За жал,се повеќе и повеќе луѓето забораваат на човечноста и парите и сите се по мртва трка за пари.
Нормално,без пари не би можеле да си обезбедиме нормална егзистенција,но сепак може и во таа борба за опстанок,човекот малку и да ги негува своите емоции и да не ги заборава.
Отсекогаш сум била поборник на идејата дека секој човек треба да има доволно пари за нормален,пристоен живот и во исто време да си приуштува некои свои задоволства.Ниту повеќе,ниту помалку.
Треба малку топлина,љубов помеѓу луѓето.Не само да се гледа кој кого попрво да заебе,па макар било тоа и негов пријател.Homo homini lupus est.
Реалноста е таа,да,потребни се парите,потребно е човек да има пари и да заработува,но не по цена да се претвори во робот.
Можеш да градиш успешна кариера,да заработуваш пристојно и сепак да имаш време за едно кафе со пријателите,да сакаш,да бидеш сакан и да имаш и негуваш емоции,како и тоа духовно да се надоградуваш.
Само каде е таа граница?Голем дел од луѓето дури и кога имаат и од повеќе заработено,пак продолжуваат,парите им стануваат опсесија и забораваат на вистинските вредности.
Колку само примери има на луѓе кои заработиле премногу,кои цел живот предност му давале на материјалното,но на крајот сфаќаат дека животот им е празен,дека се душевно неисполнети и дека немаат никаква сатисфакција во животот,освен тоа да трошат пари.
Лично мене,емоциите ме прават она што сум.Не би можела во никој случај да бидам програмирана само да трчам по пари.Сакам да заработам,сакам да имам убав живот,не велам не,ама не сакам да платам таква цена.Да се изгубам себеси и да го изгубам човечкото во мене.
За мене неопходно е и потребно човек да се надоградува и да биде душевно исполнет и да ја најде смислата на животот.Љубовта.Да сакаш и бидеш сакан.Се друго е само бонус.