Реинкарнација

Верувате ли во реинкарнација?

  • Да

    Гласови: 274 58,4%
  • Не

    Гласови: 128 27,3%
  • Не сум размислувал/а ...

    Гласови: 67 14,3%

  • Вкупно гласачи
    469

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Верувате во реинкарнација или повторно раѓање? Во последно време во светот (така барем прочитав) се почеста била појавата кога мали дечиња, за својата возраст знаат многу повеќе од што би можеле да научат за нивните години, најчесто јазици, па тоа им се зема за знаење од претходниот живот ... Тоа верување најмногу го има во Индија, а треба ли да веруваме и ние? Интересен муабет ... а кој знае како е :?
А во врска со религииве, освен будизмот некоја друга ја признава реинкарнацијата? Тоа баш не го знам, ама знам дека некој од вас знае :) :P
 

vmx

Член од
25 април 2005
Мислења
5.633
Поени од реакции
201
Ја изглеа во предходниот живот сум бил куче... зашо сега од ниедно куче неам страв т.е. поминам покрај куче тоа седнува и не лае, да му се приближам ништо нема да ми напраи... ме познаваат... :lol: :lol:

А може ова со кучињава ми е од тоа што као мал негде прво одделение коа бев и низ маало со другари идеме као копиљаци со стапови ова она... и имаше едно куче и ја стојам пред него со стапот у рака и земање кучево ме гледа 10 секунди и кога ме угриза за рака (дланка) и крв тече ова она ај у амбуланта на преврски ваму таму... и од тогаш кучињава како да ме знаат ништо не ми праат... (изглеа од кога ме укаса кучево ме познаваат кучињава... ова исто као кога ќе те угризе врколак стануваш врколак... ја у душа куче сум станал :lol:) баш еве пример: се вракам од град јас ноќно време кај 2 саат и имаше пред мене како што одев имаше еден човек и по него затрчано куче да му лае ова она и онака јас поминав и кучево се смири седна и престана да лае... а чоеков преплашен, а може и да е до тоа што ја како што не се плашам од кучињава, кучето осеќа (6-то сетило) дека не се плашам па ништо нема да ми напраи, а ако чуствува дека се плашам ќе мисли ќе зеам нешто во мене за да го акнам итн...
И баш кога бев за 1-ви и 2-ри мај на излет на Ск. Црна Гора на 2 дена на кампување и ова другарчето го зема и неговото куче со нас (да не чува, инаку кучето шарпланинец) и кучево со мене одма другарче стана... и другаров баш се чудеше ми вика „абе чудно ова бе кучево мое одма прв пат само што те виде некако те упозна, со други не праи така туку му треба време за да го упознае“...

Може куче сум бил... :lol:
Very Wierd. :lol:
 

PANKERKA

ANTISOCIAL BITCH
Член од
6 август 2005
Мислења
259
Поени од реакции
6
abe imam edna drugarka koja ja interesiraat vakvite raboti...i na internet nasla nekoja strana...kao demek,doznavas so si bil vo minatiot zivot..ako postoi takvo nesto,ja sakam da bidam reinkarnacija na Sid Vicious hahahhaha :) :) :) :)
 

MSV

Член од
24 март 2005
Мислења
2.423
Поени од реакции
38
PANKERKA напиша:
abe imam edna drugarka koja ja interesiraat vakvite raboti...i na internet nasla nekoja strana...kao demek,doznavas so si bil vo minatiot zivot..ako postoi takvo nesto,ja sakam da bidam reinkarnacija na Sid Vicious hahahhaha :) :) :) :)
Жалам....
Али за тоа треба многу леб да јадеш.......... :P
Иначе ја у претходниот живот мислам дека сум бил изгубен некаде.....Нешто слично како и овој живот, а да се надеваме и следниот......СУПЕР МИ Е!!!!
 
Член од
10 мај 2005
Мислења
529
Поени од реакции
14
Reinkarnacija e preminot na dusata od edno vo drugo telo. The passing of the inner self from body to body. Inaku toa stoi vo osnovata na hinduizmot, kade sto se veruva deka najvaznata rabota na covekot e da go izbegne krugot na reinkarnacija (narecen samsara) i konecno da umre. Seto toa toj moze da go napravi ako pravi dobri dela (negovata darma) i da veruva deka vo narednata reinkarnacija ke se iskaci povisoko na samsarata (preku karma). Jas licno vo reinkarnacija ne veruvam.
 

