Во книгата Историја на македонскиот народ (издадена 1988 од авторите А. Стојановски, И. Катарџиев, Д. Зографски) на стр. 88 се спомнува дека еден од најблиските соработници на Ѓорѓи Кастриот бил дебарскиот првенец Мојсо Големи, кого го претставуваат како потомок на феудална фамилија на Аријанитите. Всушност тој има голема војничка заслуга за завземањето на Светиград каде е на чело на 3000 дебарски востаници. Мене ме заинтересира самото име Мојсо Големи, ми звучи македонски (словенски), па не знам дали тоа му било правото име или историчарите така го имаат преведено.