејало пошто кученцата се многу лакоми.
Може да се глисти во прашање
А може и Малецкото што вика цревни заболувања.
Изметот да му го видиш да не има пролив или глисти или крв или...

Ај и мене ми дојде редот да прашам. Кучево мое фати крлеж. По два саати откако го приметив крлежот, ова му се пикна под кожа. Утре одам на вет, треба ли да очекувам да го сечат, или како идат тие работи
 
И со моето го имав истиов проблем минатата недела, не успеав да го извлечам и се набута под кожа.
Го однесов на ветеринар и му даде анестезик и му го извлече крлежот откако го намачка првин со некаква маст при што се олабави и го фати со пинцета.

Треба мн. да се пази, бидејќи е опасно доколку остане делче од крлежот во кожата.
Купи му огрлица против буви и крлежи бидејќи обично на пролет има наезда од вакви гадинки.

П.С. Што се однесува до повраќањето, треба да се обрне внимание на водата за пиење, почесто да се менува со свежа водичка.
 
Имам женка хаска стара година ипол и во последно време нејке ништо да јаде ни кучешка храна, ни пак чисто месо. И се што ке и дадам го зима и пробува да го скрие негде. Ја однесов на ветеринар ми викаат дека најверојатно е прејадена и затоа не јаде, и дадов апце против глисти и нисто, еве веќе недела дена нема нисто јадено.
 
Огрлиците слабо помагаат и сеедно дали ќе му ја ставиш, пак ќе се закачи по некој крлеж.
Купи му ампули против крлежи. Не им го знам името, ама имаат многу јак мирис на лимон ( по малку сладуњав ). На моето му ставивме такви и одма почнаа да бегаат од него крлежите. Ама никако немој да го чуваш дома откако ќе му ја ставиш ампулата, зашто после крлежот може да се закачи на тепих, облека и сл. и да не говидите, па некој од вас да си има проблеми после.

Имам женка хаска стара година ипол и во последно време нејке ништо да јаде ни кучешка храна, ни пак чисто месо. И се што ке и дадам го зима и пробува да го скрие негде. Ја однесов на ветеринар ми викаат дека најверојатно е прејадена и затоа не јаде, и дадов апце против глисти и нисто, еве веќе недела дена нема нисто јадено.

Како тоа нема јадено недела дена? После толку време без храна никој не може да издржи. :S
Однеси ја кај друг ветеринар. Како може да ти кажат дека е прејадена, а ништо да не јадела? Од што се прејала? :/

Инаку, депресија, повраќање или одбивање на храна се чести симптоми кај кучките кои што се пред менструален циклус.
Ти знаеш кога и` е циклусот на твојата?
 
И со моето го имав истиов проблем минатата недела, не успеав да го извлечам и се набута под кожа.
Го однесов на ветеринар и му даде анестезик и му го извлече крлежот откако го намачка првин со некаква маст при што се олабави и го фати со пинцета.

Треба мн. да се пази, бидејќи е опасно доколку остане делче од крлежот во кожата.
Купи му огрлица против буви и крлежи бидејќи обично на пролет има наезда од вакви гадинки.

П.С. Што се однесува до повраќањето, треба да се обрне внимание на водата за пиење, почесто да се менува со свежа водичка.

На моево му имам frontline ставено, и тоа ветеринарот му ставаше. Ај денес ќе видиме што како ќе е. Само моево секогаш кога оди на вет после 1 недела под трауми е само да го допреш цивка, многу коркач куче имам:helou:
 
Епа се плашат од боцкање, па и ние ко мали нејќевме на доктори :)

И јас со моето се “борам“ кога треба да го симнам кај ветеринарот по скали, па морам на раце да го земам.
Ама си направив тактика и секогаш земам некоја грицка со мене па му давам кога ќе влеземе внатре за да се смири.

Што раса ти е кучето?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom