Значи имаме, варијанта 1:
Нуклеарки на Земјата, кои функционираат на начин како што функционираат.
И имаме варијанта 2:
Нуклеарки на Месечнината, кои...
- Само теоретски може да се изведат, во умот на некое налудничаво дете од Македонија;
- Дури и да се изведе сето тоа, би чинело барем 6859 пати поскапо од нуклеарките на Земјата поради:
1) децении изработување и истражување на планот;
2) трошење на уште неколку милијарди за транспортирање на целата (пази - нуклеарна!) опрема на Месечината;
3) години на имплементирање на целата таа опрема (машини, луѓе, ресурси... знаеш, нема енергија на месечината која може да се искористи за да проработиш некоја комплексна машина - како ќе ја изградат нуклеарката?);
4) кој ќе ја одржува? роботи? луѓе? првото е невозможно - без барем уште неколку децении развој и милијарди влог, а второто е исто така невозможно поради причините кои ги наведе Dzish;
5) снопови од ласери кои ќе ја транспортираат енергијата до „базни станици“? како де? дури и да се направи таков „ласер“, дури и да биде доволно моќен за да стигне до земјата - НЕВОЗМОЖНО е да биде цело време насочен кон една или 100 базни станици.
Дали знаеш колку километри значи еден милимилимилимилимилиметар на ласерот во лево или десно? Знаеш со која брзина орбитира Месечината? Од која планета доаѓаш? Го познаваш нашиот соларен систем? И поентата на крајот би била:
ДУРИ и да може да се реализираат сите замисли на твојата најбујна фантазија - нуклеарките на Земјата се поисплатливи и побезбедни. И тука доаѓа прашањето: Зошто некој би сакал да помисли на изградба на нуклеарка на Месечината која е 6859 поскапа и која нема да може да ја пренесе енергијата на Земјата? Зошто некој воопшто би размислувал за план кој дете од 15 години со мала активација на сиви мозочни келии може да заклучи дека нема да функционира?
Да, имаме варијанта еден:
Нуклеарна централа на земјата, со ризик да се случи хаварија ( иако тој можеби е мал и прифатлив...и во чернобил ризикот бил прифатлив, нели? ) и многу натрупан нуклеарен отпад, од кој научниците ги боли глава, и трошат билионски суми за негово складирање....
Еколозите деноноќно се на нозе против тие „нуклеарки“, и прават се што е во нивна можност да ги затворат старите, и да спречат отворање на нови...( мислам дека нема потреба да продолжувам, затоа што можам да пишувам до „утре сабајле“... )
и имаме варијанта два,
нуклеарен реактор/реактори на друго небесно тело, на пример месечината, од кој нема никаков ризик за контаминирање/закадување на животната средина на човекот.
Оваа варијанта не
е само теоретски возможна, туку и возможна во пракса.
Да напоменам,
во овој момент, надвор од нашата планета постојат голем број на нуклеарни реактори изградени од човекот, од кој голем дел без никакви проблеми функционираат околу орбитите на други планети, или на површината од таа планета ( пример: марс )..
Што значи дека твојата теорија „не држи вода“,т.е. нуклеарка ( нуклеарен реактор ) на месечината ( и друго небесно тело, освен земјата ) може да постои, и постои.
Кога на цената на нуклеарната централа на земјава, би го додал сите трошоци, вклучувајчиги трошоците за складирање на нуклеарниот одпад во наредните неколку илјади години, ќе добиеш цена која ќе биде многу пати помала од цената за реализирање на мојава идеја, за која пишував во оваа тема.
1.) Децении работа и истражување се трошат речиси на секој сериозен проект, па зошто не би се трошеле и за овој?
2.) Како што кажав, опремата немора да потекнува од земјата, што ја намалува севкупната цена на реакторот.
3.) Напротив, постојат многу можни извори на енергија на месечината, од кои би се „напојувала“ таа огромна машина.Да, веројатно така може да се изгради нуклеарка.
4,) Мислам дека роботиката е доволно развиена, а за да се прилагодат/изработат роботи кои ќе одржуваат нуклеарен реактор на друга планета, би било потребно најмногу 10 години ( деценија ), што во никој случај не е невозможно.
5,) Светлински снопови де.
Колку моќен треба да биде еден ласер за да може да испрати светлина од земјата до месечината, или обратно?
Без никакви пречки можно е да се осветли површината на меселината со квалитетен ласер со моќност од само неколку вати.
Да, малку посложено ( НЕ НЕВОЗМОЖНО!!! ) сноповите светлина да се испратат до една од многуте базни станици на земјата.
Но, со исработка на добар софтвер, и координација на ласерот/ласерите на месечината со сателитите во орбитата околу земјата и месечината и базните станици на земјата, овој транспорт на светлинска енергија од земјата до месечината би бил лесен и возможен.
Да, јасно ми е колку километри на земјата може да значи аглово отстапување на ласерот на месечината, од еден пико степен.
Но, не би морало да значи дека ќе дојде до тоа.
+ зошто на земјата не би се изградила собирна станица со голема површина?
Поради високата цена???
....
Да одговорам на „најважните“ прашања:
( сега прашањата станаа вакви: )
Зошто некој би помислил за изградба на поекономична нуклеарна централа на месечината, која енергијата може без проблеми да ја пренесе на земјата?
( мислам дека нема потреба од одговор на ова прашање ).
Незнам од каде ти е ова дека доколку се реализира овој проект, без никакви грешки, не би функционирал.
Напротив, би имал голема фукнционалност...
аха, да,
па мора некој да размисли до каде ќе се оди со „правење“ на нуклеарен отпад...мора некој да размисли како ќе се задоволат зголемените побарувања на енергија во светот...мора на некому да му текнат нови решенија на старите проблеми....
Мислам дека веќе постои ласер кој достига до месечината (така е мерено и растојание меѓу Земјата и Месечината), ама ова за реактори на месечината е ептен sci fi и ако би било возможно сигурно нема да биде во наредниве неколку стотици години. Мислам дека побрзо ќе ја совладаат фузијата отколку што ќе се оствари некој ваков премногу комплициран, безбедносно и финансиски неисплатлив план.
Да, и јас мислев така ( дека постои таков ласер ).
Хмм...за тебе и испраќање на луѓе на марс е ептен научна фантастика, така?
Последното е само твое мислење.