Не ми е јасно,идеме од економска гледна точка за да ги изнесам моите нелогичности :
1.Вие му плаќате на Европски за да го браните.2000 евра годишно,6000 евра за да дипломираш.На економски,200 евра годишно,800 евра за диплома (сега одма ќе почнете да дискутирате за факторот корупција).
Нето разлика од 5200 евра.Просечна плата во Мк 200 евра,а башка за intern во првите две-три години,автоматски треба прво опортунитетниот трошок да го намалите и доведете на нула.
2.Цело време правите course correcting.Прво изјавувате дека 90% добивале работа.После коригирате дека тие со 6ка,7мица просек,не добивале.Математички,90% на Европски,се со 8+ просек.Надополнето со фактот дека 80% од тие кои не можат да се запишат,или пак да успеат на државен,се префрлуваат на приватен,резултатот е дека 60% од тие кои не можат да успеат на Државен,имаат 8+ оценки на приватен
3.Теоретско знаење.Два живи примера.Батерфлај за малку ќе квадрирала на Економски,а тука си нема проблем.
Смерт има 10ка Основи на Економија,не бил свесен дека книгата всушност има Макро и Микро дел.
Сите други набројани примери се ирелевантни,бидејќи ги има мал милион.
Јас сфаќам дека си го браните изборот,но ова веќе ве оквалификува како маркетинг на Европски.
И ќе ми биде логично да го рекламирате како подобро образование,пофини професори...
Но да ја давате апсурдната изјава дека вас ви е потешко,и вие повеќе учите од нас,тука веќе се гледа дека не сте објективни.
Манс,сам се издаде.
Акаша пиша дека за два саати се спрема колоквиум,ти викаш тоа гарант за 6ка.
Мислам дека,со оневозможената опција за Измени,на оваа точка бар тука може крај да и ставиме,и да ја отфрлиме апсурдноста дека вас всушност ви е потешко отколку на државен :wink: