city
Модератор - технократ!
- Член од
- 1 март 2005
- Мислења
- 2.780
- Поени од реакции
- 276
Во последно време како што ги читам постовиве во темиве се повеќе имам чувство дека луѓево се разочарани од се, сите некако се наоѓаме во некоја безнадежна ситуација, полни со нервози, разочарани..
Денес случајно во автобус додека се возев една жена до мене со голема воздишка заклучи:
“Се млади луѓе умираат, весниците се полни со млади луѓе. Што е работава не знам. Дали проблеми или пак “немаштија“, невработеност-не знам што е работата„
Што е работата, жената е во заблуда или стварно е така?
Кога ги читав последните неколку постови од темата Драга Кајгана имав чувство дека се некако луѓево се негативно располежени, дали поради некој пријател, некоја случка во текот на денот....сеедно.
Како што поминува времето имам впечаток дека се повеќе луѓето се разочарани од своите односи од блиските. Почнуваат да ја губат довербата во пријателите и блиските.
Сите некако гледаат со скепса на општата ситуација во државава, сите гледаат вести а истовремено немаат надеж дека ќе биде подобро.
Секој ден нов број за донации и секако нова желба за дочекување на уште едно утрешно убаво сонце.
На економски план: Невработеноста расте, платите се исти, а ценита вртоглаво се зголемуваат.
Вчера гледам на Вести на едно семејство во Прилеп (мислам дека беше) им изгорела куќата до темел-татко и син кои се невработени, синот болен од епилепсија, без ниту еден роднина на светот. Немаат кај да ја поминат ноќта....
Истовремено се наоѓаме во една лоша состојба во која ненормално е голем притисокот за да се откажеме од она што е наше, она што е наш идентитет....уште една болка за поголемите и помалите патриоти.
Имам чувство дека и најголемите оптимисти стануваат песимиста-ако грешам поправете ме.
Или во превод:

Живееме во сиво време кое не ветува многу.
Што е причината за ваквиот глобален негативен тренд?
Што е причината за глобалното сивило?
Што е причината за секојдневното лошо расположение, за скептичноста? Туѓа игра или сопствена негрижа?
Што е причината за секојдневната разочараност на луѓето?
И секако како она сивило од горе да го претвориме во розев(ило) и да почнеме да размислуваме позитивно?
Да се запрашаме можеме нешто да направиме? Имаме ли моќ за тоа?