Mad Maxx

SSG3000
Член од
4 мај 2005
Мислења
1.235
Поени од реакции
64
Пустата човечка желба за бесмртност мене сосем добро ми ја објаснува реинкарнацијата.На тој начин многу полесно се соочуваме со фактот дека
толку беше,дошло време за умирање.Арно ама,пошто на скоро никој не му се умира,се лажеле низ историја со тоа дека не се умира стварно,само телото умира,душата продолжува.
Ја немам ништо против ова,ми одговара и мене.Баш би било добро кога би било вистинито.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.206
Поени од реакции
34.442
Не верувам, или малку верувам.
Ама се надевам дека постои реинкарнација, или пак некако „живот“ после смртта. :?
 
Член од
10 мај 2005
Мислења
529
Поени од реакции
14
Mad Maxx напиша:
Пустата човечка желба за бесмртност мене сосем добро ми ја објаснува реинкарнацијата.На тој начин многу полесно се соочуваме со фактот дека
толку беше,дошло време за умирање.Арно ама,пошто на скоро никој не му се умира,се лажеле низ историја со тоа дека не се умира стварно,само телото умира,душата продолжува.
Ја немам ништо против ова,ми одговара и мене.Баш би било добро кога би било вистинито.
Во хиндуизмот реинкарнацијата е нешто што мора да се помине. Таму, во тоа верување, главна цел е да се избега од кругот на реинкарнација и човекот конечно да умре. Верниците во минатото биле против бесмртноста, и гледале да извршуваат добри дела за со секоја наредна реинкарнација да бидат поблиску до смртта. Единствено највисокиот ред на самсарата (свештениците) можеле да доживеат мокша - состојба на совршено разбирање (слично/речиси исто на нирвана во будизам) и конечно да умрат.
 

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
Не верувам дека постои реинкарнација.
Еден Јапонец ми има кажано дека порано сум била машко и тоа војник! :lol: :lol:
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.206
Поени од реакции
34.442
FortunE напиша:
Не верувам дека постои реинкарнација.
Еден Јапонец ми има кажано дека порано сум била машко и тоа војник! :lol: :lol:
Kaj најде јапонец во Македонија? Кој е тој несреќник што дошол на работ на пропаста, па мора да гата за живот. :?
 

StormAngel

Stormology
Член од
22 јануари 2005
Мислења
5.059
Поени од реакции
244
А баш би сакал да знам што сум бил јас во претходниот живот.
Но, околу темата, не верувам во реинкарнација. :wink:
 

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
Acid напиша:
FortunE напиша:
Не верувам дека постои реинкарнација.
Еден Јапонец ми има кажано дека порано сум била машко и тоа војник! :lol: :lol:
Kaj најде јапонец во Македонија? Кој е тој несреќник што дошол на работ на пропаста, па мора да гата за живот. :?
Случајно го сретнав во Скопје кога бев на гости кај една другарка. Типот живее и работи во Македонија. Дошол тука затоа што во минатиот живот кажуваше дека бил Филип Македонски или Самоил или не знам кој друг владетел кој живеел на овие простори и го влечело тука :lol:
Има уште милион детали околу таа средба со него и објаснуваше како знае кој што бил во минатиот живот :D
 
Член од
22 април 2005
Мислења
2.492
Поени од реакции
1.120
Ни мање ни више - Филип Втори?!?!?

Ај да ме запознаеш со него

Значи Филип од Македонија после 2300 години се вратил во Јапонија?

Чудно..
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
А знае ли некој кој е процесот на реинкарнација од смрта до повторното раѓање? Сте читале нешто?
 

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
gerard напиша:
Ни мање ни више - Филип Втори?!?!?

Ај да ме запознаеш со него

Значи Филип од Македонија после 2300 години се вратил во Јапонија?

Чудно..
Типот го сретнав пред две-три години и од тогаш го имам видено само еднаш. Кажуваше дека неговата душа била најстара, колку што бил стар мермерот. Имал завршено педагогија, но не знам во кој период од животот наеднаш му дошло да обработува мермер, а до тогаш појма немал од тоа. Колку што знам тој е скулптор тука во Македонија и тука живее. Нешто спомнуваше познати уметници и демек многу души биле во него.
Чувствувал дека припаѓа тука затоа што порано бил некој познат македонски владетел, а најубаво се чувствувал во Охрид, бидејќи во него била и душата на Самоил :shock:
Не знам како да го коментирам сево ова, јас се исплашив од него :)
А кога ќе видел некој човек, го гледал ангелот кој стоел на неговото рамо и кој го чувал. Така знаел што била истата личност во минатиот живот.
Ова го кажувам по сеќавање, одамна беше тоа и ми текна баш кога ја видов темава.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom