Филолошки факултет - Скопје

  • Креатор на темата Креатор на темата JeCILaDy
  • Време на започнување Време на започнување

JeCILaDy

Move Away
Член од
18 април 2006
Мислења
2.350
Поени од реакции
22
Дали може некој од членовите да ме упати за условите за студирање на овој факултет, конкретно износот на партиципацијата .. и не знам, се друго што би можело да ми биде од корист?
 
На која катедра сакаш да студираш?
 
Англиски јазик и книжевност - преведувач.
 
Англиски јазик и книжевност - преведувач.

200 евра државна квота, 500 евра приватна......заебано е малку на англиски и книжевност...

ПС:Ја сум на Германски и книжевност и мора да признаам дека е добро....
 
200 евра државна квота, 500 евра приватна......заебано е малку на англиски и книжевност...

ПС:Ја сум на Германски и книжевност и мора да признаам дека е добро....

so imas odbrano pod "b" i "c" ,ako imas voopsto??????????
 
Филолошка катаклизма, Скопје.
 
Па добро, зато ја отворив темата, да видам шо е како е... искуства од некој форумџија ако студира таму...
 
Искуства...ко што рекоа погоре, зезнато е зашто уште во прва сите предмети ти се на англиски и може да ти дое како шок колку многу треба да научиш..особено книжевност..рачунај читаш поеми и драми и теорија на англиски...ама после некое време ќе се навикнеш, наравно ако го знаеш јазикот...
Ама мене ми е супер зашо ептен си го сакам јазикот, погодена ми е групата...знае по некој испит да заостане ама ако ти држи г’зот да седнеш да научиш...немаш гајле:smir:
 
Јас сум на превод и толкување и баш е ок(освен што распоредот знае да биде малку заебан).Ама не баш тешко и има закон професори.Дури во 3-та се одлучуваш кај ќе одиш,дали преведувач или толкувач.Е,сега,за учење и нема којзнае колку,ама како и да е,штом се одлучуваш да се запишеш на факултет,сепак треба да седнеш малку и да поднаучиш.Зависи кој јазик ќе го одбереш за прв,на тој ќе ти бидат и повеќето предмети,мислам дека во 1-ва имаш два предмети на вториот јазик,и нормално,современ македонски и лингвистика.
 
Ај кажете нешто повеќе....како е со приемните ова она.....
Како оде тоа со под б и ц кој јазик ќе го земеш....
ениуан
 
Ај кажете нешто повеќе....како е со приемните ова она.....
Како оде тоа со под б и ц кој јазик ќе го земеш....
ениуан

Јазик под б,ц нема апсолутно никаква врска со приемни, никој не те ни обврзува да го зимаш.
Ама ова збориме ако идеш на катедра некој јазик и книжевност, ако идеш на превод и толкување ондак полагаш приемен за 2 јазика.
Е сеа, јазик под б значи дека го учиш 3 години, првата година 2 предмети, втората 3 предмети(меѓу кои современ,граматика и книжевност на избраниот-кои бај д веј се основни предмети на секој јазик на филолошки). А јазик под ц го учиш ко на курс, 2 години само еден предмет(2 пати неделно).
Ете така.
 
Фала...:back: Иначе...превод и толкување.....
 
Нема Ц на превод и толкување. Имаш прв странски јазик, значи А, и втор, значи Б. Англиски, Француски, и Германски. Тоа е изборот. Ако обожаваш да преведуваш, и да избегаваш бубање со акцент на вежби, онда ке бидеш среќна на оваа катедра. Ја сум слаб ученик (кога станува збор за бубање и дисциплина, ама затоа обожавам да преведувам), дотерав до 4та без задржување, малце повеќе среќа, слаба организација на катедрата, излежување, во јуни стегнување... уште 9 испити, и gegangen.

Како и да е, помалку ке бубаш од други факултети, ама тоа незначи дека нема да имаш глупи предмети кај што треба да троа да научиш нешто, како што се културолошки студии или политички науки, економија, право или такви срања каде што ни самите нензаат што предаваат собрани професори од вамте тамте.

п.с. 5та генерација на превод и толкување, последна по стариот легачки систем, без ЕКТС срања :D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom