НАТО самит во Букурешт: СИТЕ ДИСКУСИИ ЗА САМИТОТ - ТУКА!

  • Креатор на темата Borg_Drone
  • Време на започнување

Станоја

The Patriot
Член од
31 јануари 2008
Мислења
1.322
Поени од реакции
29
Американскиот претседател Џорџ Буш и вети на Македонија наскоро присоединување кон НАТО


Букурешт, 3 април (МИА) - Американскиот претседател Џорџ Буш на средбата на врвот на НАТО во Букурешт и вети на Македонија наскоро влегување во Алијансата.
Тој изрази жалење што не бил постигнат консензус по прашањето околу членството на Македонија и додаде дека спорот со Грција за името треба да биде брзо решен.
- Ние и ветуваме на Македонија дека што е можно поскоро ќе влезе во Алијансата. Тие остварија многу реформи и непрекинато ги помагаат странските мисии во НАТО, рече американскиот претседател.
- Хрватска, Македонија и Албанија добро ја знаат разликата меѓу доброто и злото, бидејќи имаа можност да го запознаат лицето на злото. Ги повикуваме да продолжат со реформите што ќе придонесат за стабилноста на балканскиот регион, додаде Буш, честитајќи им на Албанија и на Хрватска.
- Вратите на НАТО треба да бидат отворени за други држави во Европа, кои се подготвени на жртви во име на слободата и мирот, додаде американскиот претседател.
Според неговите зборови, треба да биде јасно дека проширувањето на НАТО ќе продолжи.
Лидерите на НАТО денеска решија да не и упатат на Македонија покана за присоединување заради нерешениот спор со Грција за името. Македонија ќе треба да се задоволи со перспективата за идна интеграција во НАТО, по решавањето на спорот со Грција. аб/14:20


###​

http://www.mia.com.mk/portal/page?_pageid=113,128365&_dad=portal&_schema=PORTAL
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.176
Поени од реакции
4.133
Заеби Џорџ Буш.Се виде неговата сила...
 
Член од
23 февруари 2008
Мислења
869
Поени од реакции
477
- Многу сум разочаран. Дефинитивно крајно непријателски однос од Грција кон нас. Главната болка им е дека постоиме... Без оглед на се нема да успеат во тоа што го сакаат - реагира пеачот Ѓорѓи Крстевски

- Сега треба комплетно да ги смениме односите со Грција, да се однесуваме витешки и бескомпромисно за зачувување на националниот идентитет, кој е загрозен од држава која има проблем самата со себе - реагира Паско Кузман
 
F

fantomX

Гостин
Грција ги одбива сите предлози од Нимиц, коишто според мое мислење се буквално порачани од нив, и после те блокира за влез во НАТО. Сега имаш „одложена покана“ која би се реализирала при наоѓање на заедно прифатливо решение. Дали Грција воопшто би сакала да ја види земјава во НАТО и ЕУ, па и под сменето име?
 

La Española

Лекот е отров!
Член од
1 февруари 2007
Мислења
1.808
Поени од реакции
556
Ајде па и вие што сте напнале... Се знаеше од порано што ќе се случи во Букурешт, само чудо ќе го сменеше тоа што се очекуваше, ама нас со чуда некако слабо ни оди така да...

И што можеше да се направи бе кога цела Европа (што се виде и на самитов) им лиже г** на овие грчиштава??? Ај што да направеа делгативе наши- името не го дадоа (не попуштија фала богу, тоа најмногу ме плашеше и за тоа најмногу се молев), јавно кажаа зошто всушност ни е оспорен влезот во НАТО, и ја „пофалија“ НАТО како организација, како таа „запазува“ и „цени“ напор на земијите што се труделе за прием, ама зошто на некој грк таму име не му се свиѓало па ај ќе ги погазиме сите правила и не ве примаме... :tapp: Башка ете и ќе го напуштат самитот :cuc:
Можеа и ништо од ова да не направат па направија, нека се цени и тоа мајку му малце, колку толку...

Иначе општо за се... До кога бе до кога??? Кај е таа БОЖЈА ПРАВДИНА веќе... Нека се појави...
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Се гледаат двојните стандарди.
Кога НАТО ја бомбардираше Србија, имаше вето од две/три земји, па пак ја бомбардираа.
Факт е дека ако сакаа да влеземе, ќе влезевме.
 

Станоја

The Patriot
Член од
31 јануари 2008
Мислења
1.322
Поени од реакции
29
Гледајте ги на А1 прес конференциите мамата нивна грчка.
 
