прво мала смеа за то поштовањето
има и турци кои шо никоаш не слушнале за македонија и не не онадат 2 %, меѓутоа има и такви кои имаат некакво чудно страхо-почитување...
пред некој ден чекав еден пријател (турчин, и то асли турчин, од стара бејовска фамилија
) , и одма до местото кај шо требаше да се најдиме праеја скара десетина турци...
пошо им стоев „такоречи на софра“, онака, грицкаќи некој копан, пријде еден тип и прашва „was machste hier" („шо прајш тука“, турчин ко турчин, ни 5 ни 6 туку одма директно :р)
му кажав дека чекам еден пријател, и одма од ракав второ прашање: „од кај си“ (на германски и понатаму зборавме цело време, ќе пишам претежно на македонски понатаму разговорот)
- од Македонија (користев зборот „Mazedonien")
- Албанец?
- Не
- Грк?
- НЕЕ, Македон! ( малку нагласено и она Не и она Македон :р)
- аааааааа, Македон, Румели, Искендер?
- е то, тамам
- BRUDER (брат), да не си гладен, сакаш скара?
- kardas (брат, на турски), не фала, јадев пред малку
па се сврте, ојде до скарата да си земи нешо за грицкање, успат нормално дека на турски им избрбља на нив муабето, и едно време слушам едниот:
- раќи и пајдушка многу добро (баш така, на лош македонски го рече)
слушам другиот, на германски:
- знајш турски?
- јок! , му реков и се смеевме ко шути сите
сите беа од турција, и исто ко друштвото на двата мои другари турци, се гледа дека од различни делови на светот им се корењата, ама сите се турци, така стигнало.
Insomniac напиша:
Па повеќе ги поштувам аријците :baeh:.
Белата раса
а на сликите шо ти ги дадов шо гледаш, црнци?
знаеш дека името „аryan“ иди од Иран, т.е. бившата Персија?
знаеш од каде, како и кога дошле Турко-Монглите, односно нивните племиња? кои синови и ќерки се женеле и мажеле со ќерки и синови на Персиски, Арапски, Македонски и „грчки“ големци?
знаеш шо станало со населението во освоените територии?
знаеш колку фамилии (турците запишувале долго време фамилии, а не број на лица) прави турко-монголи се населени во Анадолија, Анталија, Афион, Источна и Западна Тракија, Македонија (сите делови), Мизија, Албанија, Косово и Метохија, Санџак, Босна и Херцеговина?
знаеш во последните 150 години на постоењето на Турската Империја, колку фамилии балкански „турци“ (муслимани од сите народи) се преселени во Турција?
знаеш колку ХРИСТИЈАНСКИ фамилии (пак од сите народи на балканот) , по разно разни буни, востанија, и разни пиздарии, се заради казна - прогон (сурѓун) преселени во Измир, Дијар Бекир и по најдалечните краеви на Империјата?
а колку доброволно, од разно-разни причини?
знаеш зошто скоро сите наши војводи учеле по Турските средни училишта , академии и високо-образовни институции?
знаеш дека наши луѓе, македонски, албански и влашки поединци, стигнале до ВИСОКИ функции во империјата?
)
можам уште десетици и стотици слични прашања да ти поставам, и на повеќето немаш и никогаш нема да имаш одговор со таков ум ко шо си сега
Има еден добар српски филм, мислам дека се вика Нож, со кој е опишана историјата на целиот балкан, кога Илија стана Алија, итн...
Колку што мене ми е познато, и од страна на татко ми и од страна на мајка ми нема ни турчени, ни побугарени, погрчени или србени, се ќутуци македонски, ајдуци, војводи, даскали, офчари и чорбаџии.
Ама и да сменал верата некој мој предок, и да се преселил во Стамбол или Мека или шо знам јас каде... крвта е крв!!!
то ти е исто ко да речиш дека ние шо моментално не живејме во Македонија не сме Македонци, само зато шо не живејме таму.
глупости
Мајка Македонија има многу деца, а денешната Турска Нација има МНОГУ Македонско во неа. Исто ко што ние сме примиле дел од нивната (турко-монголската) култура
Ти или си слеп за бројки и логика, или си неинформиран, или некој дел ти е расипан.