Член од
23 февруари 2008
Мислења
869
Поени од реакции
477
- Многу сум разочаран. Дефинитивно крајно непријателски однос од Грција кон нас. Главната болка им е дека постоиме... Без оглед на се нема да успеат во тоа што го сакаат - реагира пеачот Ѓорѓи Крстевски

- Сега треба комплетно да ги смениме односите со Грција, да се однесуваме витешки и бескомпромисно за зачувување на националниот идентитет, кој е загрозен од држава која има проблем самата со себе - реагира Паско Кузман

- За десеттина минути се очекува изјавата на претеседателот Црвенковски по средбата со американскиот претседател Џорџ Буш

- Никола Димитров: Во наредните неколку дена ќе се разгледува новата ситуација и ќе се донесе одлука дали и под кои услови ќе ги продолжиме преговорите во рамките на ОН со медијаторство на Нимиц

- Блокирањето на поканата за Република Македонија во НАТО е прекршување на Привремената спогодба, и ние ќе процениме какви ќе бидат нашите чекори во понатамошниот процес на преговори под покровителство на ОН, изјави Милошоски

- Ставот на една земја да ја спречи поканата на Република Македонија да стане членка на сојузот, го сметаме за пораз на принципите на НАТО. Но тој пораз се случи на зелената маса каде што е поразена политика на отворени врати што ја декларираше алијансата - истакна денеска Антонио Милошоски

- Ние и ветуваме на Македонија дека што е можно побрзо ќе влезе во Алијансата. Тие остварија многу реформи и непрекинато ги помагаат странските мисии во НАТО - истакна Претседателот на САД Џорџ Буш

- Милошоски: Разочарани сме од недостигот на визија за односите во регионот. Пропуштена е шанса Македонија да стане фактор на стабилност на Балканот

- Република Македонија изразува огромна благодарност до САД и до претседателот Буш. Тоа е долгорочен капитал за Република Македонија во односите со Америка - истакна Милошоски

- Милошоски: Македонската делегација го напушта Самитот во Букурешт. Сметаме дека во овој момент државното раководство треба да биде со народот во Македонија кој со 99 отсто ја даваше подршката за членството на земјата во НАТО
 
Член од
17 јуни 2007
Мислења
37
Поени од реакции
1
Ова е доказ колку пријатели имаме ние Македонците во светов. Сите само си играат со нас, како и секогаш до сега. Како бе само во 17 години овие нашиве идиоти од политичари не успеаа да стекнат барем еден единствен вистински сојузник. Најверојатно тоа се должи на фактот дека Македонија ја воделе тотално неспособни и неодговорни луѓе. Па, уште гледам сега некои ќе го пречекувале Бранко со цвеќе на аеродром, е па ве жалам. Со куршум в чело треба да се пречека тој гомнар. Сето ова време тој е еден од клучните луѓе во Македонија и 100% е одговорен за ова што ни се случува. Знаете сега кога ќе влезиме во ебаното НАТО? Само тогаш кога ќе прифатиме име какво што јужниве педери ќе ни наметнат. Ама кој ги ебе и НАТО и ЕУ, очигледно дека сите се против Македонија и сакаат да не нема. Е па се заебале во сметките, а доволен доказ за тоа им е дека и покрај се што ни имаат направено, ние сме тука и се уште ќе бидиме кога и ЕУ и НАТО ќе бидат далечно минато. Само едно сакам да им порачам на нашиве политичари, да престанат да си играат со нас и конечно да почнат да работат на изградба во сите сфери на силна и стабилна Македонија, а не да ги гледаат само личните интереси, што и не доведе до ова. Веќе е крајкно време, ако не е и предоцна.
ЗАСЕКОГАШ МАКЕДОНЦИ, ЗАСЕКОГАШ МАКЕДОНИЈА
 
Член од
2 јуни 2007
Мислења
5.704
Поени од реакции
3.266
Не само нас, ги нејќат и Украина и Грузија. Сега Русија да направи воен пакт, нешто слично со Варшавскиот Пакт, па да си влеземе таму, заедно со Русија, Белорусија, Украина, Грузија, Србија и земјите од централна Азија, па да видеме шо е НАТО :)
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Не само нас, ги нејќат и Украина и Грузија. Сега Русија да направи воен пакт, нешто слично со Варшавскиот Пакт, па да си влеземе таму, заедно со Русија, Белорусија, Украина, Грузија, Србија и земјите од централна Азија, па да видеме шо е НАТО :)
А бе какви сојузи, какви бакрачи... ништо не помага.
 
Член од
25 октомври 2007
Мислења
1.141
Поени од реакции
10
ха . Грција:
Кое име е прифатливо за вас ?
„Ние не сме тие кои и доделуваме име на БЈРМ “

Дали ќе продолжите со преговори со Нимиц ?
„ Ние му ги понудивме возможните решенија кои се прифатливи за Грција “



Навистина приказна сама по себе :
„Ние не и го оспоривме членството на БЈРМ , така одлучи алијансата “





ДОСТА БЕШЕ ЛАЖНА ДЕМОКРАТИЈА

МАКЕДОНИЈО БИДИ МИ ЖИВА И ЗДРАВА
ВЕЧНО НЕКА ТИ Е ИМЕТО !
 

Kajgana Shop

На врв Bottom