Турските пописи од крајот на 19 и почеток на 20 век нека ти бидат тема за размислување.
на територијата на Пиринска и Вардарска Македонија се спомнуваат околу 420 000 ТУРЦИ (турците попишувале по религија, муслиманите ко турци, тие под бугарска црква ко бугари, тие по грчка ко грци, евреите ко евреи
)
значи, 1904 / 1906 во Пиринска и Вардарска Македонија живееле најмалку 420 000 Турци (муслимани, прави турци и исламзирани македонци и други)
од Егејска Македонија „Грците“ избркаја повеќе од 500 000 муслимани, турци, македонци, албанци (од денешна албанија), чемеријци, арванити (чим грците признаваат 500 000, замисли ја правата бројка...)
да не ме сватиш погрешно, зборам само за муслиманите кои беа протерани во Турција, тие шо бегаа во Бугарија, други држави и кај нас се друг муабет...
понатаму, една работа која кај нас е табу тема, присилното иселување на „турците“ од Младата Држава Народна Република Македонија, во режија на саканиот ни друг Тито
шо мислиш, шо стана со тие 420 000 турци од 1904та?
следеќи ја традицијата на 10 деца, сега треба да се 10 - 15 милјони? кај се?
сега се една рака народ турците и торбешите (кои се попишувани како турци) кај нас, шо мислиш, кај се останатите? голем дел „доброволно“ исселени во Турција. по крајот на втората светска, кога тито имаше јурисдикција и на дел на пиринска и дел на егејска
значи, пиле мое, од тие БАЕЃИ преку милион муслимани кои биле протерани од сите ни драги Македонии, односно од цела Македонија, еден добар дел биле Илии кои станале Алии. Наши браќа. Пу јазк за оние кои шо за злато ја сменале верата, ама нека се живи и здрави оние кои од други причини преминале во ислам, односно нивните внуци и правнуци
То се Муслимани МАКЕДОНЦИ по потекло, кои што по игра на случајот станале Турци.
Сега, уше тро маКематика
Тие горните бројки се за периодот почеток 20 век па до крајот на втората светска...
А претходните 500 години? колку се измешале?
Еве ти за крај еден смешен пример
Раќи и Мезе се „типично турски“ работи, дел од нивната култура...
така се верва кај нив, така се учи на запад...
ама турко/монголите беа номади, немаја време за одгледување на лозја и праење вино и ракија, и да гледат бавчите и овошните градини та да можат во нивната култура да имат такви елементи
старите турци вршеле на неколку пати упади во Кина, биле во постојан конфликт со Кинезите и мигрирале постојано, живееќи во традиција на одгледување воини кои ќе продолжат да војуваат со кинезите (кои им дигнале тро земја на монголиве и населиле мали жолти кинезчиња
)
повремено вршеле упади на други територии со кои граничеле, и во зависност од дипломатските способности на локалните владари, или војувале за некои од нив, за што биле богато наградени, или едноставно вршеле големи пљачки на истите.
познато е дека и бугарските турко-монголски племиња некогаш војувале против, некогаш на страната на Византијските и други владари.
по создавањето на Турската Империја, наеднаш им текнало на турциве ок, од сега ке имаме за народен пијалак раки(ја), ќе јадиме мезе , седиме, пушиме ко турци, пејме песни за румели - македон(истан), искендер, ке бараме да ни засвират гајда и пајдушка, а жените ќе ни везат и ткаат рубата , килимите, чергите, бајраците со македонски, тракијски, влашки, албански мотиви...
се мешале народите, колку и да ти смета тоа, и убаво е шо се мешале, еден ден ќе сме толку измешани, шо можеби ќе престаниме да се мразиме
или, сакаш да кажиш дека јаничарите немале мадиња?
:pos2:
него дај нека каже некој ао знае повеќе за тие шо барат пасош, кои се, од каде се, колку се, оти не им се дава и слично
поздрав до Мирјана и нашите кардаши во Тürkie